Медицина - категорија

забар повеќе

мн. забари
Вид збор: Именка, машки род
Лекар за болести на забите.
Англиски: dentist

забарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дел од медицината што се занимава со болестите и лекувањето на забите.
Англиски: dentistry

забен повеќе

забни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на заб.
Англиски: dental

забобол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Болка предизвикана од болен заб.
Англиски: toothache

забоболка повеќе

Види и: забобол (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
забобол
Англиски: toothache

забоде повеќе

Види и: боде (несв.)
забодат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) Почувствува остра болка.
Англиски: feel pain Албански: shpon

заболедува повеќе

заболедуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Почне да боледува.
Англиски: fall ill

заболекар повеќе

Види и: забар (м.)
мн. заболекари
Вид збор: Именка, машки род
забар
Англиски: dentist

заболекарство повеќе

Види и: забарство (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
забарство
Англиски: dentistry

заболен повеќе

Види и: болен (прид.)
заболени
Вид збор: Придавка
Што е болен од нешто.
Англиски: sick

завој повеќе

мн. завои
Вид збор: Именка, машки род
Долга лента од газа или платно што служи за преврзување и заштита на повреден дел од телото.
Англиски: bandage Албански: fashë

заврти повеќе

завртат
Вид збор: Глагол, свршен
Ми (ти, му... се заврти) Изгуби свест, добие вртоглавица.
Англиски: faint Албански: marrje mend

заглувее повеќе

Види и: глувее (св. и несв.)
заглувеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да глувее.
Англиски: go deaf

заглувне повеќе

заглувнат
Вид збор: Глагол, свршен
Привремено или трајно ја изгуби способноста за слушање, го изгуби слухот.
Англиски: go deaf Албански: shurdhet

загноен повеќе

загноени
Вид збор: Придавка
Што е со гној, што има гној.
Англиски: septic

загнои повеќе

загнојат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гнои.
Англиски: fester

загреб повеќе

мн. загреби
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Болест на кожата со појава на дамки и ситни брончиња.
Албански: sëmundje e lëkurës

задув повеќе

(едн.) задувот
Вид збор: Именка, машки род
астма
Англиски: asthma Албански: astma

зазабица повеќе

мн. зазабици
Вид збор: Именка, женски род
Воспаление на венците, обично кај коњите.
Англиски: gingivitis

заздрави повеќе

заздрават
Вид збор: Глагол, свршен
За рана - оздрави, зарасне.
Англиски: heal Албански: shërohet

зајде повеќе

зајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби свест, се изгуби.
Англиски: collapse Албански: humb vetëdije, humbet

закрепне повеќе

закрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Зајакне, се поврати од нарушена во нормална здравствена состојба.
Англиски: recover Албански: forcohet

залекува повеќе

Види и: лекува (несв.)
залекуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да лекува.
Англиски: heal Албански: mjekohet
За рана - донекаде излекува, доведе во добра состојба.
Англиски: heal Албански: shërohet
(се залекува) Почне да се лекува.
Англиски: heal Албански: mjekohet

залетне повеќе

залетнат
Вид збор: Глагол, свршен
При голтање храната навлегува во душникот и предизвикува проблеми со дишењето.
Англиски: suffocate Албански: kafshata shkon keq

залечи повеќе

Види и: лечи (несв.)
залечат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана, болест - привремено, донекаде излечи, доведе во добра состојба.
Англиски: cure Албански: shëroj
Почне да лечи, да лекува некого.
Англиски: heal Албански: shëroj, mjekoj
(се залечи) Се излечи привремено, донекаде или целосно.
Англиски: cure Албански: shëroj, mjekoj
(се залечи) Почне да се лечи, да се лекува.
Англиски: heal Албански: shëroj

заноси повеќе

заносат
Вид збор: Глагол, свршен
затрудни, забремени
Англиски: impregnate Албански: e mbarsur, shtatzënë

заостанат повеќе

заостанати
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа назад, зад другите.
Англиски: retarded Албански: i mbetur prapa, i vonuar

запаление повеќе

мн. запаленија
Вид збор: Именка, среден род
Реакција на постојана дразба.
Англиски: inflammation Српски: запалење

запек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Отежнато празнење на цревата.
Англиски: constipation

запече повеќе

запечат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика запек.
Англиски: constipate Албански: bëj kaps
(се запече) Добие запек.
Англиски: constipate Албански: bëj kaps

зараза повеќе

мн. зарази
Вид збор: Именка, женски род
Причинител на болест што се пренесува од еден организам на друг.
Англиски: infection Албански: infekcion
Процес на пренесување заразна болест од еден организам на друг.
Англиски: epidemic Албански: epidemi

заразен повеќе

заразениот
Вид збор: Придавка
Што има зараза, што содржи зараза.
Англиски: infectious Албански: i infekttuar
Што заразува, што предизвкува зараза.
Англиски: catching

зарази повеќе

заразат
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде, пренесе зараза некому.
Англиски: infect Албански: infektoj
(се зарази) Се разболи од заразна болест преку друго лице.
Англиски: infect Албански: infektoj

зарасне повеќе

Види и: расне (несв.)
зараснат
Вид збор: Глагол, свршен
За рана - заздрави, се залечи.
Англиски: heal Албански: shëroj

засак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Неможност за мокрење.

засачи повеќе

(се) засачат
Вид збор: Глагол, свршен
Не може да мокри.

засек повеќе

мн. засеци
Вид збор: Именка, машки род
Белег од рана настаната со засекување.
Англиски: scar Албански: rrëpirë
Болест кај козите, коњите и др.
Албански: smundje dhijshë, kuajsh

засирен повеќе

засирениот
Вид збор: Придавка
За крв - што е згрутчен.
Англиски: coagulated

засири повеќе

засират
Вид збор: Глагол, свршен
(се засири) За крв - се згрутчи.
Англиски: coagulate Албански: koagulon, mpikset

затвор повеќе

мн. затвори
Вид збор: Именка, машки род
запек
Англиски: constipation Албански: kapsllëk

затемнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Потемен дел на рендгентска снимка што е показател на некаква болест.
Албански: errësi, hije

затрудни повеќе

затруднат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане трудна.
Англиски: impregnate

заушки повеќе

заушките
Вид збор: Именка, множина
Воспаление на заушните жлезди.
Англиски: mumps

зафат повеќе

мн. зафати
Вид збор: Именка, машки род
Интервенција врз телото.
Англиски: operation Албански: operacion, ndërhyrje

зачеток повеќе

мн. зачетоци
Вид збор: Именка, машки род
ембрион, фетус
Англиски: embryo Албански: embrion, fetus

зачуми повеќе

зачумат
Вид збор: Глагол, свршен
Се зарази, заболи од чума.
Англиски: infect Албански: infektohet nga murtaja

зболи повеќе

Види и: боли (несв.)
зболат
Вид збор: Глагол, свршен
Заболи силно одеднаш.
Англиски: hurt

згрчен повеќе

згрчениот
Вид збор: Придавка
Што е свиен, собран, што е зафатен од грч.
Англиски: cramped

здив повеќе

мн. здивови
Вид збор: Именка, машки род
Воздух што се испушта при дишењето.
Англиски: breath Албански: frymë, afsh

здрав повеќе

здрави
Вид збор: Придавка
За живо суштество - што има нормални животни функции; што се одликува со здравје.
Англиски: healthy Албански: i shëndoshë
Што е својствен за организам кој се одликува со здравје.
Англиски: healthy Албански: i shëndoshë

здравствен повеќе

здравствени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на здравјето, на чувањето, лекувањето на здравјето.
Англиски: health Албански: i shëndetshëm

злокачествен повеќе

злокачествениот
Вид збор: Придавка
За болест - што е многу тешка, опасна за животот.
Англиски: malignant

зрачи повеќе

зрачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изложува на определен вид зраци заради лекување.
Англиски: irradiate Албански: ndriçon
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш