а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загуба

мн. загуби
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3514
1. Губење, лишување од нешто или од некого.
Англиски: loss Албански: humbje
Примери:
Го обземаше слабост поради загубата на крвта.
Жалеше за загубата на својот пријател.
Непријателот претрпел тешки загуби.
2. Негативна разлика меѓу трошоците за производство на стоката и нејзината цена.
Албански: humbje, deficit
Употреба: Економија
Примери:
Со такви цени производителите ќе бидат во загуба.
Месецот го завршивме без загуби.