зло
мн. зла
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 1197
Примери:
Борба меѓу доброто и злото.
Олицетворение на злото.
Изрази
Враќа зло за добро - неблагодарен е.
Секое зло за добро - се вели кога некое зло подоцна ќе излезе на добро.
Стори добро, најди зло - кога некој прави нешто со добри намери, а му се враќа со лошо.
Делат и добро и зло - кога двајца се неразделни и во среќни и во тешки моменти.
Да не чуе злото/да спие злото - кога некој кажува дека се му оди добро во животот, израз на желба и понатаму да не се случуваат лоши работи.
Од зло на позло - се влошува и онака лошата ситуација.