шарен
шарени
Вид збор: Придавка
Ранг: 1506
1.
Што има шарки на себе или различни бои.
Примери:
Шарена џамија.
Шарено јајце.
Шарен килим.
Шарена одаја.
2.
Со различен состав, смешан, мешан.
Примери:
Шарена група (мешана група).
Шарено оро (мешано оро, составено од жени и мажи, од млади и стари).
Слично со:
мешан (прид.)
3.
За жена или маж - што е со лесно поведение, со лесен морал.
Примери:
Шарена жена.
Слично со:
несериозен (прид.)
4.
разнобоен
Примери:
Шарен грав - грав со разнобојни зрна (Phaseolus cocoineus).
Слично со:
разнобоен (прид.)