Медицина - категорија

бабица повеќе

мн. бабици
Вид збор: Именка, женски род
Жена што помага при породување на друга жена и се грижи за бебето во првиот период.
Англиски: midwife Албански: mami

баблаче повеќе

мн. баблачиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал меур или оток.
Англиски: bubble

бабнатина повеќе

мн. бабнатини
Вид збор: Именка, женски род
оток
Англиски: swelling

бабува повеќе

бабуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
За бабица - се грижи за новороденото дете и за леунката.
Албански: shërbej si mami, kujdesem

бабуле повеќе

мн. бабулиња
Вид збор: Именка, среден род
Меур на кожата полн со течност.
Англиски: blister Албански: fshikë
Меурот во кој се собира мочта во човековиот организам, мочен меур.
Англиски: bladder Албански: fshikëz

бајпас повеќе

мн. бајпаси
Вид збор: Именка, машки род
Премостување на оштетен дел од аортата со помош на парче здрава вена или со пресадување вештачки крвен сад.
Англиски: bypass

бактериолог повеќе

мн. бактериолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.
Англиски: bacteriologist

бактериологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.
Англиски: bacteriology

балсам повеќе

мн. балсами
Вид збор: Именка, машки род
Мирислива смеса од етерични масла и смоли што се употребува како лековита маст.
Англиски: balm

балсамира повеќе

балсамираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Заштити, заштитува труп (мртво тело) од распаѓање со специјална постапка и со специјални средства.
Англиски: embalm

бандаж повеќе

мн. бандажи
Вид збор: Именка, машки род
Преврска на голема рана, на скршеница и сл.
Англиски: bandage Албански: bandazh

бандажира повеќе

бандажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преврзе, преврзува рана, скршеница да не биде подвижно; става бандаж.
Англиски: bandage

бања повеќе

мн. бањи
Вид збор: Именка, женски род
Минерални извори со уреди за капење.
Англиски: spa Албански: burim ujrash termale, llixhë, qendër klimaterike

бапка повеќе

мн. бапки
Вид збор: Именка, женски род
Подуен израсток, оток на оболено место.
Англиски: swelling Албански: ënjte

бацил повеќе

мн. бацили
Вид збор: Именка, машки род
Бактерија во облик на стапче, предизвикувач на некои болести.
Англиски: germ

бацилен повеќе

бацилниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со бацилот, што има бацил.

бацилоносител повеќе

мн. бацилоносители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има заразни бацили кај себе.
Англиски: germ carrier

бележан повеќе

бележаниот
Вид збор: Придавка
Обележен од вакцина бесеже.
Англиски: vaccinated

белка повеќе

мн. белки
Вид збор: Именка, женски род
Бела, непроѕирна облога на окото.
Латински: oculus albus Англиски: sclera Албански: e bardha e syrit

белодробен повеќе

белодробниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на белите дробови.

бениген повеќе

бенигни
Вид збор: Придавка
Што се лечи, што заздравува, не го доведува животот во опасност.
Англиски: benign

бенка повеќе

мн. бенки
Вид збор: Именка, женски род
Мало темно петко, пигментен израсток на кожата на човекот во големина на зрно леќа.
Англиски: mole, birthmark Албански: njollë

берибери повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Берибери или бери-бери е невролошко и кардиоваскуларно пореметување коешто настанува заради недостаток на витамин Б1.
Англиски: beriberi

бес повеќе

мн. бесови
Вид збор: Именка, машки род
беснило
Англиски: rabies Албански: tërbim

бесеже повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вакцина против туберкулоза според француската скратеница БСГ.
Латински: Bacil Calmette-Guerin Англиски: vaccine

бесен повеќе

бесни
Вид збор: Придавка
Што е болен од беснило.
Англиски: rabid Албански: i tërbuar

бескрвен повеќе

бескрвниот
Вид збор: Придавка
Што е без доволно крв.
Англиски: anemic

беснило повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Заразна болест кај животни (кучиња, лисици, волци) што се пренесува на човекот со каснување или од директен контакт со заболено животно.
Англиски: rabies

беспигментен повеќе

беспигментниот
Вид збор: Придавка
Што е без пигменти.

бессознание повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
бесвест
Англиски: unconsciousness

бешика повеќе

бешиката
Вид збор: Именка, женски род
Мочен меур; дел на телото под појасот.
Англиски: bladder Турски: beşik Српски: бешика Албански: fshikëz

билјарка повеќе

мн. билјарки
Вид збор: Именка, женски род
Таа што лекува со билје.
Англиски: herbalist Албански: ajo që mjekon me barishte

билје повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Билки и тревки со лековита моќ.
Англиски: herb Албански: bimë, barë

билкар повеќе

мн. билкари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува со билки.
Англиски: herbalist Албански: herbalist

билкарство повеќе

Види и: билкар (м.)
(едн.) билкарството
Вид збор: Именка, среден род
Професионална дејност на билкар.
Англиски: herbalism Албански: bimëtari

било повеќе

мн. била
Вид збор: Именка, среден род
пулс, дамар
Англиски: pulse Албански: puls

биопсија повеќе

мн. биопсии
Вид збор: Именка, женски род
Земање делче од орган или од ткиво на жив организам за микроскопски преглед заради утврдување на промените на клетките.
Англиски: biopsy

биоритам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Промените во човечкиот организам условени од неговата околина.
Англиски: biorhythm

биофизика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Физика применета во медицината.
Англиски: biophysics Албански: biofizika

бисексуален повеќе

бисексуалниот
Вид збор: Придавка
Што има признаци на двата пола, двополов.

бихевиоризам повеќе

(едн.) бихевиоризмот
Вид збор: Именка, машки род
Метода во психологијата која се основа на мислењето дека однесувањето може научно да се истражува без да се прибегне кон внатрешните ментални состојби.
Англиски: behaviorism

бихевиорист повеќе

мн. бихевиористи
Вид збор: Именка, машки род
следбеник на бихевиоризмот
Англиски: behaviorist
специјалист по бихевиоризам
Англиски: behaviorist

бихевиористички повеќе

бихевиористичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесуна на бихевиоризмот.
Англиски: behavioristic

близнак повеќе

мн. близнаци
Вид збор: Именка, машки род
Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување.
Англиски: twin Албански: binjakë

блискоисточен повеќе

блискоисточни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Блискиот Исток.
Англиски: middle eastern

блувотина повеќе

Види и: блујавица (ж.)
мн. блувотини
Вид збор: Именка, женски род
блујавица
Англиски: puke

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот.
Англиски: spit, vomit Албански: vjellë Бугарски: бълвам
(се блуе) повраќа
Англиски: vomit Албански: vjellë

блуеница повеќе

мн. блуеници
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се повраќа, што е изблуено.
Англиски: puke

блујавица повеќе

мн. блујавици
Вид збор: Именка, женски род
блуеница
Англиски: puke Албански: lloj bari

боја повеќе

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
Изглед на кожата, посебно на лицето, тен, изглед, надворешност.
Англиски: complexion Албански: ngjyrë, çehre

боледува повеќе

боледуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Болен е, е во состојба на болест.
Англиски: suffer

болен повеќе

мн. болни
Вид збор: Именка, машки род
Пациент, болен, заболен човек во лекарска нега.
Англиски: patient Српски: болесник Албански: sëmuri Бугарски: болен Грчки: ασθενής

болен повеќе

болни
Вид збор: Придавка
Што боледува, што го боли нешто.
Англиски: ill Албански: i sëmurë
За дел од телото опфатен од болест.
Англиски: diseased Албански: i sëmurë, i prekur

болеснички повеќе

Види и: болен (м.)
болесничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на болен.
Англиски: patients Српски: болеснички

болест повеќе

мн. болести
Вид збор: Именка, женски род
Нарушување на нормалните животни функции на организмот.
Англиски: disease Албански: sëmundje

болешливо повеќе

Вид збор: Прилог
нездраво, болно
Англиски: ill

боли повеќе

(ме) болат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л. со кратка зам. форма: ме, те, го, не, боли) Чувствува болка.
Англиски: hurt Албански: dhemb

болка повеќе

мн. болки
Вид збор: Именка, женски род
Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење.
Англиски: pain Албански: dhimbje
болест
Англиски: illness Албански: sëmundje

болник повеќе

мн. болници
Вид збор: Именка, машки род
болен
Англиски: patient

болникав повеќе

болникавиот
Вид збор: Придавка
Што се разболува често, што има слабо здравје.
Англиски: sickly

болница повеќе

мн. болници
Вид збор: Именка, женски род
Установа за сместување и стручно лекување на болни.
Англиски: hospital Албански: spital

болничар повеќе

мн. болничари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи околу болните во болница; што се грижи за болен.
Англиски: paramedic Албански: infermiere

болничарка повеќе

Види и: болничар (м.)
мн. болничарки
Вид збор: Именка, женски род
медицинска сестра
Англиски: nurse Албански: infermierja

болничен повеќе

Види и: болнички (прид.)
болничниот
Вид збор: Придавка
болнички
Англиски: medical

болнички повеќе

болничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на болница.
Англиски: hospital

борелиоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Болест што се пренесува преку крлежи.
Латински: Borreliosis Англиски: Lyme disease

брадавица повеќе

мн. брадавици
Вид збор: Именка, женски род
Мал испапчен израсток на кожата.
Англиски: wart Албански: thithë, lez, lyth

бременост повеќе

(едн.) бременоста
Вид збор: Именка, женски род
Состојба кога жената носи плод, од зачнувањето до породувањето.
Англиски: pregnancy

брис повеќе

мн. брисови
Вид збор: Именка, машки род
Земање дел од кожата, плунка или шлајм како мостра за медицинско испитување.
Англиски: smear, swab

брл повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај овците во мозокот од која овцата само се врти.
Латински: coenurosis Англиски: gid

брлив повеќе

брливи
Вид збор: Придавка
Што е болен од брл.
Албански: i mdërkyer

бронка повеќе

мн. бронки
Вид збор: Именка, женски род
Мал воспален израсток на кожата.
Англиски: pimple

бронхијален повеќе

бронхијална
Вид збор: Придавка
Во врска со бронхиите.
Англиски: bronchial

бронхитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на слузницата на бронхиите.
Англиски: bronchitis

брука повеќе

Види и: бронка (ж.)
мн. бруки
Вид збор: Именка, женски род
бронка
Англиски: pimple

брунка повеќе

Види и: бронка (ж.)
мн. брунки
Вид збор: Именка, женски род
бронка
Англиски: pimple

бруцелоза повеќе

(едн.) бруцелозата
Вид збор: Именка, женски род
Заразна болест кај животните која се пренесува и на луѓето преку производите од заразено животно или при директен допир со него.
Англиски: brucellosis

бувта повеќе

бувтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кашла силно.
Англиски: cough Албански: kollitet

буица повеќе

мн. буици
Вид збор: Именка, женски род
треска, грозница
Англиски: fiver Албански: ethe

бунило повеќе

мн. бунила
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на полусвест, обично при болест со висока температура.
Англиски: confusion

бутур повеќе

мн. бутури
Вид збор: Именка, машки род
Болест кај коњите со кашлање.
Англиски: horse cough

бутурлив повеќе

бутурливиот
Вид збор: Придавка
Болен од бутур.
Англиски: coughing
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш