широк
широки
Вид збор: Придавка
Ранг: 608
1.
Што има релативно голема широчина, голем напречен размер.
Примери:
широк сокак
широка улица
широко чело
широки раменици
широка врата
широки порти
Широк екран (за прикажување филмови).
Спротивно од:
тесен (прид.)
2.
Што е со наведени размери во метри.
Примери:
Патот е широк седум метра.
3.
Што има големи размери, што зафаќа големо пространство.
Примери:
широко место
(нар. поез.) Да си одиш во поле широко.
Ој, море широко.
Слично со:
простран (прид.)
4.
За облека - што е поголем од мерката; што не е тесен.
Примери:
Палтото ти е многу широко.
широк фустан
широки панталони
Спротивно од:
тесен (прид.)
5.
Што опфаќа многу.
Примери:
Во широк размер.
широк поим
широка програма
широка обработка
(разг.) Во широката (пошироката) смисла на зборот.
долг и широк (многу опширен)
Долга и широка расправа, дискусија и сл.
Таа е долга и широка (за случка, настан за чие раскажување или извршување е потребно многу време).
6.
Што зафаќа многу луѓе, повеќе места.
Примери:
широки познанства, широки врски
широките народни маси
широка организација
Широка мрежа од библиотеки.
Производи за широка потрошувачка.
Слично со:
масовен (прид.)
8.
Кој не е тесноград, ограничен; кој не гледа на ситници.
Примери:
широк човек
широко срце
широка душа
(разг.) Има (е со) широка рака.
Живее на широка нога.
Слично со:
неограничен (прид.)