зафати
зафатат; зафатил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2061
1.
Почне некакво дејство, некаква активност.
Примери:
Зафати војна.
Зафати да раскажува.
2.
Заземе место, определена површина, простор.
Примери:
Масата ја зафати половина кујна.
Децата ги зафатија сите седишта во автобусот.
Група работници го зафатија вагонот.
Слично со:
заземе (св.)
3.
допре
Примери:
Старецот го зафатија малку со задните тркала.
Фудбалерот ја зафати топката со главата и даде гол.
Пожарот ја зафати училишната сала.
Слично со:
допре (св.)
4.
засегне
Примери:
Tој зафати многу актуелни прашања.
Собирот зафати неколку нерешени проблеми во науката.
Слично со:
засегне (св.)
5.
опфати, обземе
Англиски:
seize
Албански:
kap, kaploj
Ја зафати огромен страв, но не покажуваше.
Ги зафати паника.
6.
(се зафати) Започне некоја работа, се ангажира со нешто.
Англиски:
begin
Албански:
filloj, angazhoj
Тој се зафати со поправка на автомобилот.
Сите структури се зафатија со спроведување на реформите.
Слично со:
започне (св.)
7.
(се зафати) Се издигне, ја подобри материјалната состојба.
Примери:
Соседот откога почна со новиот бизнис, се зафати.
8.
(се зафати) За растение - врзе корен.
Примери:
Цвеќето што ми го даде неодамна се зафати.
Слично со:
вкорени (св.)
Изведенки
1.
зафаќа несв.
(се) зафаќаат
(се) зафаќаат
2.
зафаќање ср.
глаг. им.
глаг. им.