Разговорно - категорија

бабачко повеќе

мн. бабачковци
Вид збор: Именка, машки род
Човечиште, крупен и силен човек.
Англиски: giant Турски: babaçko

баботало повеќе

мн. баботала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што баботи, што зборува постојано и гласно.
Англиски: blabber

бавта повеќе

бавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, вешто лаже некого, матка.
Англиски: outtrick Албански: gënjej, mashtroj

бавчалак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
бавчанџилак
Англиски: horticulture Турски: bahçelik

бавчанџија повеќе

мн. бавчанџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со одгледување градинарски производи.
Англиски: gardener Турски: bahçeci

бавчанџиство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
градинарство
Англиски: gardening Турски: bahçecilik

багатела повеќе

Вид збор: Прилог
Нешто незначително, со мала цена.
Англиски: bagatelle

багателен повеќе

багателниот
Вид збор: Придавка
Што е незначително, евтино.
Англиски: cheap

бадемлија повеќе

бадемлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) бадемест, бадемов

бадијалџија повеќе

мн. бадијалџии
Вид збор: Именка, машки род
Безработник, готован, мрзливец, тој што денгуби.
Англиски: idler Турски: bedavacı

баеги повеќе

Вид збор: Прилог
Не е многу, ама пак е значително повеќе од нормалното.
Англиски: considerable Турски: bayağı
Многу, ама не сака така да се нарече, дури се мисли и дека е повеќе од многу.
Англиски: plenty

баждар повеќе

мн. баждари
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што собира такса по тезгите.
Албански: matës, peshues

баждари повеќе

баждарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наплатува парична такса.
Англиски: tax Албански: paguan

баждарџија повеќе

Види и: баждар (м.)
мн. баждарџии
Вид збор: Именка, машки род
баждар

бај повеќе

Вид збор: Извик
поздрав
Англиски: bye
За довикување овци.

бајати повеќе

бајатат
Вид збор: Глагол, несвршен
расипува
Англиски: stale Турски: bayatlamak Албански: bajat

бакари повеќе

бакарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почитува, цени некого или нешто.
Англиски: honour

бакарлија повеќе

мн. бакарлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има боја на бакар, обично за човек, за неговиот темен тен, за бојата на очите и сл.
Англиски: copper coloured Турски: bakır

бакрач повеќе

мн. бакрачи
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) глупости
Англиски: nonsense Албански: marrëzi

баксуз повеќе

мн. баксузи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што го следи лоша среќа, кому едно по друго му се случуваат лоши работи, несреќен човек.
Англиски: bad luck Турски: bahtsız Албански: baksuz
Човек што му носи несреќа на друг човек.
Англиски: bad luck Албански: pa fat
несреќа, неволја
Англиски: misfortune Албански: fatkeqsi

баксузен повеќе

баксузниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на баксуз.
Англиски: misfortunate

бактиса повеќе

Види и: боктиса (св.)
(се) бактисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му...) стане досаден, здодевен.
Англиски: bore

бакшиш повеќе

мн. бакшиши
Вид збор: Именка, машки род
Подарок, дар, награда за направена услуга.
Англиски: present Турски: bahşiş Албански: bakshish
Паричен додаток, награда што се додава кон цената на услугата.
Англиски: tip Албански: bakshish

балама повеќе

мн. балами
Вид збор: Именка, машки род
Глуп, глупав, умствено ограничен човек.
Англиски: fool

баланѕа повеќе

мн. баланѕи
Вид збор: Именка, женски род
Кантар, уред за мерење.

балдаза повеќе

мн. балдази
Вид збор: Именка, женски род
свеска, сестра на сопругата
Англиски: sister-in-law Турски: baldız

балканштина повеќе

мн. балканштини
Вид збор: Именка, женски род
Сите лоши особини на балканците.

бамка повеќе

бамкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тепа
Англиски: beat Албански: rrah
дрдори, мрмори
Англиски: mumble Албански: murmuritje

банбадајала повеќе

Вид збор: Прилог
бамбадијала

баничар повеќе

мн. баничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака многу баница, пита.

банка повеќе

мн. банки
Вид збор: Именка, женски род
Пара со вредност од десет денари.
Вложените пари на сите играчи во едно делење карти при коцкањето.
Англиски: bank

баптиса повеќе

баптисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се умори, премали, се истошти.

