зафати св.
зафат м.

зафати (св.)

Оттука зафатил Силјан да им ги кажува на луѓето сите грешки што му грешавал на татка си и на мајка си, што им правел, при сѐ што домаќинот од половината и повеќе беше му ги знаел на Силјана грешките.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дојдоа Турците: се зафати борба помеѓу христијанството и муслиманството, борба помеѓу крстот и полумесецот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа Спространов објаснува: „Во сегашниве услови… јас лично сум убеден дека сепаратизмот што зафаќа длабоки корени во масите може да стане решавачки фактор, особено ако масите ги поведат луѓе од типот на Мисирков, Дедов, Мишајков и други…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
99. Се зафати енергична работа на Сарафов, заедно со комитетите претседателствувани од него.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Под прозорците миндер што ја зафаќа и целата десна страна, подреден со килим и перници.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече се зафати со оваа работа нерадо, со видливо незадоволство што се случи сосема не онака како што му расправаше Беличот во ѕвездната ноќ кога патуваа со железницата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога младинецот се зафати да пие, тој му пушти незабележано една струјка вода во вратот, во градите, во испотеното лице.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста си го надои девојчето, си го кладе да спие и се зафати и таа со нејзините манџи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Тогаш да се зафатиме здраво за работата, како што вели падишахот наш, да му е честит образот – проговори скопскиот беглербег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Честите царе, сонце наше сјајно! Го добив твоето свето решение од 30 шевар 959 год. и се зафатив со работа да ги фатам и покорам бунтовниците, но нивните водачи избегаа во големите планини и оттаму ја бунат и понатака рајата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ами... зошто ќе ѝ е само за неколку дреи. Со рацете зафаќа од езерото и така прска, стегајќи го со колената фустанот да не ѝ се намокри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Садие пред малку донесе... Уште помилозливо, помеко говори жената. Поштарот зафаќа со врвот од лажичката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
НЕДА: (Влегува. Се зафаќа со суредувањето на собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Глигора наеднаш го зафати страв за Арса. Со тревога го следеше трепнувањето на вената.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еве, дваесетипет дена ја испитуваше болеста што ги зафатила душите на овие двајца младичи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И го зафати неперодолива желба пак да потоне таму каде што е сосема инакво и убаво да се биде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе