hate - онтологија

замрази повеќе

замразат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да мрази, да чувствува омраза.
Албански: urrej
(се замрази) Чувствува омраза.
Албански: urrej

запизми повеќе

(се) запизмат
Вид збор: Глагол, свршен
замрази
Употреба: Разговорно

мрази повеќе

мразат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува омраза кон некого или кон нешто; не поднесува некого или нешто.
Албански: urrej
(се мрази) Чувство на омраза насочено кон самиот себе.
Албански: urrej

намрази повеќе

намразат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие чувство на омраза кон некого.

ненавиди повеќе

ненавидат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува ненавист, омраза кон некого или кон нешто.

ненавист повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Чувство на непријателство, на одбојност.

омраз повеќе

Види и: омраза (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
омраза
Употреба: Поетски збор

омраза повеќе

(едн.) омразата
Вид збор: Именка, женски род
Силно чувство на непријателство, одбивност спрема некого или нешто.
Српски: мржња Албански: urrejtje Бугарски: омраза Грчки: μισώ

омрази повеќе

омразат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика омраза кон некого или кон нешто, направи да биде омразен.
Албански: urrej
(се омрази) Се замрази еден со друг.
Албански: urrej

омразија повеќе

Види и: омраза (ж.)
мн. омразии
Вид збор: Именка, женски род
омраза

пизма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
омраза
Употреба: Архаизам

пизмење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
мразење
Употреба: Архаизам

пизми повеќе

пизмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мрази некој или нешто.
Албански: urrej
Употреба: Архаизам
(се пизми) Се мрази еден со друг.
Албански: urrej
Употреба: Архаизам , Разговорно