Медицина - категорија

работохолик повеќе

мн. работохолици
Вид збор: Именка, машки род
Човек зависник од работа, како да е зависник од алкохол.
Англиски: workaholic

радиографија повеќе

(едн.) радиографијата
Вид збор: Именка, женски род
Добивање фотографии со помошта на рендгенски зраци.
Англиски: radiography

радиолог повеќе

мн. радиолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по радиологија.
Англиски: radiologist Албански: radiolog
Лекар-специјалист за лекување со радиоактивни елементи.
Англиски: radiologist Албански: radiolog

радиологија повеќе

(едн.) радиологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за дејството и примената на радиумот и другите радиоактивни елементи во медицината.
Англиски: radiology

радиолошки повеќе

радиолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиолог и радиологија.
Примери:
Радиолошки институт.

радиоскопија повеќе

(едн.) радиоскопијата
Вид збор: Именка, женски род
Лекарски преглед со помошта на рендгенски зраци.
Англиски: radioscopy

радиоскопски повеќе

Види и: радиоскопија (ж.)
радиоскопскиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на радиоскопија.

радиотерапија повеќе

(едн.) радиотерапијата
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со радиум и други радиоактивни материи.
Англиски: radiotherapy

раѓа повеќе

раѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава живот некому, добива сопствено дете.
Англиски: bear Албански: lind

раѓање повеќе

Види и: раѓа (несв.)
(едн.) раѓањето
Вид збор: Именка, среден род
Доаѓа на свет, се раѓа.
Англиски: birth Албански: lindje
Примери:
На третиот ден по неговото раѓање.

разболи повеќе

разболат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да се стане болен.
Англиски: make sick Албански: smuret
(се разболи) Падне болен.
Англиски: sicken Албански: smuret

разлути повеќе

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана, болест – влоши.
Англиски: worsen Албански: keqëson
(се разлути) За рана, болест – влоши се.
Англиски: worsen Албански: keqëson

размоми повеќе

размомат
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши (мома) од девственост, невиност.
Англиски: deflower
Примери:
Многу мајки расплакал, многу моми размомил.

размомување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
размомува
Англиски: defloration

разранет повеќе

разранетиот
Вид збор: Придавка
Што има рани.
Англиски: wounded

разрани повеќе

разранат
Вид збор: Глагол, свршен
Причини рана, обично по кожата.
Англиски: wound Албански: lëndoj

рак повеќе

мн. раци
Вид збор: Именка, машки род
лошокачествен тумор
Латински: Cancer Carcinomum Англиски: cancer Албански: kancer

раменица повеќе

Види и: рамо (ср.)
мн. раменици
Вид збор: Именка, женски род
рамо
Англиски: shoulder

рамено повеќе

Види и: рамо (ср.)
мн. рамена
Вид збор: Именка, среден род
рамо
Англиски: shoulder
Примери:
Му се фрли на рамено.

рана повеќе

мн. рани
Вид збор: Именка, женски род
Повреда на телото со некое оружје или со нешто остро, тврдо и сл.
Англиски: wound Албански: plagë

ранак повеќе

мн. ранаци
Вид збор: Именка, машки род
Прво дете што се раѓа порано.
Англиски: preemie

раничка повеќе

мн. ранички
Вид збор: Именка, женски род
рана
Англиски: wound Албански: plagë

раскрвавен повеќе

раскрвавениот
Вид збор: Придавка
Што е облеан со крв.
Англиски: bleeding

растрои повеќе

растројат
Вид збор: Глагол, свршен
Приведе во ненормална, болна состојба.
Англиски: sicken Албански: neveris

рахитис повеќе

(едн.) рахитисот
Вид збор: Именка, машки род
Детска болест што се карактеризира најмногу со нарушување на развојот на коските.
Англиски: rickets

рахитичар повеќе

мн. рахитичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што боледува од рахитис.

рахитичен повеќе

рахитична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рахитис.
Англиски: rickety

реакција повеќе

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Одговор на организмот на надворешно или внатрешно дразнење.
Англиски: reaction Албански: reakcion

реанимација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Оживување, повторно враќање во живот.
Англиски: reanimation Албански: reanimim
Примери:
Реанимација на пациентот.

реанимира повеќе

реанимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врати, враќа во живот, спаси, спасува од смрт.
Англиски: reanimate

реанимиран повеќе

Види и: реанимира (св. и несв.)
реанимираниот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) реанимира
Англиски: reanimated
Што е вратен во живот, што е спасен од смрт.
Англиски: reanimated
Примери:
реанимиран пациент

ревакцинација повеќе

Види и: вакцинација (ж.)
мн. ревакцинации
Вид збор: Именка, женски род
Повторна вакцинација.
Англиски: revaccination

ревакцинира повеќе

ревакцинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно вакцинира.
Англиски: revaccinate

ревма повеќе

Види и: ревматизам (м.)
(едн.) ревмата
Вид збор: Именка, женски род
ревматизам
Англиски: rheumatism

ревматизам повеќе

(едн.) ревматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Автоимуно заболување на зглобовите и мускулите, придружено со остри болки.
Англиски: rheumatism

ревматичар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лице што страда од ревматизам.
Англиски: rheumatic

ревматичен повеќе

ревматични
Вид збор: Придавка
Што се однесува на ревматизам, својствен на ревматизам.
Англиски: rheumatic
Што е заболен или има симптоми на ревматизам.
Англиски: rheumatic

ревматично повеќе

Вид збор: Прилог
На ревматичен начин.
Англиски: rheumatically

ревматологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со изучување и со лекување на болестите на коските, што ги опфаќа сите болести на коските.
Англиски: rheumatology
Оддел, дел од болница, клиника и сл. каде што се лекува ревматизам.
Англиски: rheumatology

регургитира повеќе

регургитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повраќа, делумно несварена храна.
Англиски: regurgitate Албански: vjell
Тече во спротивен правец од нормалниот.
Англиски: regurgitate Албански: rrjedh në drejtim të kundërt
Примери:
Поради деформација на залистокот, крвта регургитира во обратен правец.

редачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Болест што се шири и зафаќа по ред.
Англиски: epidemic

резец повеќе

мн. ресци
Вид збор: Именка, машки род
преден заб
Англиски: incisor Албански: prerës

резистентен повеќе

Види и: резистенција (ж.)
резистентни
Вид збор: Придавка
отпорен, издржлив
Англиски: resistant

резонанција повеќе

мн. резонанции
Вид збор: Именка, женски род
Медицински преглед со помош на електромагнетни бранови за рана дијагноза на болести.
Англиски: resonance Албански: rezonancë

реконвалесцент повеќе

мн. реконвалесценти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што заздравува по прележана болест.
Англиски: convalescent Албански: rekovalescent

реконвалесцентен повеќе

реконвалесцентна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на реконвалесцент, што заздравува, што здравствено се рехабилитира.
Англиски: convalescent

реконвалесценција повеќе

реконвалесценцијата
Вид збор: Именка, женски род
Времето на заздравување по болест.
Англиски: convalescence

ректален повеќе

ректалниот
Вид збор: Придавка
Што се врши низ дебелото црево, низ анусот, што се однесува на ректум.
Англиски: rectal

релаксатор повеќе

мн. релаксатори
Вид збор: Именка, машки род
Таблети и различни природни и хемиски средства кои овозможуваат опуштање и смирување на нервите.
Англиски: relaxator

релаксација повеќе

мн. релаксации
Вид збор: Именка, женски род
Истоштеност, премаленост на нервите.

рема повеќе

Види и: хрема (ж.)
мн. реми
Вид збор: Именка, женски род
хрема
Англиски: cold

рендген повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за преглед на телото со помош на рендгенски зраци.
Англиски: X-ray device Германски: Röntgen Албански: rentgen
Снимка, преглед на рендген.
Англиски: X-ray picture Албански: rentgen

рендгенов повеќе

Види и: рендгенски (прид.)
рендгенови
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рендген.
Примери:
рендгенов апарат

рендгенограм повеќе

мн. рендгенограми
Вид збор: Именка, машки род
Слика на рендгенскиот наод.
Англиски: X-ray picture

рендгенолог повеќе

мн. рендгенолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по рендгенологија.
Англиски: radiologist

рендгенологија повеќе

рендгенологијата
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што ги изучува рендгенските зраци и нивната примена.
Англиски: radiology

рендгенолошки повеќе

рендгенолошка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рендгенолог и рендгенологија.

рендгеноскопија повеќе

рендгеноскопијата
Вид збор: Именка, женски род
Преглед со помошта на рендгенов апарат.

рендгенотерапија повеќе

рендгенотерапијата
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со рендгенски зраци.
Англиски: radiotherapy

рендгенски повеќе

рендгенска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на рендген.

реплантација повеќе

мн. реплантации
Вид збор: Именка, женски род
Замена на орган со друг.

репродуктивен повеќе

репродуктивна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на биолошка репродуција.
Англиски: reproductive Албански: reproduktiv
Примери:
Репродуктивен нагон.

репродукционен повеќе

Види и: репродуктивен (прид.)
репродукциона
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на репродукција.
Англиски: reproductive
Примери:
Репродукционен апарат.

ресорпција повеќе

(едн.) ресорпцијата
Вид збор: Именка, женски род
Разложување и апсорбирање на ткиво во организмот; впивање, примање, вцицување течност.
Англиски: resorption

респиратор повеќе

мн. респиратори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат, направа што се става на уста и нос за заштита на дишните органи или за овозможување на полесно дишење.
Англиски: respirator

респираторен повеќе

респираторниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на процес во некои организми, кога се внесува кислород, а се испушта јаглероден диоксид.
Англиски: respiratory

респирација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
дишење
Англиски: respiration
Примери:
Отежната респирација.

