Медицина - категорија

цвеќе повеќе

мн. цвеќиња
Вид збор: Именка, среден род
женска месечница
Англиски: menstruation Албански: menstruacion
сипаници
Англиски: measles Албански: fruth

центар повеќе

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Група ќелии што регулираат некоја функција на организмот.
Англиски: center

цер повеќе

мн. церови
Вид збор: Именка, машки род
средство за лекување
Англиски: remedy Албански: mjet shërimi

церење повеќе

Види и: цери (несв.)
церењето
Вид збор: Именка, среден род
лекување
Англиски: healing Албански: mjekim

цеце повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обично во составот мувата цеце - африканска мува што ја пренесува болеста спиење.
Латински: Glossina Англиски: Tsetse fly

цеце-мува повеќе

Види и: цеце (ж.)
мн. цеце-муви
Вид збор: Именка, женски род
цеце
Англиски: Tsetse fly

цијаноза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сина обоеност на кожата и на усните од студ, алкохолизам и од некои болести.

ципа повеќе

мн. ципи
Вид збор: Именка, женски род
Тенка кожичка која го дели абдоменот од тестикулите.
Латински: ingvinum Англиски: abdominal wall Албански: cipë
мембрана
Англиски: membrane Албански: cipë, membranë

цироза повеќе

цирозата
Вид збор: Именка, женски род
Разраскување на ткивото на некој орган со нарушување на неговата функција.
Англиски: cirrhosis
Примери:
Цироза на црниот.

циста повеќе

мн. цисти
Вид збор: Именка, женски род
Меур полн со гној или сукрвица настанат обично поради ненормално зголемување на некоја жлезда.
Англиски: cyst

цитостатик повеќе

мн. цитостатици
Вид збор: Именка, машки род
Лек што се применува во лекувањето на малигните тумори и го спречува растењето на клетките во организмот.
Англиски: cytostatic

цицалче повеќе

мн. цицалчиња
Вид збор: Именка, среден род
Дете што уште се дои.
Англиски: infant Албански: foshnjë

цицина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Оток, место каде кожата е црвена и надуена како последица на рана, убод и слично.
Англиски: swelling

цицка повеќе

мн. цицки
Вид збор: Именка, женски род
болест дизентерија, срчка, срдешница
Англиски: dysentery Албански: dizenteri

црвенило повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Црвена боја, руменило по лице.
Англиски: redness Албански: skuqje

црвеница повеќе

мн. црвеници
Вид збор: Именка, женски род
болеста црвен ветер
Латински: Erysipelas Англиски: holy fire Албански: zjarr i shenjtë

црвенокожец повеќе

црвенокошци
Вид збор: Именка, машки род
Лице со црвеникава кожа.
Албански: lëkurëkuq

цревен повеќе

цревни
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на цревата.
Примери:
Цревен тифус.

црнка повеќе

мн. црнки
Вид збор: Именка, женски род
мозолче, митесер
Англиски: pimple Албански: puçërr
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш