а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

набљудува

набљудуваат; набљудувал; набљудуван
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2863
1. Внимателно гледа некого или нешто.
Англиски: watch Албански: vështroj
Примери:
Ја набљудуваше додека излегуваше од продавницата.
Го набљудуваше метежот на улицата.
2. иследува, проучува
Англиски: observe Албански: vëzhgoj
Примери:
Ги набљудува промените во однесувањето на болните.
Ги набљудува појавите на раслојување на општеството.
3. Надгледува, следи нечија работа, нечие однесување, некој настан.
Англиски: monitor Албански: monitoroj
Примери:
Го набљудува секој негов чекор, секоја негова постапка.
Неколку нивни претставници го набљудуваа спроведувањето на изборите.
Оттаму ја набљудуваме целата линија на фронтот.
Изведенки
набљудување ср.
глаг. им.