Разговорно - категорија

заака повеќе

заакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одејќи, го изгуби, го згреши патот.
Англиски: stray Албански: humb rrugën
Почне да ака.
Англиски: rambling Албански: hallakas, bredh

заарни повеќе

(се) заарнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зближи со некого, се спријатели.
Англиски: befriend Албански: shoqërues
Ми (ти, му...) заарни.
Англиски: feel good Албански: ndjehet mirë
(се заарни) Стане некому нешто зрно, пријатно.
Англиски: enjoy Албански: shijoj

заарчи повеќе

Види и: арчи (несв.)
заарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да арчи.
Англиски: spend Албански: harxhoj

забадијава повеќе

Вид збор: Прилог
забадијала
Англиски: in vain

забадијала повеќе

Вид збор: Прилог
Бесплатно, без надомест.
Англиски: for free
залудно, бескорисно
Англиски: in vain

забакари повеќе

забакарат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бакари.
Англиски: honour

забамка повеќе

Види и: бамка (несв.)
забамкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бамка.
Англиски: knock

забатали повеќе

забаталат
Вид збор: Глагол, свршен
Запусти, занемари некого или нешто.
Англиски: neglect Албански: lë anash, shpërfill

забатачи повеќе

забатачат
Вид збор: Глагол, свршен
Заглиби, загази во кал.
Турски: batak Албански: shkel
Направи, нанесе кал.
Албански: zhyt
(се забатачи) се заглиби
Англиски: get stuck Албански: bie në baltë

забеган повеќе

Види и: забега (св.)
забегани
Вид збор: Придавка
Што претерал во нешто.
Англиски: exaggerated

забибери повеќе

забиберат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави пипер.
Англиски: pepper
удри, натепа
Англиски: hit

заблеан повеќе

заблеани
Вид збор: Придавка
Што е загледан, зјапнат во некого или во нешто.
Англиски: gazing

забло повеќе

мн. забловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има големи заби.

заборчи повеќе

Види и: задолжи (св.)
(се) заборчат
Вид збор: Глагол, свршен
задолжи
Англиски: get into debt Албански: huazoj

забрка повеќе

забркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша, измеша нешто.
Англиски: mix Албански: përziej
Замеша, заплетка некого или нешто.
Англиски: involve Албански: ndërhyj
збуни
Англиски: confuse Албански: hutoj
(се забрка) Се замеша, се заплетка во нешто.
Албански: ngatërroj
(се забрка) се збуни
Англиски: confuse Албански: hutoj

забркан повеќе

забрканиот
Вид збор: Придавка
Што е заплеткан, нејасен.
Англиски: intricate
Што е збунет, збркан.
Англиски: confused

завал повеќе

Вид збор: Извик
За искажување жалост, сочувство.
Англиски: pity Турски: zavallı

завалија повеќе

завалии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што е за жалење, за грев.
Англиски: pitiable Турски: zavallı

завјаса повеќе

Види и: вјаса (несв.)
(се) завјасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да вјаса.
Англиски: hurry Албански: ngut, shpejton
Натера да вјаса, да побрза.
Англиски: hurry Албански: ngut, shpejton

завјасан повеќе

завјасаниот
Вид збор: Придавка
Што вјаса.
Англиски: hurried

заворна повеќе

мн. заворни
Вид збор: Именка, женски род
Лост или клинец со кој се осигурува врата да не се отвора.
Англиски: bar

загајледиса повеќе

Види и: загрижи (св.)
(се) загајледисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) загрижи
Англиски: worry

загајли повеќе

Види и: загрижи (св.)
(се) загајлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) загрижи
Англиски: worry

загиба повеќе

Види и: гиба (несв.)
загибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гиба, да пипа некого или нешто.
Англиски: touch Албански: prek
Почне да задева (со зборови) некого.
Англиски: tease Албански: ngacmoj
(се загиба) Почне да се гиба, да се задева со некого.
Англиски: tease Албански: ngacmoj

заграба повеќе

заграбаат
Вид збор: Глагол, свршен
забрза, заита
Англиски: hurry Албански: shpejtoj, nxitoj

загубар повеќе

мн. загубари
Вид збор: Именка, машки род
Компанија што е во загуба.
Англиски: loser Албански: humbës

задорица повеќе

Види и: задорко (м.)
мн. задорици
Вид збор: Именка, машки род
задорко

задрипетле повеќе

мн. задрипетлиња
Вид збор: Именка, машки род
Тој што задева, гиба некого.

