око
мн. очи
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 54
1.
Орган на сетилото за вид кај човекот и кај животните.
Употреба:
Анатомија
Примери:
убави очи
црни очи
мали очи
Вид: орган (м.)
3.
поглед, гледање
Примери:
Зеленилото се протегаше до каде што стасуваа очите.
Слично со:
поглед (м.)
4.
Способност за забележување.
Примери:
Тој има око и за најситните детали.
5.
надзор, надгледување
Примери:
Под неговото будно око работата течеше како што треба.
Слично со:
надзор (м.)
Изрази
Око за око, заб за заб - одмазда за сторено злосторство со иста мера.
Не сака ни очите да му ги види - нетрпеливост, отпор кон некого.
Очите си ги вадат - непријателски се расположени еден кон друг.
Очите си ги вадат - води љубов со некого.
Око не затвори - воопшто не заспа.
Фрли око (на некого/нешто) - сака нешто да добие; засака, бендиса.
Око соколово - остар вид.
На око - навидум.
Со голо око - без користење помошни инструменти, направи.
Гледа под око - тајно набљудува.
Гледа/чува некого како очите во главата - грижливо се однесува кон некого.
Трн во око (некому) - пречи (некому).
Земе (некого) на око - постојано е против некого.
Те/го... лажат очите - погрешно согледува, заклучува.
Боде очи - отскокнува, се изделува.
Му играат очите - итар, ѓаволест.
Паѓа в очи - се наметнува, многу е уочлив.
Не може да го погледне в очи - срам од некого поради погрешна постапка.
Во четири очи - насамо, доверливо.
Држи на око (некого) - следи некого.
Во очи - директно.
Прст пред око не се гледа - за многу темно.
Прст пред око не се гледа - за густа магла.
Жими / жити очи (клетва).
Ми се плаши окото - вознемирен сум од нешто, претчувствувам опасност.
(посл.) Далеку од очи, далеку од срце.