stack - онтологија

бала повеќе

мн. бали
Вид збор: Именка, женски род
Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно.

бале повеќе

мн. балиња
Вид збор: Именка, среден род
бала
Албански: deng, vandak

закалапи повеќе

закалапат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да калапи тутун.

зареди повеќе

заредат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да реди, да става нешто едно по или до друго.
Албански: rreshtoj

калапи повеќе

калапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Редејќи набива во врзоп листови тутун.
Турски: kalıplamak Албански: vargon duhan në vandak
Реди, собира карти (во игра со карти); пари, штеди и сл.
Албански: rradhit në pirg, vandak
Употреба: Преносно значење

карма повеќе

(едн.) кармата
Вид збор: Именка, женски род
(мн. карми) наредени дрва
Албански: dru të rradhitur
Употреба: Дијалектен збор

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Определен број билети, фактури, формулари и сл. што се врзани на едниот крај.
Турски: koçan Албански: koçan, tufë

наслага повеќе

мн. наслаги
Вид збор: Именка, женски род
Наталожен материјал во вид на слој, на пласт.
Албански: stivim, llurbë, fundrinë

насложи повеќе

насложат
Вид збор: Глагол, свршен
Сложи повеќе предмети еден врз друг или на некој друг начин.

наслои повеќе

наслојат
Вид збор: Глагол, свршен
Нанесе, натрупа во слоеви.
Албански: shtresoj, sjell
(се наслои) Се напласти, се натрупа во слоеви.
Албански: palohet, shtresohet

пониже повеќе

пониже
Вид збор: Глагол, свршен
Ниже малку; ниже кратко време.

понижува повеќе

Види и: понижи (св.)
понижуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пониже, ниже малку.
Албански: rradhoj, vargoj

слога повеќе

(едн.) слогата
Вид збор: Именка, женски род
Наредени дрва покрај ѕид.
Албански: grumbull

спласти повеќе

Види и: напласти (св.)
спластат
Вид збор: Глагол, свршен
Собере нешто окосено и направи на пластови.
Примери:
спласти сено

спластува повеќе

Види и: спласти (св.)
спластуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
напластува

штангла повеќе

мн. штангли
Вид збор: Именка, женски род
Пакет од повеќе кутии на цигари.
Германски: Stange Албански: shtangë, pako
Употреба: Разговорно

штека повеќе

мн. штеки
Вид збор: Именка, женски род
Пакет од кутии со цигари.