задрнка повеќе

задрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дрнка на некој жичен инструмент.
Англиски: strum Албански: mshoj, bie
Почне да брбори, да дрдори.
Англиски: blab Албански: llafos, llomotis

задрт повеќе

Види и: дрт (прид.)
задрти
Вид збор: Придавка
Што почнал да станува дрт.
Англиски: sappy

заесапи повеќе

заесапат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да есапи, да смета.
Англиски: calculate

зајре повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
храна, животни продукти
Англиски: foodstuff Турски: zahire Албански: gjëra ushqimore
Сѐ што е потребно за приготвување на едно јадење.
Англиски: ingredient Турски: zahire Албански: përbërës

зајрест повеќе

зајрестиот
Вид збор: Придавка
За жена - што е полна, крупна.

закатани повеќе

закатанат
Вид збор: Глагол, свршен
Заклучи со катанец.
Англиски: lock Албански: mbyllem
Изгуби, заметне, зафрли нешто.
Англиски: mislay Албански: humbas, vë jo në vend
(се закатани) Се изгуби, исчезне некаде.
Англиски: disappear Албански: humbem, zhdukem

закатанчен повеќе

закатанчениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на замрсена, компликувана состојба и сл.
Англиски: intricate

заквичи повеќе

Види и: квичи (несв.)
заквичат
Вид збор: Глагол, свршен
За дете - почне да вреска, да пишти.
Англиски: scream Албански: piskas, bërtas

закопа повеќе

закопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погребе мртовец.
Англиски: bury Албански: varros

закопувачка повеќе

мн. закопувачки
Вид збор: Именка, женски род
закоп
Англиски: burial

закрка повеќе

закркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да крка (да јаде и да пие лакомо и обилно).
Англиски: stuff Албански: ha me ngutje

залангур повеќе

мн. залангури
Вид збор: Именка, машки род
скитник, уличар
Англиски: tramp Албански: rrugaç
неработник, безделник
Англиски: idler Албански: përtac
Лице што е неискусно, невешто, несмасно.
Англиски: clumsy person Албански: pa përvojë

залеби повеќе

залебат
Вид збор: Глагол, свршен
Обезбеди работа, служба некому, вработи некого.
Англиски: employ Албански: siguroj

замавнат повеќе

замавнатиот
Вид збор: Придавка
Што е со замав, што содржи замав.

замет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
труд, тегоба, напор
Англиски: effort Турски: zahmet

заметлија повеќе

мн. заметлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) досаден, здодевен
(немен. по род) мачен, тегобен

замине повеќе

заминат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - помине определен временски период.
Англиски: pass Албански: kaloj

замка повеќе

мн. замки
Вид збор: Именка, женски род
јамка
Англиски: snare Албански: kurth

заможен повеќе

заможни
Вид збор: Придавка
Што има доволно за живот, што е материјално обезбеден, осигурен.
Англиски: wealthy

замоли повеќе

Види и: моли (несв.)
замолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се замоли) се моли
Англиски: beg Албански: lutem, lyp

заморувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
замор
Англиски: tiredness

замуабети повеќе

Види и: муабети (несв.)
замуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да прави муабет.
Англиски: talk Албански: bisedoj
Задржи некого со муабет, одврати нечие внимание од нешто друго.
Англиски: distract Албански: hutoj
(се замуабети) Се занесе во муабет.
Англиски: talk Албански: bisedoj

занимација повеќе

мн. занимации
Вид збор: Именка, женски род
забава, разонода
Англиски: entertainment

западњак повеќе

мн. западњаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што по потекло, по идеи и по култура му припаѓа на Запад.

запатка повеќе

запаткаат
Вид збор: Глагол, свршен
За дете - почне да патка, да оди, прооди.

запашка повеќе

запашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пашка.
Англиски: pursue Албански: ndjek
Почне да мачи, да малтретира некого.
Англиски: torture Албански: torturon
(се запашка) Почне да се гони, да се брка со некого.
Англиски: chase Албански: ndjek

запердаши повеќе

запердашат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да пердаши, да тепа некого.
Англиски: beat

запизми повеќе

(се) запизмат
Вид збор: Глагол, свршен
замрази
Англиски: hate

заплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
заплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да тепа некого со шлаканици.
Англиски: beat Албански: shpulloj, shpullas

заплесне повеќе

(се) заплеснат
Вид збор: Глагол, свршен
се зазјапа
Англиски: stare Албански: hap sytë

запрета повеќе

запретаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погребе, изврши закоп.
Англиски: bury Албански: gropos

запт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Строго утврден ред, дисциплина.
Англиски: order Албански: rend
Стегање во градите, во грлото и сл.
Англиски: packing Турски: zapt Албански: fiksim
заплена
Англиски: captivity Албански: robëri

заптиса повеќе

заптисаат
Вид збор: Глагол, свршен
заплени
Англиски: captivate Албански: zaptoj, konfiskoj
Ме (те,. го...) стегне нешто во градите, во грлото и сл.
Англиски: pack Албански: shtrëngon

запустикуќа повеќе

мн. запустикуќи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што премногу троши, што ја пусти куќата.
Англиски: squanderer

зар повеќе

мн. зарови
Вид збор: Именка, машки род
Среќа во игра.
Англиски: dice Турски: zar Албански: zar

зарани повеќе

Види и: захрани (св.)
заранат
Вид збор: Глагол, свршен
захрани
Англиски: feed

зарек повеќе

мн. зареци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Болест од урок.
Албански: mësysh

зарзават повеќе

мн. зарзавати
Вид збор: Именка, машки род
зеленчук
Англиски: vegetable Турски: zerzevat

зарзаватчија повеќе

мн. зарзаватчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што произведува и/или продава зарзават.
Англиски: greengrocer Турски: zerzevatçı

зарзаватчилница повеќе

мн. зарзаватчилници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за зарзават.
Англиски: greengrocery

зарлија повеќе

мн. зарлии
Вид збор: Именка, машки род
Што има среќа во (хазардна) игра.
Англиски: lucky Турски: zar

заспанко повеќе

мн. заспанковци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу спие, што тешко се расонува.
Англиски: sleeper Албански: gjumash
Тој што не е енергичен, што не е буден, што не е претпазлив.
Албански: gjumash

застега повеќе

Види и: стега (несв.)
застегаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се застега) Почне да се подготвува за на пат, на работа и сл.
Англиски: prepare Албански: përgatitet

затворало повеќе

Види и: затвор (м.)
мн. затворала
Вид збор: Именка, среден род
затвор
Англиски: lock

затвори повеќе

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Спречи да работи, исклучи (апарат).
Англиски: turn off Албански: çkyç

затреска повеќе

затрескаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затреска) се заљуби
Англиски: enamour Албански: dashurohet

заќори повеќе

(се) заќорат
Вид збор: Глагол, свршен
се заслепи, се заблуди
Англиски: blind Турски: kör

зафркне повеќе

зафркнат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, изигра
Англиски: cheat

зацапа повеќе

зацапаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зацапа) Силно, длабоко се вљуби.
Англиски: fall in love Албански: bie në dashuri

зацепи повеќе

Види и: цепи (несв.)
зацепат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргне, фати насока.
Англиски: run Албански: niset në një drejtim

зачкива повеќе

зачкиваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гледа со полузатворени очи, подзамиже.
Англиски: squint Албански: vëngëri
Впери поглед во некого, во нешто.
Англиски: gaze Албански: ia ngul sytë
Почне слабо да гори.
Англиски: squint Албански: vëngëri

зачука повеќе

Види и: чука (несв.)
зачукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се зачука) Се удри во нешто (поради невнимание).
Англиски: hit Албански: godit

зачури повеќе

Види и: чури (несв.)
зачурат
Вид збор: Глагол, свршен
запуши
Англиски: smoke Албански: tymos

зашиба повеќе

Види и: шиба (несв.)
зашибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ефектно даде гол.
Англиски: strike Албански: shënoj
Почне да става, да трупа.
Англиски: pile Албански: mbledh

зашлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
зашлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дрдори.
Англиски: chatter Албански: dërdëllit

збирштина повеќе

мн. збирштини
Вид збор: Именка, женски род
Куп нешта без вредност.
Англиски: pile of junk

збоктиса повеќе

Види и: боктиса (св.)
збоктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
боктиса
Англиски: bore Турски: bıkmak

зборува повеќе

зборуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
озборува
Англиски: defame Албански: shpif

зборувачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
зборување
Англиски: talking

збрише повеќе

Види и: брише (несв.)
збришат
Вид збор: Глагол, свршен
Избега, наеднаш го снема.
Англиски: run away Албански: humbem, ik

збрложи повеќе

збрложат
Вид збор: Глагол, свршен
Збуни некого.
Англиски: confuse Албански: habis
(се збрложи) Се збуни.
Англиски: confuse Албански: habitem

згнете повеќе

згнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде, изголта лакомо, ненаситно.
Англиски: stuff Албански: gëlltis

здаде повеќе

(се) здадат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нафрли некому со зборови, со викање, со лаење.
Англиски: attack Албански: vërsulem

здиплен повеќе

Види и: здипли (св.)
здиплениот
Вид збор: Придавка
Што е земен без дозвола.
Англиски: stolen

здипли повеќе

Види и: дипли (несв.)
здиплат
Вид збор: Глагол, свршен
украде
Англиски: steal Албански: vjedh

здроби повеќе

Види и: дроби (несв.)
здробат
Вид збор: Глагол, свршен
повреди
Англиски: smash Албански: dërrmoj, lëndoj
(се здроби) Претера во некаква работа, дејство.
Англиски: overdo Албански: dërrmoj, shkepem, teproj

здувне повеќе

здувнат
Вид збор: Глагол, свршен
Побегне, веднаш исчезне.
Англиски: vanish

зевзек повеќе

мн. зевзеци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се шегува, ѓаволест човек.
Англиски: joker Турски: zevzek Албански: zevzek, shakaxhi

зезне повеќе

зезнат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, изневери
Англиски: cheat

зејтин повеќе

(едн.) зејтинот
Вид збор: Именка, машки род
Течно масло за јадење од сончоглед, маслинки и др.
Англиски: oil Турски: zeytin Албански: vaj, zejtin

зејтинлија повеќе

мн. зејтинлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што е со боја на маслинов зејтин.

зелјар повеќе

мн. зелјари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да јаде зелје, спанаќ и сл.

земачка повеќе

мн. земачки
Вид збор: Именка, женски род
Нешто за земање.

земе повеќе

земат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи во брачен однос.
Англиски: marry Албански: merr, martoj

зијан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
штета
Англиски: damage Турски: ziyan Албански: zijan, humbje
загуба
Англиски: loss Турски: ziyan Албански: zijan, humbje

зијани повеќе

зијанат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета некому.
Англиски: harm Албански: bën zijan, bën dam
Претрпи загуба во некоја игра или во нешто друго.
Англиски: lose Албански: humb

зијанлија повеќе

зијанлии
Вид збор: Придавка
Што губи или што трпи штета, што е во минус.

зифт повеќе

(едн.) зифтот
Вид збор: Именка, машки род
црна смола
Англиски: tar Турски: zift

злопамтило повеќе

мн. злопамтила
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не простува и не заборава зло и наоѓа начин да врати со иста мера.
Англиски: unforgiving

зорт повеќе

(едн.) зортот
Вид збор: Именка, машки род
мака, напор
Англиски: difficulty Турски: zor Албански: kam zor, vështërsi
страв
Англиски: fear Албански: frikë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш