damage - онтологија

зијан повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
штета
Турски: ziyan Албански: zijan, humbje
Употреба: Разговорно

изеде повеќе

Види и: јаде (несв.)
изедат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагризе, оштети (за киселина, молец).
Албански: dëmtoj

накрни повеќе

накрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи штета, наруши нешто.
Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење

настрада повеќе

настрадаат
Вид збор: Глагол, свршен
Доживее несреќа, претрпи голема штета.
Албански: përjetoj fatkeqësi, pësoj dëm

окрни повеќе

окрнат
Вид збор: Глагол, свршен
оштети, одлушне, поткрши

оштета повеќе

мн. оштети
Вид збор: Именка, женски род
Нанесување штета, оштетување.
Албански: dam

оштети повеќе

оштети
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе штета некому или на нешто.
Албански: dëmtoj
(се оштети) Си нанесе штета, претрпи штета.
Албански: dëmtoj

пакост повеќе

мн. пакости
Вид збор: Именка, женски род
штета
Албански: dëm

пакостење повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Правење штета.
Албански: dëmtim

пакости повеќе

пакостат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави злини, чини злоба.
Албански: bëj sherr

погреши повеќе

погрешат
Вид збор: Глагол, свршен
(се погреши) Остане со трајна неспособност, со последица од прележана болест, од добиена повреда и сл.
Албански: dëmtoj

подгризе повеќе

подгризат
Вид збор: Глагол, свршен
Оштети, наруши нормален ред.

рана повеќе

мн. рани
Вид збор: Именка, женски род
Штета, пораз, загуба.
Албански: plagë
Употреба: Поетски збор

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе во неисправна состојба.
Албански: dëmtoj
(се расипе) Дојде во неисправна состојба.
Албански: dëmtoj

расипува повеќе

(се) расипуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) Расипува, станува неупотребливо.
Албански: prish, dëmtoj
Примери:
Новиот автомобил постојано се расипува.

руинира повеќе

руинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наштети, наштетува на здравјето.
Албански: shkatërroj, prish
Употреба: Преносно значење

руши повеќе

рушат
Вид збор: Глагол, несвршен
За здравје - сосипува, уништува.
Албански: dëmton
Употреба: Преносно значење

труе повеќе

трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
(за алкохол, тутун) Нанесува штета на организмот.
Албански: dëmton
Употреба: Медицина

ќедер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
штета, несреќа
Турски: keder Албански: qeder, dëm
Употреба: Архаизам

убие повеќе

убијат
Вид збор: Глагол, свршен
За град, слана, мраз - столчи, попари, изгори.
Албански: dëmtoj

урива повеќе

Види и: урне (св.)
уриваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За чест, углед: руши, нарушува.
Албански: rrëzon, dëmton
Употреба: Преносно значење

хаварија повеќе

мн. хаварии
Вид збор: Именка, женски род
Во поморското право - штета и вонредни расходи причинети со хаварија.
Албански: dëm nga avaria

штета повеќе

мн. штети
Вид збор: Именка, женски род
Загуба во нешто, обично материјална.
Албански: dëm