бараба повеќе

мн. бараби
Вид збор: Именка, машки род
Разбојник, арамија, никаквец, пропаднат човек.
Англиски: crook

барабар повеќе

Вид збор: Прилог
заедно
Англиски: together Турски: beraber

батакчија повеќе

мн. батакчии
Вид збор: Именка, машки род
нечесен, расипан човек
Англиски: crook Турски: batakçı

батакчилак повеќе

мн. батакчилаци
Вид збор: Именка, машки род
Измама, нечесно работење.
Англиски: scam

батал повеќе

Вид збор: Придавка
запуштен, неприбран, неуреден, запоставен
Англиски: neglected Турски: batal

батали повеќе

баталат
Вид збор: Глагол, свршен
остави, напушти
Англиски: leave Турски: battal etmek Албански: lë, braktis
(се батали) се запушти, се запостави
Англиски: neglect Албански: shpërfill

батка повеќе

мн. батковци
Вид збор: Именка, машки род
вокатив од брат

батка повеќе

баткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дрдори, пљампа
Англиски: chatter, blab

бауч повеќе

мн. баучи
Вид збор: Именка, машки род
Голем, тешко совладлив проблем.
Англиски: bugaboo Албански: e panjohur, problem

бацло повеќе

мн. бацловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е валкан.

бацувка повеќе

мн. бацувки
Вид збор: Именка, женски род
бакнеж
Англиски: kiss

баш повеќе

Вид збор: Придавка
Прв дел од полусложенка со значење - прв, главен, најдобар, најважен, првокласен.
Англиски: main Турски: baş

башка повеќе

Вид збор: Прилог
посебно, одделно
Англиски: separately Турски: başka

башка повеќе

Вид збор: Придавка
друг, посебен
Англиски: other Турски: başka

башкари повеќе

(се) башкарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се одмора лежејќи, се излежува.

бегалко повеќе

мн. бегалковци
Вид збор: Именка, машки род
Бегалец, обично од некоја работа.
Англиски: truant

безецира повеќе

безецираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Резервира, зафати место.
Англиски: occupy Германски: besetzen

безобразие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на срам, безобразност.
Англиски: impertinence

бекрија повеќе

мн. бекрии
Вид збор: Именка, машки род
Љубител на пијалак и ноќен живот.
Англиски: boheme Турски: bekri

бележан повеќе

бележаниот
Вид збор: Придавка
Обележен од вакцина бесеже.
Англиски: vaccinated

белки повеќе

Вид збор: Модален збор
Изразува можност, веројатност, претпоставка, надеж.
Англиски: maybe Турски: belki

беља повеќе

мн. бели
Вид збор: Именка, женски род
зло, несреќа, штета
Англиски: harm Турски: bela

бељаџија повеќе

мн. бељаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави беља.
Англиски: troublemaker Турски: bela

бендиса повеќе

бендисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се допадне некому.
Англиски: like Турски: beğenmek Албански: pëlqej
(се бендиса) Се допадне сам себеси.
Англиски: like Албански: pëlqej
(се бендиса) Се бендиса, се допадне еден на друг.
Англиски: like Албански: pëlqej

бере повеќе

берат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира пари, штеди.
Англиски: collect Албански: mbledhë, kursen

бериќет повеќе

(едн.) бериќетот
Вид збор: Именка, машки род
род, плод, благодат
Англиски: abundance Турски: bereket

бериќетен повеќе

бериќетниот
Вид збор: Придавка
Многу плоден, плодороден.
Англиски: abundant

бес повеќе

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
беснило
Англиски: rabies Албански: tërbim

беса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чесен збор, даден збор што се смета за светост во традиционалната култура на Албанците; ветување.
Англиски: oath Албански: besë

бесач повеќе

мн. бесачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што беси, одзема некому живот со бесење.
Англиски: hangman

бесен повеќе

бесни
Вид збор: Придавка
развратен, распуштен, немирен
Англиски: unrestrained Албански: i tërbuar

бетер повеќе

Вид збор: Придавка
полош
Англиски: worse Турски: beter

беќар повеќе

мн. беќари
Вид збор: Именка, машки род
Неженет човек, момче, ерген.
Англиски: bachelor Турски: bekâr

бизнис повеќе

(едн.) бизнисот
Вид збор: Именка, машки род
Трговска или друга дејност што носи добра заработувачка.
Англиски: business Албански: biznes

билмез повеќе

мн. билмези
Вид збор: Именка, машки род
глупак, незнајко
Англиски: fool Турски: bilmezlik

бира повеќе

мн. бири
Вид збор: Именка, женски род
пиво
Англиски: beer Албански: birrë

бирократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
чиновнички апарат
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci
претерано, бесмислено администрирање
Англиски: bureaucracy Албански: burokraci, administrim i tepruar

биртија повеќе

мн. биртии
Вид збор: Именка, женски род
Кафеана од ниска категорија.
Англиски: joint, pub

благо повеќе

мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
(едн.) Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер.
Англиски: sweet Албански: ëmbël
Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер.
Англиски: dessert Албански: ëmbëlsirë

блажи повеќе

блажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се заслади; изеде нешто благо, слатки.
Англиски: sweeten Албански: ëmbëlsoj

блесометар повеќе

мн. блесометри
Вид збор: Именка, машки род
мерка за глупоста

блондинка повеќе

мн. блондинки
Вид збор: Именка, женски род
русокоса жена
Англиски: blonde

блувотина повеќе

Види и: блујавица (ж.)
мн. блувотини
Вид збор: Именка, женски род
блујавица
Англиски: puke

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Англиски: spit, vomit Албански: vjellë Бугарски: бълвам

блуеница повеќе

мн. блуеници
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се повраќа, што е изблуено.
Англиски: puke

боговски повеќе

боговскиот
Вид збор: Придавка
Што е преголем, пребогат, преубав, што е како за бог.
Англиски: magnificent
Примери:
Нему му припадна боговски дел.

бојадиса повеќе

бојадисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже некого.
Англиски: cheat Албански: lyej, gënjej

боклук повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
ѓубре, буниште, отпадоци
Англиски: trash, dump Турски: bokluk

боксерки повеќе

боксерките
Вид збор: Именка, множина
Машки гаќички слични на тие што ги носат боксерите.
Англиски: shorts

боктиса повеќе

боктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
додее, досади
Англиски: bore Турски: bıkmak

бомба повеќе

мн. бомби
Вид збор: Именка, женски род
Нешто извонредно, сензационално, успешно.
Англиски: super Албански: bombë, super

бос повеќе

мн. босови
Вид збор: Именка, машки род
шеф, газда
Англиски: boss

боц повеќе

Вид збор: Извик
Извик за означување дека нешто боде, обично на шега, во игра и сл.

бош повеќе

Вид збор: Придавка
празен, несодржаен, јалов
Англиски: empty Турски: boş

брат повеќе

мн. браќа
Вид збор: Именка, машки род
При фамилијарно обраќање кон непознат човек.

братучед повеќе

мн. братучеди
Вид збор: Именка, машки род
Фамилијарно обраќање кон маж, познат или непознат.
Албански: kushëri, kushë

бре повеќе

Вид збор: Извик
при обраќање
Турски: bre
при чудење
Англиски: wow Турски: bre
За да се обрне внимание на нешто, извик по стока или некој да се уплаши.

брзопотезен повеќе

брзопотезниот
Вид збор: Придавка
Што се прави многу брзо.

бригадирка повеќе

Види и: бригадир (м.)
мн. бригадирки
Вид збор: Именка, женски род
Облека што ја носат бригадирите.
Албански: brigadiere

бричи повеќе

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
дере, соголува, ограбува
Англиски: rob Албански: vjedh
Дува силно.
Албански: fryn

брише повеќе

бришат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само заповеден начин) бегај
Англиски: beat it Албански: ik tutje

бришка повеќе

Вид збор: Извик
Извик со кој некој се брка - бегај.

бришка повеќе

мн. бришки
Вид збор: Именка, женски род
Како поминато со крпа за бришење.
Албански: e fshirë me leckë

брле повеќе

мн. брлевци
Вид збор: Именка, среден род
Оној што е брлив, глупав, будала.
Англиски: fool

брлог повеќе

мн. брлози
Вид збор: Именка, машки род
Легло воопшто, дом.
Англиски: home Албански: shtëpi

бруцош повеќе

мн. бруцоши
Вид збор: Именка, машки род
Студент на прва година без положен испит.
Англиски: beginner

буба повеќе

бубаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Учи механички, напамет.
Англиски: learn by heart Албански: mëson përmendësh

бубалица повеќе

мн. бубалици
Вид збор: Именка, женски род
Ученик што учи механички.
Англиски: crammer

бувтамбек повеќе

мн. бувтамбеци
Вид збор: Именка, машки род
ќотек
Англиски: beating

бујрум повеќе

Вид збор: Извик
повели, повелете
Англиски: please Турски: buyurmak

була повеќе

мн. були
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Во загуба, во минус, во економска смисла.
Англиски: loss Албански: humbje

бургија повеќе

мн. бургии
Вид збор: Именка, женски род
закачка, шега, досетка, бесмислица
Англиски: nonsense Албански: absurditet

бута повеќе

бутаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Англиски: push Албански: shtyj

бутка повеќе

буткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
турка
Англиски: push Албански: shtyej
Турне на испит некого.
Албански: rrëzon
става, дава
Англиски: give Албански: fut, jep
(се бутка) се турка
Англиски: shove Албански: shtyhet

бутканица повеќе

мн. бутканици
Вид збор: Именка, женски род
турканица, метеж
Англиски: crowd

бутне повеќе

бутнат
Вид збор: Глагол, свршен
турне
Англиски: push Албански: shtyj
става, дава
Англиски: shove Албански: fus
(се бутне) се турне
Англиски: push Албански: futet

бутуриса повеќе

бутурисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Јако и силно турне, бутне некого.
Англиски: push

бучава повеќе

мн. бучави
Вид збор: Именка, женски род
Бука, ширење силни звуци.
Англиски: noise

бучкуруш повеќе

мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Јадење подготвено од несоодветни состојки.

буџа повеќе

мн. буџи
Вид збор: Именка, машки род
Важна личност најчесто од политичкиот свет.
Англиски: boss
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш