Разговорно - категорија

шава повеќе

шаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се шета, се движи, не мирува, скита.
Англиски: stray Албански: endem
Во машко-женските односи: има лесно поведение.
Албански: pa besë

шавне повеќе

шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на прошетка од дома, се прошета, се раздвижи.
Англиски: walk Албански: shëtis
Во машко-женските односи: наруши востановена морална норма.
Албански: pa besë

шајбна повеќе

мн. шајбни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од некои машини, возило, трактор - прстенеста плочка што се става под навртка за подобро затегнување.
Англиски: disc Германски: Scheibe

шајкаџија повеќе

мн. шајкаџии
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во шајка.
Англиски: robber

шајкаџиски повеќе

шајкаџискиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на шајкаџија.

шака повеќе

мн. шаки
Вид збор: Именка, женски род
шега
Англиски: joke Турски: şaka

шалтува повеќе

Види и: шалтер (м.)
шалтуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вклучува или исклучува; префрла од една состојба или положба во друга.
Англиски: shift, switch Германски: schalten

шампањ повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пенливо вино без оглед на потеклото.
Англиски: sparkling wine Француски: champagne

шан повеќе

(едн.) шанот
Вид збор: Именка, машки род
добар глас, углед
Англиски: reputation Турски: şan

шапка повеќе

мн. шапки
Вид збор: Именка, женски род
капа, шешир, црна шапка
Англиски: cap Турски: şapka Албански: shapkë, kapelë

шапшал повеќе

мн. шапшали
Вид збор: Именка, машки род
невешто, неспособно лице
Англиски: jerk Турски: şapşal

шарен повеќе

шарени
Вид збор: Придавка
Со различен состав, смешан, мешан.
Англиски: mixed Албански: laraman, i përzier

шарпа повеќе

Види и: ешарпа (ж.)
мн. шарпи
Вид збор: Именка, женски род
ешарпа
Англиски: scarf

шашардиса повеќе

шашардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
збуни, изненади
Англиски: confuse Турски: şaşırmak Албански: çapërdis, hutoj
(се шашардиса) Се збунува, се изненадува (и од страв).
Англиски: get confused Албански: çapërdisem, hutohem

шашарма повеќе

Види и: шашма (ж.)
мн. шашарми
Вид збор: Именка, женски род
сплетка, збрка, забуна
Англиски: confusion Турски: şaşmak

шашма повеќе

мн. шашми
Вид збор: Именка, женски род
забуна, шега, несериозно нешто
Англиски: confusion, joke Турски: şaşmak

шаштиса повеќе

Види и: шашардиса (св.)
(се) шаштисат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) шашардиса
Англиски: get confused Турски: şaşmak

швалер повеќе

мн. швалери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е во брак, а има љубовни врски.
Англиски: lover
љубовџија, женкар
Англиски: womanizer

швалерисува повеќе

(се) швалерисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води, тера лесна љубов.

швалерисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) швалерисува

швалерка повеќе

мн. швалерки
Вид збор: Именка, женски род
љубовница
Англиски: lover

швргав повеќе

швргавиот
Вид збор: Придавка
Што е нестабилен, несигурен.

швркнат повеќе

швркнатиот
Вид збор: Придавка
удрен, луд
Англиски: crazy
Примери:
Тој изгледа малку швркнат.

шебек повеќе

мн. шебеци
Вид збор: Именка, машки род
кус дебел човек или дете
Турски: şebek

шекнат повеќе

шекнатиот
Вид збор: Придавка
далдисан, излуден
Англиски: mad

шекне повеќе

шекнат
Вид збор: Глагол, свршен
шокира, вџаши
Англиски: madden
(се шекне) полуди
Англиски: madden

шенга повеќе

(се) шенгаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шегува, се подбива, се подигрува
Англиски: joke
Примери:
Се шенга со тебе.

