horse - онтологија

ат повеќе

мн. атови
Вид збор: Именка, машки род
коњ
Турски: at
Употреба: Архаизам

бинек повеќе

мн. бинеци
Вид збор: Именка, машки род
Коњ што служи за јавање.
Турски: binek
Употреба: Архаизам

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт.
Латински: Equus caballus Српски: коњ Албански: kalë Бугарски: кон Грчки: άλογο
Употреба: Зоологија
Гимнастичка направа за вежбање.
Албански: kalë, kaluç
Употреба: Спорт
коњска сила
Албански: kalë-fuqi
Употреба: Преносно значење , Физика

коњиште повеќе

Види и: коњ (м.)
мн. коњишта
Вид збор: Именка, среден род

коњски повеќе

коњскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на коњ.
Албански: kali, i kalit
Употреба: Зоологија
Што се однесува на коњска сила - практична единица за мерење моќност која не спаѓа во меѓународниот систем на мерни единици.
Албански: kalëfuqi
Употреба: Разговорно , Физика

коњче повеќе

мн. коњчиња
Вид збор: Именка, среден род
коњ
Албански: kal i vogël
Употреба: Деминутив , Зоологија
Дрвена или друга направа во вид на коњ, за детска забава.
Албански: kal i vogël si lodër

парип повеќе

парипот
Вид збор: Именка, машки род
коњ
Албански: at, kal
Употреба: Дијалектен збор , Зоологија

пеливан повеќе

мн. пеливани
Вид збор: Именка, машки род
Епитет за коњ.
Албански: epitet për kal
Употреба: Народна поезија
Примери:
Што обружа Шарца пеливана.

чапкан повеќе

мн. чапкани
Вид збор: Именка, машки род
Kоњ што оди многу брзо, а со ситни чекори.
Турски: çapkın Албански: lloj kali, çapkën
Употреба: Архаизам , Зоологија , Разговорно