а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

рана

мн. рани
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1376
1. Повреда на телото со некое оружје или со нешто остро, тврдо и сл.
Англиски: wound Албански: plagë
Употреба: Медицина
Примери:
На рацете имал рани.
Жива рана, лута рана, отворена рана, рак-рана.
Пресна (свежа) рана, рана од куршум, смртоносна рана.
Преврзува рани, умре од раните.
2. Силен потрес, душевна болка, страдање.
Англиски: injury Албански: lëndim, plagë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Рани во срцето, рана на душата.
3. Штета, пораз, загуба.
Англиски: damage Албански: plagë
Употреба: Поетски збор
Примери:
Градината - тоа беше неговата рана.
4. храна
Англиски: food Албански: ushqim
Изрази
(посл.) Зборот дупка не отвора, ама рана отвора.
Како мелем на рана - олеснување, успокојување, смирување некого, давање некому морална поткрепа.
(посл.) Пепелаво жарче рана отвора.
Жива рана - отворена рана што не зараснува; голема душевна болка.
Лута рана - тешка, неминлива рана.
Отворена рана - болка што не минува; рана што не се лекува.
Му отвори рана - му создаде болка, потсети на нешто непријатно, навреди некого.
Сол на рана - потсети некого на нешто непријатно, на некаква душевна болка.
Му отвори рана на срце (во градите) - нанесе душевна болка некому.
Отвори стари рани - повторно потсети на заборавени болки и проблеми.
Бесна коза, пресна рана - немирно дете што се повредува постојано.