шенгуле повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
шега, подбив
Англиски: joke

шенење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
забава
Англиски: entertainment

шени повеќе

(се) шенат
Вид збор: Глагол, несвршен
се весели, се забавува
Англиски: entertain Турски: şenlenmek

шенлив повеќе

шенлива
Вид збор: Придавка
весел
Англиски: funny

шепнипокров повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Озборување во кругот на семејството, се мисли особено на жена која го наговара својот маж против останатите членови на семејството.
Англиски: schemer

шербетлија повеќе

Вид збор: Придавка
Слатки со шербет.
Англиски: sweet pastry Турски: şerbetli
Силно засладен.
Англиски: sweet

шерет повеќе

мн. шерети
Вид збор: Именка, машки род
итрец, препреден човек, шегобиец
Англиски: joker Турски: şer
досетлив, умен, паметен човек
Турски: şer
итрина, итроштина, шега
Англиски: cunningness Турски: şer

шеретлак повеќе

мн. шеретлаци
Вид збор: Именка, машки род
итрина, препреденост
Англиски: cunningness

шеретски повеќе

шеретскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шерет.
Англиски: joking

шеретува повеќе

шеретуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера шеретлак.
Англиски: joke

шеретување повеќе

Види и: шеретува (несв.)
шеретувањето
Вид збор: Именка, среден род
шеретува

шеста повеќе

шестаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(најчесто со дума) размислува, премислува
Англиски: consider, reflect Албански: mendoj gjatë

шеќер повеќе

(едн.) шеќерот
Вид збор: Именка, машки род
дијабетес
Англиски: diabetes

шеќерче повеќе

мн. шекерчиња
Вид збор: Именка, среден род
бонбона, шеќерлеме
Англиски: candy

шеќерџија повеќе

мн. шеќерџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што прави и продава бонбони и разни други слатки работи.
Англиски: candy maker Турски: şekerci Албански: sheqerxhi

шеќерџилница повеќе

мн. шеќерџилници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан на шеќерџија.
Англиски: candy store

шеќерџиски повеќе

шеќерџиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шеќерџија.

шефица повеќе

мн. шефици
Вид збор: Именка, женски род
жена на шеф
Албански: grua e shefit

шиба повеќе

шибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, трупа, метнува
Англиски: stuff Албански: vendos
(се шиба) се шибне, се удри
Англиски: hit Албански: godit

шибне повеќе

шибнат
Вид збор: Глагол, свршен
става, метнува
Англиски: put Албански: vendos
(се шибне) оди, бутка, мушне
Албански: lëviz

шие повеќе

шијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Да се биде надмоќен во нешто.
Англиски: surpass Албански: tejkaloj

шикара повеќе

мн. шикари
Вид збор: Именка, женски род
Ниско земјиште со треви и суви грмушки.

шилец повеќе

мн. шиллци
Вид збор: Именка, машки род
(само мн.) Народен израз за наслојки од калциум меѓу зглобовите.

шипка повеќе

мн. шипки
Вид збор: Именка, женски род
Плод од тоа растение.
Англиски: rose hip Албански: kaçë

широко повеќе

Вид збор: Прилог
широк
Англиски: wide
Примери:
Ја отвори широко вратата.

шитка повеќе

Види и: шитне (св.)
шиткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
фрла
Англиски: throw away Албански: hedh
продава
Англиски: sell Албански: shes

шиткање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шитка

шитне повеќе

шитнат
Вид збор: Глагол, свршен
фрла, џитне
Англиски: throw away Албански: hedh, flak
продаде
Англиски: sell Албански: shes

шитнува повеќе

Види и: шитне (св.)
шитнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
шитне

шиша повеќе

шишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вози брзо.
Англиски: race
грижи, внимава
Англиски: care

шишка повеќе

шишкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Довикува некого, свирка или испушта звук (шшш!, шт!) за да привлече внимание.

шишка повеќе

мн. шишки
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Предниот дел на косата што го покрива челото.
Англиски: fringe Албански: ballukë

шишкав повеќе

шишкавиот
Вид збор: Придавка
дебел, полничок
Англиски: plump Турски: şiş

шишкавост повеќе

(едн.) шишкавоста
Вид збор: Именка, женски род
дебелина

шкембе повеќе

мн. шкембиња
Вид збор: Именка, среден род
мев, желудник
Англиски: stomach Турски: işkembe Албански: plënc, kukurec
Дел од желудникот на животните што може да се јаде.
Англиски: tripe Албански: kukurec
За човек - лабав и дебел, со голем мев.
Англиски: belly Албански: trashavel, barkmadh

