реакција
мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1578
1.
Дејство што се јавува како одговор на некакво воздејство, одглас, противдејство.
Примери:
Очекуваше да види каква реакција ќе предизвика неговото идење.
2.
Одговор на организмот на надворешно или внатрешно дразнење.
Примери:
Каква ќе биде реакцијата на организмот на овие вакцини?
Слично со:
контраиндикација (ж.)
3.
Остра промена на настроението, на пример, опаѓање на силата по некакви напори.
Примери:
По бурно помината ноќ, настапи кај сите реакција.
4.
Заемно дејство на две или повеќе материи, што доведува до создавање нови материи.
Примери:
хемиска реакција
5.
Општествена група што му се противставува на прогресот.
Примери:
Се бореше со сите сили против домашната и странската реакција.
6.
(само едн.) Идеолошка определба што ја дава партијата на власт за општествен слој или група која покажува отпор кон постојните владејачки сили.
Англиски:
reaction
антифашистичка реакција
Тие нема да можат да се пресметаат со реакцијата.
7.
(само едн.) Приврзаници на oтпорот кон постоечката власт.
Англиски:
reaction
Тоа се ставови на реакцијата.