Разговорно - категорија

чај-шеќер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Шеќер во коцки.
Англиски: sugar Турски: çay şekeri

чакија повеќе

мн. чакии
Вид збор: Именка, женски род
онанија
Англиски: masturbation

чактиса повеќе

(се) чактисаат
Вид збор: Глагол, свршен
спобудале, полуде, збрлави, се мрдна (со умот)
Англиски: get crazy Турски: çakmak

чалам повеќе

мн. чалами
Вид збор: Именка, машки род
Фалење, расфрлање со фалби, фалење самиот себе си.
Англиски: show-off Турски: çalım

чаламџија повеќе

мн. чаламџии
Вид збор: Именка, машки род
фалбаџија
Англиски: show-off Турски: çalımcı

чалдиса повеќе

чалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
пожолтува, опрлува (при пеглање)
Англиски: parch Албански: fërgoj
Примери:
Ми ги чалдиса панталоните.
(се чалдиса) пожолти (при пеглање)
Англиски: parch Албански: zverdh
(се чалдиса) збрлави, се мрдна (со умот), спобудали
Англиски: get crazy Албански: çmendet

чам-саказ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Смола од иглолисници за џвакање.
Англиски: pine resin Турски: çam sakızı Албански: çam-çakëz

чанчи повеќе

Види и: исчанчи (св.)
(се) чанчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се криви, прави нешто извештачено при движење.
Англиски: grimace, pretend

чапарда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
голема рака, рака како лопата.

чапкан повеќе

мн. чапкани
Вид збор: Именка, машки род
Kоњ што оди многу брзо, а со ситни чекори.
Англиски: horse Турски: çapkın Албански: lloj kali, çapkën
уличар, коцкар, развратник, никаквец
Англиски: whoremonger Албански: çapkën, rrugaç

чапканлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
развратеност, коцкарлак
Англиски: sloth Турски: çapkınlık
Примери:
Тој е познат по пијанство и по чапканлак.

чапканува повеќе

чапкануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води развратнички живот.
Примери:
Се чапканува веќе со години.

чапкун повеќе

Вид збор: Именка, машки род
чапкан

чаре повеќе

(едн.) чарето
Вид збор: Именка, среден род
помош, излез, спас, лек, средство
Англиски: help Турски: çare
Примери:
Ами чаре, бре домаќине?

чатали повеќе

(се) чаталат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави претерано важен.
Англиски: show off

чатија повеќе

мн. чатии
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена конструкција на кровот.
Англиски: roof Турски: çatı

чатиса повеќе

чатисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Во кројачкиот занает - сошива, спојува.
Англиски: sew

чатмалија повеќе

Вид збор: Придавка
споени
Примери:
Веѓи чатмалии.

чат-пат повеќе

Вид збор: Прилог
понекогаш, одвреме-навреме
Англиски: occasionally Турски: çat pat
сосем малку, по нешто
Англиски: little

чвркне повеќе

чвркнат
Вид збор: Глагол, свршен
ожежува

челадија повеќе

Види и: челад (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
челад

чепење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
се чепи

чепи повеќе

(се) чепат
Вид збор: Глагол, несвршен
шири, развлекува
Англиски: broaden, widen

чепкало повеќе

мн. чепкала
Вид збор: Именка, среден род
За човек - оној што чепка, што фаќа, што буцка насекаде.
Албански: prekës, ngacmues

червиш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сок од месо во јадење.
Англиски: sauce Турски: çerviş Албански: çervish

черек повеќе

мн. череци
Вид збор: Именка, машки род
Четвртина од нешто.
Англиски: quarter Турски: çeyrek
Примери:
Заклал еден брав и го исекол на череци.

чечкало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
чепкало

чешоглавец повеќе

мн. чешоглавци
Вид збор: Именка, машки род
Мрзлив човек кој се искрастил од мрза па затоа се чеша по главата.
Англиски: idler

чивит повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Темномодра боја на ткаенина.
Англиски: indigo blue Албански: ngjyrë blu-vjollcë

чини повеќе

чинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Во литературниот јазик поретко, во одделни обрати и состави: прави, врши.
Англиски: does Албански: bën
вреди, добар е
Англиски: worth Албански: i vlefshëm
Замислувајќи се себе си, сметајќи се себе си.
Англиски: imagine Албански: imagjinoj, supozoj
станува
Англиски: become Албански: bëhem
Со перфективно значење: станува, постанува, се претвора
Англиски: turn Албански: shëndrohet, bëhet

читак повеќе

мн. читаци
Вид збор: Именка, машки род
Турчин

чифте повеќе

мн. чифтиња
Вид збор: Именка, среден род
Фрла чифте, фрла чифтиња (за коњ, магаре - клоца со задните нозе).
Англиски: kick out Албански: hedh

чифут повеќе

мн. чифути
Вид збор: Именка, машки род
Погрдно за Евреин.
Англиски: Jew Албански: çifut

чиш повеќе

Вид збор: Извик
Кога мало дете се нуди да мокри.
Англиски: pee Турски: çiş

чкембар повеќе

Види и: шкембар (м.)
мн. чкембари
Вид збор: Именка, машки род
шкембар

чкембарница повеќе

Види и: шкембарница (ж.)
мн. чкембарници
Вид збор: Именка, женски род
шкембарница
Албански: shitore për kukurec

чкембарски повеќе

Види и: шкембарски (прид.)
чкембарските
Вид збор: Придавка
шкембарски

чкембелија повеќе

Види и: шкембелија (прид.)
мн. чкембелии
Вид збор: Придавка
шкембелија
Англиски: bulbous

чкембест повеќе

Вид збор: Придавка
шкембест
Англиски: bulbous

чкембеџија повеќе

Види и: шкембеџија (м.)
мн. чкембеџии
Вид збор: Именка, машки род
шкембеџија

чкембеџилница повеќе

Види и: шкембеџилница (ж.)
мн. чкембеџилници
Вид збор: Именка, женски род
шкембеџилница
Албански: gjelltore për kukurec

чкето повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид чорбесто јадење со запржено јагнешко месо со лук и многу магдонос.
Албански: sket

чкива повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
гледа
Англиски: watch
Примери:
Го чкиваш?

човештилак повеќе

Види и: човештина (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
човештина
Англиски: humaneness

чокој повеќе

мн. чокои
Вид збор: Именка, машки род
Велепоседник во некогашната Романија.

чолак повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е со една рака, кому му е одсечена едната рака.
Англиски: one handed Турски: çolak

чопор повеќе

мн. чопори
Вид збор: Именка, машки род
глутница
Англиски: mob, pack Српски: чопор

чорап повеќе

мн. чорапи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од облеката што се навлекува на нозете.
Англиски: stocking Турски: çorap

чорла повеќе

Види и: чорло (м.)
Вид збор: Именка, женски род
За жена - чорло.

чорло повеќе

мн. чорловци
Вид збор: Именка, машки род
Неисчешлан, разбуштравен човек.

чпирто повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шпиритус
Англиски: spirit

чпота повеќе

(се) чпотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) шпота
Англиски: mock

чуе повеќе

чујат
Вид збор: Глагол, свршен
(како изв.) чуја! За одѕив на викање.
Англиски: hear Албански: dëgjo

чуен повеќе

чујни
Вид збор: Придавка
познат, прочуен
Англиски: famous
Примери:
Ни виден ни чуен.

чука повеќе

чукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скопува животно.
Англиски: sterilize
Пишува на машина за пишување.
Англиски: type

чумоса повеќе

чумосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се чумоса) Се разболи од чума.
Албански: sëmuhem prej murtajës

чунки повеќе

Вид збор: Честичка
зарем, како да
Англиски: as if Турски: çünkü

чунки повеќе

Вид збор: Сврзник
За образување зависносложени причински реченици.
Англиски: because

чурудиса повеќе

чучурдисат
Вид збор: Глагол, свршен
Станува чурук, се расипува, трули.
Англиски: rot Турски: çürümek

чурук повеќе

мн. чуруци
Вид збор: Придавка
(неменл. по род) лош, расипан, со маани
Англиски: rotten Турски: çürük

чуруклак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
кршливост, манливост (со недостатоци)
Турски: çürüklük
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш