залута
Види и:
лута (несв.)
залутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10907
1.
Почне да лута, да скита.
Англиски:
roam
Албански:
endem, bredhem
Тој залута низ улиците на градот.
Слично со:
заскита (св.)
2.
Се загуби при одење, тргне по погрешен пат, правец.
Примери:
Децата залутале во шумата.
Тој се одделил од карванот и залутал низ пустината.
Слично со:
загуби (св.)
3.
Стигне негде каде што не е предвидено, стигне случајно.
Англиски:
err
Албански:
arrin gabimisht
Пакетот залутал на друга адреса.
4.
За поглед, мисла - го обземе нешто, се занесе по нешто.
Примери:
Погледот му залута по салата.
Мислите ми залутаа назад во минатото.
Слично со:
занесе (св.)