а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мота

мотаат; мотал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13413
1. Обвива околу нешто (конец, тенка ткаенина).
Англиски: wind Албански: mbështjell
Примери:
Мота волница во клопче.
Болничарката му ја мота главата со завој.
2. Мами, лаже, доведува во забуна некого.
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ја мота, не ја сака.
Мислеше дека го мотам.
Го моташе цело лето.
Не мотај го човекот.
3. (се мота) се врти, се вртка, облетува
Англиски: roam Албански: bredh
Примери:
Песот ми се мота околу нозе.
Се мота околу нејзиниот стан.
Во нивниот двор се мотаа куп деца и мачки.
4. (се мота) Тера шега со некого, се подбива.
Англиски: joke Албански: tallet
Употреба: Разговорно
Примери:
Cе мота тој со тебе.
Изведенки
мотање ср.
глаг. им.