pack - онтологија

глутница повеќе

мн. глутници
Вид збор: Именка, женски род
Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно.
Албански: tufë, zogori
Употреба: Зоологија

заптиса повеќе

заптисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ме (те,. го...) стегне нешто во градите, во грлото и сл.
Албански: shtrëngon
Употреба: Преносно значење , Разговорно

пакло повеќе

мн. пакла
Вид збор: Именка, среден род
помал пакет
Примери:
пакло тутун, пакло цигари

пакува повеќе

пакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Спрема, прави пакети.
Албански: paketon
Собира, подредува потребни работи што се носат при патување.
Албански: mbledh
(се пакува) Се подготвува за одење, патување.
Албански: paketon

попакува повеќе

Види и: пакува (несв.)
попакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пакува малку, кратко време.

спакува повеќе

Види и: пакува (несв.)
спакуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, врзе во пакет.
Албански: paketoj
Собере, подреди потребни работи што се носат за патување.
За карти - подреди една врз друга.
Албански: paketoj
Употреба: Разговорно
(се спакува) Се подготви за одење, за патување.
Албански: paketoj

чопор повеќе

мн. чопори
Вид збор: Именка, машки род
глутница
Српски: чопор
Употреба: Дијалектен збор , Разговорно

шпил повеќе

шпилот
Вид збор: Именка, машки род
Пакетче од карти за играње.
Германски: Spiel
Употреба: Разговорно