шкембелија повеќе

Вид збор: Придавка
Шкембав, со голем мев.
Англиски: bulbous Турски: işkembeli

школник повеќе

мн. школници
Вид збор: Именка, машки род
ученик
Англиски: student, scholar

школо повеќе

Види и: школа (ж.)
мн. школи
Вид збор: Именка, среден род
школа
Англиски: school Албански: shkollë

шкопа повеќе

шкопаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстранува полови жлезди кај човек или животно.
Англиски: castrate

шкраба повеќе

шкрабаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пишува, црта без ред и без некоја определена цел и замисла.
Англиски: scribble

шкрабаница повеќе

мн. шкрабаници
Вид збор: Именка, женски род
Нешто безвредно напишано или нацртано.
Англиски: doodle

шкрт повеќе

шкртиот
Вид збор: Придавка
Што е премногу штедлив во трошење средства.
Англиски: frugal
Што е скуден, воздржан во исказот.
Англиски: scant, scarce

шкрто повеќе

Вид збор: Прилог
сиромашно, стегнато, стиснато, воздржано
Англиски: scanty, scarcely

шлаке повеќе

мн. шлакевци
Вид збор: Именка, машки род
Кој е шлакнат.
Англиски: nutty

шлакнат повеќе

шлакнати
Вид збор: Придавка
удрен, улав, налудничав
Англиски: crazy

шлепува повеќе

шлепуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се шлепува) Непоканет оди на забава; се влечка со некого.
Англиски: scrounge Германски: schleppen Албански: pa ftesë
(се шлепува) се гребе
Англиски: sponge Албански: lypës

шљам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
гнасотија, отпад
Англиски: dirt Германски: Schlamm

шмек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вкус, арома
Англиски: taste Германски: Geschmack

шмизла повеќе

мн. шмизли
Вид збор: Именка, женски род
Дрдорка, озборувачка, помодарка, разгалена девојка со специфичен животен стил којашто кокетира и што ги следи актуелните модни збиднувања.
Англиски: blabber

шминкерница повеќе

мн. шминкерници
Вид збор: Именка, женски род
Салон за шминкање.
Англиски: make-up shop

шмука повеќе

шмукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
всисува, јаде
Англиски: suck Албански: thith

шнајдер повеќе

мн. шнајдери
Вид збор: Именка, машки род
шијач, шивач, кројач
Англиски: tailor Германски: Schneider

шнајдерка повеќе

Види и: шнајдер (м.)
мн. шнајдерки
Вид збор: Именка, женски род
шивачка
Англиски: seamstress, tailor Германски: Schneiderin Албански: rrobaqepëse

шнајдерски повеќе

шнајдерска
Вид збор: Придавка
шивачки, кројачки

шнајдерство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Занимавање со шиење.
Англиски: tailoring

шопинг повеќе

мн. шопинзи
Вид збор: Именка, машки род
купувачка, пазарење
Англиски: shopping

шопне повеќе

Види и: шопа (несв.)
шопнат
Вид збор: Глагол, свршен
чишнува, мочка
Англиски: pee Албански: shurrë, urinë

шота повеќе

Види и: шпота (несв.)
(се) шотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
шпота
Англиски: deride

шотало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шпотало

шотање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шпотање
Англиски: ridicule

шоугерла повеќе

мн. шоугерли
Вид збор: Именка, женски род
танчерка во ноќен клуб
Англиски: showgirl

шоферство повеќе

(едн.) шоферството
Вид збор: Именка, среден род
занимање на шофер
Англиски: driving

шпара повеќе

шпараат
Вид збор: Глагол, несвршен
штеди
Англиски: save Германски: sparen

шпенагла повеќе

Види и: шпенадла (ж.)
мн. шпенагли
Вид збор: Именка, женски род
шпенадла

шпил повеќе

шпилот
Вид збор: Именка, машки род
Пакетче од карти за играње.
Англиски: pack Германски: Spiel

шпирто повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шпиритус
Англиски: spirit Турски: ispirto

шпота повеќе

(се) шпотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се подбива, се потсмева
Англиски: ridicule, mock Германски: spotten

шпотало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
подбивач, мајтапчија
Англиски: jester

шпотање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
подбивање, исмејување, мајтапење
Англиски: ridicule

штави повеќе

штават
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
избие, истепа, изудира
Англиски: beat up Албански: rrah, godas

штавува повеќе

Види и: штави (св. и несв.)
штавуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
тепа, удира, млати
Англиски: beat Албански: rrah, godas

штавување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
тепање, удирање, млатење
Англиски: beating Албански: rrahje, goditje

штангла повеќе

мн. штангли
Вид збор: Именка, женски род
Пакет од повеќе кутии на цигари.
Англиски: stack Германски: Stange Албански: shtangë, pako

штанца повеќе

штанцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува брзо, сериски.
Англиски: stamp Германски: stanzen

штелува повеќе

штелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Доведува машина или технички агрегат во оптимална состојба на функционирање.
Англиски: adjust Германски: einstellen
(се штелува) Самото се регулира.
Англиски: adjust Германски: einstellen

штети повеќе

штетат
Вид збор: Глагол, свршен
(со директен предмет) Причини, нанесе штета.
Англиски: harm
Примери:
Го штетивме човекот.

штима повеќе

штимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
одговара; пасува; соодветен е
Англиски: fit Германски: stimmen

штица повеќе

мн. штици
Вид збор: Именка, женски род
Рамно парче дрво за како алатка или материјал за понатамошна употреба.
Англиски: board, plank

штичка повеќе

Види и: штица (ж.)
мн. штички
Вид збор: Именка, женски род
линијар
Англиски: ruler Албански: vizore

штокне повеќе

(се) штокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се стутка, се згрчи, се здрви.
Англиски: cramp

штос повеќе

мн. штосови
Вид збор: Именка, машки род
финта, трик
Англиски: trick Германски: Stoss

штосен повеќе

штосниот
Вид збор: Придавка
Впечатлив, предизвикува внимание.
Англиски: impressive

штоф повеќе

мн. штофови
Вид збор: Именка, машки род
Материјал за разговор, дискусија или конкретни предмети.
Англиски: material Германски: Stoff

штрака повеќе

штракаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плеска, аплаудира
Англиски: clatter Албански: rrapëllij

штракне повеќе

штракнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се штракне) Се помести со умот, побудале, прави ненормални работи.

штрбла повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Штрбава жена.
Англиски: toothless woman

штрбло повеќе

мн. штрбловци
Вид збор: Именка, машки род
штрбав човек
Англиски: toothless man

штрек повеќе

Вид збор: Именка, машки род
будност, внимателност, тревога
Англиски: alert

штрих повеќе

мн. штрихови
Вид збор: Именка, машки род
црта, линија, пруга
Англиски: line Германски: Strich

штркел повеќе

мн. штркли
Вид збор: Именка, машки род
Вид мува што напаѓа по говедата.
Латински: Hypoderma bovis Англиски: gad fly

штркле повеќе

мн. штрклевци
Вид збор: Именка, машки род
За човек танок и висок, со долги нозе како штрк.

штукне повеќе

штукнат
Вид збор: Глагол, свршен
побудали

штурелија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пуста пустелија
Англиски: desert Албански: shkretërirë
Примери:
штура штурелија

шубе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
сомневање, подозрение
Англиски: suspicion Турски: şüphe
Примери:
Има шубе, со шубе е.

шубелија повеќе

Вид збор: Придавка
сомничав
Англиски: suspicious Турски: şüpheli

шук-шук повеќе

Вид збор: Прилог
Лесно, сосем лесно, малку, сосем малку.
Англиски: easily
Примери:
Со шук-шук сака да си помине.

шумкар повеќе

мн. шумкари
Вид збор: Именка, машки род
Назив за партизан што го употребувале претставниците на бугарската власт за време на окупацијата во Втората светска војна.

шуруп повеќе

мн. шурупи
Вид збор: Именка, машки род
сируп
Англиски: syrup Турски: şurup

шутрак повеќе

мн. шутраци
Вид збор: Именка, машки род
несмасен човек
Англиски: fool, jerk Албански: njeri i pagdhendur

шуќур повеќе

Вид збор: Модален збор
Како израз на благодарност, за изразување на благодарност.
Англиски: thank Турски: şükür

шушумига повеќе

мн. шушумиги
Вид збор: Именка, машки род
приглуп, затворен, срамежлив човек
Англиски: jerk, airhead
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш