а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

кочан

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 7711
1. Плод од пченка сосе зрната или без нив.
Англиски: cob Турски: koçan Албански: kërcyell, koçan
Употреба: Ботаника
Примери:
Оронет кочан од пченка.
Селаните варат кочани во полето.
2. стебло на зелка
Англиски: stem Турски: koçan Албански: kërcyell
Употреба: Ботаника
3. Повеќегодишна билка која се одгледува поради коренот во форма на слатки кртоли, се користи најчесто во свежа состојба или во жива туршија; репка, земни јаболка.
Латински: Helianthus tuberosus Англиски: Jerusalem artichoke Турски: koçan Албански: angjinare, mollë toke
Употреба: Ботаника
4. Корен на опашка и сл.
Англиски: root Турски: koçan Албански: rrënjë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја откорна опашката од кочанот.
5. Определба за многу студено време.
Турски: koçan Албански: akull ftohtë
Употреба: Разговорно
Примери:
Надвор е кочан.
Кочан студено.
6. Определен број билети, фактури, формулари и сл. што се врзани на едниот крај.
Англиски: stack Турски: koçan Албански: koçan, tufë
Примери:
Го опна кочанот на колената и запиша.
Ги кине дозволите од кочанот.