а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

боја

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 468
1. Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот.
Англиски: color Турски: boya Албански: ngjyrë
Употреба: Физика
Примери:
За килимот употребуваше волна во различни бои.
Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов.
2. Материјал со кој се бои, бојосува.
Англиски: paint Албански: ngjyrë
Употреба: Хемија
Примери:
Таа употребуваше само природни бои за своите слики.
боја за чевли
темперни бои
анилински бои
3. Обележје на народ, знаме.
Англиски: flag Албански: ngjyrat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Националните бои ги брани тимот на „Кометал“.
Тие ќе ги бранат боите на нашата земја.
4. Изглед на кожата, посебно на лицето, тен, изглед, надворешност.
Англиски: complexion Албански: ngjyrë, çehre
Употреба: Медицина
Примери:
Му се врати бојата.
Нездравата боја на лицето ја правеше уште послаба.
Димко се возбуди, почна да ги менува боите на лицето, се вцрви, па побледе.
Има здрава боја.
5. Впечаток што го прави на слухот тонот, израз што се појавува во гласот, звукот, карактеристика на гласот.
Англиски: impression Албански: ngjyra e zërit
Примери:
Му се смени бојата на гласот и тој збунето застана.
Се мачеше да се сети на бојата на гласот на Роска.
6. Политичко и класно, идејно обележје, идеен став, убедување, уверување, мислење.
Англиски: tenor Албански: ngjyrë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Текстот има политичка боја.
Пиесата добива извесна социјална боја.
7. Стилски изразни обележја на уметничко дело.
Англиски: character Албански: ngjyrë, karakter
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во тоа се крие автентичната боја на неговите текстови.
Сите обичаи што се вршат за здравјето на луѓето, за плодноста на стоката, покрај пригоден карактер во песната имаат и интимна боја.
Изрази
Премачкан со сите бои - многу итар, многу вешт.