празен
празни
Вид збор: Придавка
Ранг: 573
1.
Што не е исполнет, наполнет со нешто.
Англиски:
empty
Албански:
bosh, i zbrazët
празен амбар
празна чаша
празна кутија
празно шише
Спротивно од:
полн (прид.)
2.
Непополнет, што е без текст.
Англиски:
empty
Албански:
bosh, i zbrazët
празен лист
празен формулар
празна тетратка
Слично со:
непополнет (прид.)
3.
Ненатоварен со нешто, што е без товар.
Англиски:
empty
Албански:
i pangarkuar
празен камион
празни вагони
празни коњи
4.
Ненаселен, во кој не живее никој, во кој нема никој.
Англиски:
uninhabited
Албански:
i pabanuar
празен град
празно село
празни улици
Слично со:
ненаселен (прид.)
5.
Незафатен со нешто, запоседнат од некого.
Примери:
празен кревет
празен стан
празна куќа
празно место
Слично со:
незафатен (прид.)
6.
Што нема волја, желба за работа.
Не стој празен, фати се за работа!
Слично со:
безделен (прид.)
7.
Што нема значење, важност.
Примери:
празен разговор
празни зборови
празни ветувања
9.
неплоден, пуст
Примери:
празна земја
празно поле
11.
Што е без знаци на живот, што е неподвижен.
Англиски:
silent
празен простор
празна темнина
Слично со:
безгласен (прид.)
14.
За ден, термин - што е слободен.
Примери:
Немам ниту еден празен ден во неделата.
Слично со:
слободен (прид.)
Изрази
На празен стомак - гладен.
Дојде со празни раце - не донесе ништо.
Остана со празни раце - не доби ништо.
Меле како празна воденица - зборува без прекин.
Дроби празна слама - зборува глупости.
Изведенки
празност ж.