Разговорно - категорија

мавта повеќе

мавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга).
Англиски: wave Албански: tund

мазне повеќе

мазнат
Вид збор: Глагол, свршен
украде
Англиски: steal
изеде
Англиски: eat

мајстор повеќе

мн. мајстори
Вид збор: Именка, машки род
градежен работник
Англиски: mason Албански: mjeshtër
(најчесто во вокатив) Обраќање кон возач на автобус, такси и сл.
Англиски: mister Албански: mjeshtër

мајсторлак повеќе

мн. мајсторлаци
Вид збор: Именка, машки род
мајсторија

мајтап повеќе

мн. мајтапи
Вид збор: Именка, машки род
шега, подбив, потсмев
Англиски: joke, mockery Турски: maytap

мајтапи повеќе

(се) мајтапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Cе шегува, се подбива, се потсмева.
Англиски: joke

мајтапчија повеќе

мн. мајтапчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да прави мајтап, да се мајтапи.
Англиски: joker, mocker, jester

македонштина повеќе

Види и: македонство (ср.)
(едн.) македонштината
Вид збор: Именка, женски род
Особините и чувството на припадност на Македонците.

максимала повеќе

мн. максимали
Вид збор: Именка, женски род
максимална граница на нешто
Англиски: upper limit

малтене повеќе

Вид збор: Прилог
небаре, како да
Англиски: as if Српски: малтене

манга повеќе

мн. манги
Вид збор: Именка, машки род
Груб, дрзок, безобѕирен, бесрамен човек.
Албански: i vrazhdë, arrogant
Погрден назив за Ром.
Англиски: gipsy Албански: manga, fjalë fyese për rom

мандари повеќе

мандарат
Вид збор: Глагол, несвршен
мандоса, мандосува
Албански: sillem, endem
Прави нешто безвредно, неквалитетно.
Англиски: bungle Албански: bëj shkel e shko
(се мандари) Се вртка бесполезно, бесцелно.
Англиски: loiter Албански: vërtitem, sillem kot

мандоса повеќе

мандосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже, измами некого.
Англиски: cheat Албански: gënjej, mashtroj

мануелец повеќе

мн. мануелци
Вид збор: Именка, машки род
мануелен, физички работник
Англиски: blue collar worker

манук повеќе

мн. мануци
Вид збор: Именка, машки род
таен љубовник
Англиски: lover

мануфактура повеќе

мн. мануфактури
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за ракотворби.
Англиски: shop Албански: shitore manifakture

маринец повеќе

мн. маринци
Вид збор: Именка, машки род
морнар
Англиски: sailor Албански: marinar, detar

марифет повеќе

мн. марифети
Вид збор: Именка, машки род
вештина, снаодливост, лукавство
Англиски: skill Турски: marifet Албански: marifet, aftësi
шега
Англиски: joke Албански: shaka, tallje
вредност, полза
Англиски: use Албански: dobi

марифетчија повеќе

мн. марифетчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави марифети.

марица повеќе

мн. марици
Вид збор: Именка, женски род
полициска кола

масира повеќе

масираат
Вид збор: Глагол, несвршен
малтретира, тормози
Англиски: maltreat Албански: maltretoj

маскара повеќе

мн. маскари
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Англиски: joke Турски: maskara Албански: maskara

маскари повеќе

маскарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Срамоти, изложува на потсмев.
Англиски: deride Албански: tall, përqesh

масовка повеќе

мн. масовки
Вид збор: Именка, женски род
масовна сцена
Англиски: mass scene

мастика повеќе

мн. мастики
Вид збор: Именка, женски род
Гума за џвакање.
Англиски: chewing gum Албански: çamçakëz, mastikë

мастраф повеќе

мн. мастрафи
Вид збор: Именка, машки род
трошок, издаток
Англиски: expense Турски: masraf

мастрафи повеќе

(се) мастрафат
Вид збор: Глагол, несвршен
Троши, прави издатоци.
Англиски: spend

мастрафчија повеќе

мн. мастрафчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу троши.
Англиски: spendthrift

матач повеќе

мн. матачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лаже, што измислува.
Англиски: schemer Албански: ngatrresarë

матикаша повеќе

мн. матикаши
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави сплетки.
Англиски: schemer

матоса повеќе

матосаат
Вид збор: Глагол, свршен
излаже, измами
Англиски: swindle

матув повеќе

матувиот
Вид збор: Придавка
(само во м.р.) сенилен, заборавен човек
Англиски: senile

махер повеќе

мн. махери
Вид збор: Именка, машки род
Снаодлив човек, мајстор, специјалист (често и во негативно значење).
Англиски: doer Германски: Macher

махерај повеќе

Види и: махер (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Вешт потфат, подвиг на штета на друг.
Англиски: scam Германски: Macherei

мачка повеќе

мн. мачки
Вид збор: Именка, женски род
убава девојка
Англиски: girl

машала повеќе

Вид збор: Извик
За изразување восхит, пофалба.
Англиски: bravo Турски: maşallah
Како формула против уроци.
Турски: maşallah

медицинар повеќе

мн. медицинари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со медицина.
Англиски: medic Албански: që merret me medicinë

мензис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
менструација
Англиски: menstruation

мерак повеќе

мн. мераци
Вид збор: Именка, машки род
Силна желба, копнеж, страст за нешто.
Англиски: desire Турски: merak
момче, љубовник, маж
Англиски: lover

мераклија повеќе

мн. мераклии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што има мерак за нешто или што се прави со мерак.
Англиски: hedonist Турски: meraklı

мераклиски повеќе

мераклискиот
Вид збор: Придавка
Со мерак, со уживање, со ќеиф.
Англиски: hedonistic

местач повеќе

мн. местачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што мести некоја работа.
Англиски: schemer

местенка повеќе

мн. местенки
Вид збор: Именка, женски род
местење
Англиски: complot, frame-up

метро повеќе

мн. метра
Вид збор: Именка, среден род
(мн. метра) метар
Англиски: meter Албански: metër

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави движења со телото, во танц или сл. во кое се имитираат движењата на направа при мешање.
Англиски: dance Албански: dredhon

мешач повеќе

мн. мешачи
Вид збор: Именка, машки род
озборувач, сплеткар, интригант
Албански: përzies, intrigant

мивне повеќе

мивнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде отказ некому, исклучи од членство и сл.
Англиски: sack

милицаец повеќе

Види и: милиционер (м.)
мн. милицајци
Вид збор: Именка, машки род
милиционер
Англиски: policeman

мина повеќе

мн. мини
Вид збор: Именка, женски род
Влошка за патент-молив или за хемиско пенкало.
Англиски: lead Албански: minë

минимала повеќе

мн. минимали
Вид збор: Именка, женски род
минимална граница на нешто
Англиски: lower limit

минималец повеќе

мн. минималци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е многу мало, cитно, минимално.
Англиски: insignificant Албански: minimal
минимална плата
Англиски: minimal salary Албански: rroga minimale

минира повеќе

минираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи нешто да биде неуспешно, предизвикува пораз, подметнува.
Англиски: sabotage Албански: minoj, sabotoj

министерка повеќе

Види и: министер (м.)
мн. министерки
Вид збор: Именка, женски род
жена на министер
Англиски: minister Албански: grua e ministrit

минус повеќе

мн. минуси
Вид збор: Именка, машки род
негативна оценка
Англиски: poor grade Албански: notë të dobët

мистер повеќе

мн. мистери
Вид збор: Именка, машки род
Титула за момче што е избрано за најубаво на избор.
Англиски: mister Албански: mister

митаџија повеќе

мн. митаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прима мито.

митингар повеќе

мн. митингари
Вид збор: Именка, машки род
учесник во митинг
чест говорник на митинг

митингува повеќе

митингуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи, одржува митинг.

младеж повеќе

младежот
Вид збор: Именка, машки род
(мн. младежи) бенка
Англиски: spot Албански: leze, lyth

млекар повеќе

мн. млекари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу сака млеко.
Албански: qumshtaxhi

млитавко повеќе

Вид збор: Именка, машки род
млитав човек
Англиски: sissy

мобилка повеќе

мн. мобилки
Вид збор: Именка, женски род
мобилен телефон
Англиски: cell phone

молец повеќе

мн. молци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што постојано бара нешто, што постојано додева со некакви барања.
Албански: molë, lutës

момче повеќе

мн. момчиња
Вид збор: Именка, среден род
сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burrë, bashkëshort

мондиш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
монден
Англиски: fashionable

море повеќе

Вид збор: Извик
За потсилување на обраќањето кон маж и дете од машки пол.
Англиски: man Грчки: μωρέ
За потсилување при закана или заплашување.

мостра повеќе

мн. мостри
Вид збор: Именка, женски род
За човек - тип, сорта.
Англиски: dude Албански: tip, lloj

мота повеќе

мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мота) Тера шега со некого, се подбива.
Англиски: joke Албански: tallet

мотаница повеќе

мн. мотаници
Вид збор: Именка, женски род
шега, подбив
Англиски: joke Албански: tallje

мотор повеќе

мн. мотори
Вид збор: Именка, машки род
мотоцикл
Англиски: motorcycle Албански: motorcikël

моторџија повеќе

мн. моторџии
Вид збор: Именка, машки род
возач на мотоцикл
Англиски: motorcyclist

мочалник повеќе

мн. мочалници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се моча, нужник.
Англиски: urinal

мочало повеќе

мн. мочала
Вид збор: Именка, среден род
Орган преку кој се исфрла мочта.
Англиски: urinary Албански: urinues, përshurrës

мразулец повеќе

мн. мразулци
Вид збор: Именка, машки род
Мрсул што виси од носот.
Англиски: snot Албански: qyrra

мрдало повеќе

мн. мрдала
Вид збор: Именка, машки род
Тој што мрда; тој што избегнува обврски.

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
непристоен, вулгарен
Англиски: indecent Албански: i pacipë, vulgar

мрсипетко повеќе

мн. мрсипетковци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што не држи пост.

мрцина повеќе

мн. мрцини
Вид збор: Именка, женски род
Слабо, истоштено животно.
Англиски: plug Албански: kafshë e dobët

мрчка повеќе

мрчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нешто валкано, нечисто.
Англиски: stain Албански: njollos

мрџгали повеќе

Види и: мрчка (несв.)
мрџгапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка, прави да биде нешто валкано, нечисто.
Англиски: stain

муабет повеќе

мн. муабети
Вид збор: Именка, машки род
разговор, разговарање
Англиски: talk Турски: muhabbet

муабети повеќе

муабетат
Вид збор: Глагол, несвршен
разговара
Англиски: converse Турски: muhabbet etmek

мувло повеќе

мн. мувловци
Вид збор: Именка, машки род
Несмасен човек.
Англиски: jerk

мукает повеќе

Вид збор: Придавка
внимателен, претпазлив, заинтересиран
Англиски: attentive Турски: mukayyet

мукаетлија повеќе

мн. мукаетлии
Вид збор: Придавка
(неменл. по род) Што е внимателен, претпазлив.
Англиски: careful

муклец повеќе

Вид збор: Извик
Молк!

мурдар повеќе

мн. мурдари
Вид збор: Именка, машки род
Запуштен, неуреден, нечист човек.
Англиски: tramp Турски: murdar

мурдарлак повеќе

мн. мурдарлаци
Вид збор: Именка, машки род
неуредност, нечистотија

муфљуз повеќе

мн. муфљузи
Вид збор: Именка, машки род
пропаднат човек
Англиски: tramp Турски: müflis

муфте повеќе

Вид збор: Прилог
Бесплатно, на туѓа сметка.
Англиски: for nothing

муфтеџија повеќе

мн. муфтеџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака сѐ бесплатно, за џабе, што сака да се чести на туѓа сметка.
Англиски: sponger
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш