roam - онтологија

ака повеќе

акаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скита, оди, шета без некаква цел и без потреба.

блуди повеќе

блудат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита, лута
Албански: endet, bredh

вагабондира повеќе

вагабондираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Скита, лута како вагабонт; го менува бргу местото на престој.

војва повеќе

(се) војваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се мотка, се вртка, се шетка ваму-таму.
Албански: bredh

врволка повеќе

(се) врволкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се вртка, шета ваму-таму.

заброди повеќе

забродат
Вид збор: Глагол, свршен
Се занесе во нешто.
Албански: habitem, ngulit shikimin
Употреба: Преносно значење

залута повеќе

Види и: лута (несв.)
залутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лута, да скита.
Албански: endem, bredhem

заштури повеќе

Види и: штури (несв.)
(се) заштурат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се мавта ваму-таму.
Албански: endem andej këndej

заштутка повеќе

Види и: штутка (несв.)
(се) заштуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се штутка.

изнаака повеќе

изнаакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнаака) Лута, се шета многу.
Албански: ec, endet

изнашета повеќе

(се) изнашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се нашета доволно, многу.

лунѕа повеќе

лунѕаат
Вид збор: Глагол, несвршен
талка, скита

мота повеќе

мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мота) се врти, се вртка, облетува
Албански: bredh

мува повеќе

(се) муваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мува) Се мотка, прави нешто без ефект, губи време.
Српски: мува
Употреба: Жаргонски збор

наака повеќе

наакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наака) се наскита
Албански: knaqem duke shetit
Употреба: Преносно значење , Разговорно

поврволка повеќе

(се) поврволкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во врволкање.

понура повеќе

(се) понураат
Вид збор: Глагол, свршен
Скита извесно време.

талка повеќе

талкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита, лута

турка повеќе

туркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
скита
Албански: endem
Употреба: Разговорно

штура повеќе

(се) штураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се мота, скита, ака, шетајќи зјае.
Примери:
Уште ли се штураат таму?