watch - онтологија

бдее повеќе

бдеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не спие, ја поминува ноќта без сон.
Албански: ri zgjuar

бдение повеќе

мн. бденија
Вид збор: Именка, среден род
Чување на покојник ноќе.
Албански: ruajtje e të ndjerit natën
бдеење
Албански: sogjoj

висне повеќе

Види и: виси (несв.)
виснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стои, е наднесен над нешто.
Албански: shikon

гледа повеќе

гледаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Насочува поглед кон некого или кон нешто.
Српски: гледати Албански: shoh Бугарски: гледам

догледа повеќе

догледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со гледањето на нешто; види, изгледа до крај.
Албански: shikoj, vëzhgoj

доизгледа повеќе

Види и: изгледа (св.)
доизгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгледа нешто или некого сосема, од сите страни, заврши со гледање.
Албански: vështroj në tërësi

заварди повеќе

завардат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачува малку, поварди.
Албански: ruaj
(се заварди) Се зачува малку, се приварди.
Албански: ruhem

загледа повеќе

Види и: гледа (несв.)
загледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се загледа) Почне да се гледа еден во/со друг, меѓу себе.
Албански: vëzhgoj

кибицира повеќе

кибицираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набљудува, гледа со интерес и уживање воопшто.
Албански: vëzhgoj
Употреба: Разговорно

мери повеќе

мерат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оценува, внимателно набљудува.
Албански: mat
Употреба: Преносно значење

мерка повеќе

Види и: мери (несв.)
меркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се гледа тајно еден со друг.
Албански: vëzhgoj

набљудува повеќе

набљудуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателно гледа некого или нешто.
Албански: vështroj

напули повеќе

(се) напулат
Вид збор: Глагол, свршен
нагледа
Употреба: Дијалектен збор

обгледа повеќе

обгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обгледа) Се обѕрне, погледне околу себе, наоколу.

око повеќе

мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
надзор, надгледување
Албански: mbikëqyr

поварди повеќе

Види и: варди (несв.)
повардат
Вид збор: Глагол, свршен
Варди кратко.
Албански: ruaj, kujdesem
Примери:
Јас ќе го повардам месото додека се вари!

повардува повеќе

(се) повардуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
посматра, набљудува, гледа

подзаварди повеќе

подзавардат
Вид збор: Глагол, свршен
Припази кратко време.

поѕирне повеќе

Види и: ѕирне (св.)
(се) поѕирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Гледа, внимава на себе и на својата околина, се набљудува себеси.
Употреба: Дијалектен збор

понагледа повеќе

Види и: нагледа (св.)
понагледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагледа, припази, причува малку некого или нешто.

понаѕре повеќе

понаѕрат
Вид збор: Глагол, свршен
Причува, погледна малку, намине одвреме-навреме.
Албански: vështroj, vëzhgoj

попази повеќе

Види и: пази (несв.)
попазат
Вид збор: Глагол, свршен
Внимава на нешто кратко време.
(се попази) Се чува малку, кратко време.
Употреба: Ретко

попрати повеќе

Види и: прати (св.)
попратат
Вид збор: Глагол, свршен
За поглед - гледа во некого или нешто.

попули повеќе

Види и: пули (несв.)
(се) популат
Вид збор: Глагол, свршен
Гледа, набљудува малку, некое време некого или нешто.
Употреба: Дијалектен збор

посматра повеќе

посматраат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внимателно гледа некого или нешто.
Албански: vështroj

саат повеќе

мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
часовник
Албански: orë
Употреба: Разговорно

сат повеќе

Види и: саат (м.)
мн. сатови
Вид збор: Именка, машки род
саат
Употреба: Дијалектен збор

чкива повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
гледа
Употреба: Разговорно
Примери:
Го чкиваш?