респирира повеќе

респирираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
дише
Англиски: respire

ретардација повеќе

(едн.) ретардацијата
Вид збор: Именка, женски род
Физичко или псохичко заостанување, забавување, задржување во развојот.
Англиски: retardation Албански: retardim
Примери:
Блага ретардација што се забележува на мала возраст.

ретардиран повеќе

ретардирани
Вид збор: Придавка
За лице со посебни потреби - што е забавен, заостанат во психичкиот или во физичкиот развој.
Англиски: retarded

реума повеќе

Види и: ревма (ж.)
(едн.) реумата
Вид збор: Именка, женски род
ревма
Англиски: rheumatism

реуматизам повеќе

Види и: ревматизам (м.)
реуматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Автоимуно заболување на зглобовите и мускулите.
Латински: rheumatismus Англиски: rheumatism

реуматичар повеќе

Види и: ревматичар (м.)
мн. реуматичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што страда од реуматизам.
Англиски: rheumatic

реуматичен повеќе

Види и: ревматичен (прид.)
реуматична
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реуматизам, својствен на реуматизам.
Англиски: rheumatic

рефлекс повеќе

мн. рефлекси
Вид збор: Именка, машки род
Автоматска реакција на организмот како одговор на надворешно дразнење.
Англиски: reflex Албански: refleks

рефлексен повеќе

Види и: рефлексивен (прид.)
рефлексна
Вид збор: Придавка
рефлексивен
Англиски: reflexive

рефлексивен повеќе

рефлексивни
Вид збор: Придавка
Кој се должи на рефлекс, поврзан со рефлекс.
Англиски: reflexive

рехабилитација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Воспоставување на поранешната здравствена состојба после болест или повреда.
Англиски: rehabilitation Албански: rehabilitim

рецепт повеќе

мн. рецепти
Вид збор: Именка, машки род
Писмен пропис на лекар за аптека заради подготвување и издавање на лекови.
Англиски: prescription Албански: reçetë

рецептура повеќе

мн. рецептури
Вид збор: Именка, женски род
Упатство за пропишување, подготвување и издавање лекови во аптека.
Англиски: recipe, formulation

рецесивен повеќе

рецесивни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на рецесија, во која има рецесија.
Англиски: recessive
Примери:
рецесивни тенденции

рецесија повеќе

мн. рецесии
Вид збор: Именка, женски род
повлекување, отстапување
Англиски: retreat Албански: tërheqje, zmbrapsje

рецидив повеќе

мн. рецидиви
Вид збор: Именка, машки род
Повторно враќање на прележана болест.
Англиски: recurrence Албански: recidiv

рецидивизам повеќе

(едн.) рецидивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Повторување на болезнени пројави.
Англиски: recidivism Албански: recidivizëm

рецидивира повеќе

рецидивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За болест, престап - појави се, појавува се повторно.
Англиски: reoccur

реципиент повеќе

мн. реципиенти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прима трансфузија на крв.
Англиски: recipient

рига повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
ждрига, подригнува
Англиски: burp
Примери:
Се најал и само рига.
блуе, исфрла
Англиски: throw
Примери:
рига крв

рикавица повеќе

(едн.) рикавицата
Вид збор: Именка, женски род
магарешка кашлица
Англиски: whooping cough

ринитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на носната слузница.
Англиски: rhinitis

ринолог повеќе

мн. ринолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за ринологија.
Англиски: rhinologist

ринологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за проучување и лекување на болестите на носот.
Англиски: rhinology

ринопластика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пластична операција на носот.
Англиски: rhinoplasty

рицино повеќе

Вид збор: Именка, среден род
рицинус
Англиски: castor oil

рицинус повеќе

(едн.) рицинусот
Вид збор: Именка, машки род
Маслодајно растение.
Латински: Ricinus communis Англиски: castor-oil plant Албански: voj ricini

рка повеќе

ркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(’рка) При спиење - издава рапав глас.
Англиски: snore

ркавица повеќе

мн. ркавици
Вид збор: Именка, женски род
Секрет што се исфрла при 'ркање.
Англиски: phlegm

рог повеќе

мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Подуено место од удар, змучка.
Англиски: bump Албански: gung

родилен повеќе

Види и: породилен (прид.)
родилни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на раѓање.
Англиски: birth

родилиште повеќе

Види и: породилиште (ср.)
мн. родилишта
Вид збор: Именка, среден род
Јавна здравствена установа за породилки.
Англиски: birth hospital

родилка повеќе

мн. родилки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што родила скоро или која тукушто раѓа.

родосквернавење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Повреда на чистотата на семејните односи.
Англиски: inbreeding, incest

рскав повеќе

рскава
Вид збор: Придавка
Што 'рска.
Англиски: rustling

рубеола повеќе

(едн.) рубеолата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест што се јавува начесто кај децата, вид сипаници со црвени печати на телото.
Латински: Rubeola Англиски: measles

руја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид детска болест.

русе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Детска заразна болест.
Англиски: rash
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш