повтори
повторат; повторам; повторил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1073
1.
Направи нешто (кажано, извршено) исто по втор пат или повеќепати.
Примери:
Го повтори прашањето.
Ја повтори лекцијата.
Повтори постапка.
Повтори успех.
Повтори грешка.
2.
Обнови во мислите нешто (кажано, научено, видено), обично со заменката „си“.
Примери:
И тогаш си ги повтори зборовите на учителот.
Си ја повтори сликата од детството.
Пред настапот (си) ја повтори песната.
Слично со:
обнови (св.)
3.
Во школувањето - остане во исто одделение, клас, година.
Примери:
Вториот клас го повтори.
4.
(се повтори) Каже, направи нешто во ист вид.
Примери:
Кога ќе се повториш, стануваш здодевен.
Немајќи со ништо ново да се претстави, почна да се повторува.
5.
(се повтори, само во 3. л.) Се случи пак, повторно.
Англиски:
reoccur
Албански:
përsëritet
Земјотресот се повтори неколку пати.
6.
(Ми, ти, му, ... се повтори)
Албански:
përsëritet
Сонот му се повторил.
Болеста му се повторила.
Изведенки
повторува несв.
(се) повторуваат
(се) повторуваат