Економија - категорија

павилјон повеќе

мн. павилјони
Вид збор: Именка, машки род
Просторија или зграда предназначена за излагање експонати од изложба и др.
Англиски: pavilion Албански: pavijon
Просторија или зграда за продавање на извесни стоки.
Англиски: pavilion Албански: pavijon

пазар повеќе

мн. пазари
Вид збор: Именка, машки род
Место каде се тргува.
Англиски: market place Турски: pazar Албански: treg
пазарен ден
Англиски: market day Албански: ditë pazari
купување
Англиски: shopping Албански: blerje
промет
Англиски: turnover Албански: qarkullim
Работа, договор за купопродажба.
Англиски: contact Албански: pazarllëk
(економски) пазар
Англиски: market Турски: pazar

пазарен повеќе

пазарни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пазар.
Англиски: market Албански: pazari, tregu
Примери:
пазарен ден

пазарење повеќе

мн. пазарења
Вид збор: Именка, среден род
купување
Англиски: shopping Албански: blerje
Договарање за цената при купување или продавање.
Англиски: negotiation Албански: bëj pazar
Наемање за работа.
Англиски: employment Албански: pazar për punë
Договарање за служба, работа.
Англиски: negotiation Албански: bisedime

пазари повеќе

пазарат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Купува различни стоки.
Англиски: shop Албански: blej, bëj pazar
Договори, договара цена при продавање или купување нешто.
Англиски: negotiate Албански: negocioj, pazaroj
Најме, најмува за некоја работа.
Англиски: hire Албански: bëj pazar
(се пазари) се ценка
Англиски: haggle Албански: bëj pazar, pazaritem
(се пазари) Се погодува, се договара за служба и плаќање.
Англиски: agree Албански: bëj pazar, ujdi

пазаришен повеќе

пазаришна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пазариште.
Англиски: market Албански: pazari, tregu

пазариште повеќе

Види и: пазар (м.)
мн. пазаришта
Вид збор: Именка, среден род
Место кај што се пазари.
Англиски: market
Примери:
пазариште за крупен добиток

пазариштен повеќе

пазаришна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пазариште.
Англиски: market Албански: pazari, tregu

пазарлак повеќе

мн. пазарлаци
Вид збор: Именка, машки род
пазарење, нагодба, договор, погодба, купопродажба
Англиски: negotiation Турски: pazarlık Албански: pazarllëk
Примери:
Како ни беше пазарлакот?
ценкање
Англиски: haggle Албански: bëj pazar

пазарлама повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пазарлак
Англиски: bargain Турски: pazarlama

пазарски повеќе

пазарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пазар.

пазарува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
пазари
Англиски: shop Албански: bëj pazar
(се пазарува) се пазари
Англиски: negotiate Албански: bëj pazar

пазарување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пазарење
Англиски: negotiation

пазарџибашија повеќе

мн. пазарбашии
Вид збор: Именка, машки род
Лицето кое од куќата (домот) оди на пазар, да пазари; тоа обично е старешината, домаќинот на куќата, домот.
Примери:
Пазарбашијата не е дома.

пазарџија повеќе

мн. пазарџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што оди на пазар да пазарува.
Англиски: shopper Турски: pazarcı Албански: pazarxhi, tregtar
Селанец, земјоделец, градинар, кој на пазар ги носи своите производи за продавање.
Англиски: merchant Турски: pazarcı Албански: pazarxhi

пазарџиски повеќе

пазарџиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на пазарџија.

панагир повеќе

Види и: панаѓур (м.)
мн. панагири
Вид збор: Именка, машки род
панаѓур
Англиски: fair Турски: panayır Албански: panair

панаѓур повеќе

Види и: панагир (м.)
мн. панаѓури
Вид збор: Именка, машки род
саем
Англиски: fair Турски: panayır Албански: panair

панаѓурски повеќе

панаѓурскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на, што е од панаѓур.
Албански: panairi
Примери:
Панаѓурски дни (денови).

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
Стоти дел од динарот.
Албански: pare (e qindta)
монета
Англиски: coin Турски: para Албански: monedhë
парични средства, капитал
(во едн.) пари
Англиски: money

парагон-блок повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Копија на сметка што му се дава на купувачот за, купената стока.
Албански: paragon-bllok

параспурен повеќе

параспурна
Вид збор: Придавка
Дадено на наем.
Англиски: rented Албански: dhënë me qira
Примери:
Папаспурна нива - нива дадена на наполичар.

параспуриште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Земјиште кое некогаш припаѓало на ага а кое го давал на бесплатно уживање на чивчија.
Албански: paraspyrishte

пари повеќе

парите
Вид збор: Именка, множина
Платежни средства од метал или од хартија.
Англиски: money Турски: para Албански: para, të holla
вредност
Англиски: value Албански: vlerë
Капитал, имот, финансиски средства.
Англиски: capital Албански: kapital, pronë, mjete financiare

паритет повеќе

мн. паритети
Вид збор: Именка, машки род
Во економијата - сооднос на валутите на разни земји во злато.
Англиски: parity Албански: barazi

париче повеќе

мн. паричиња
Вид збор: Именка, среден род
Ситна пара.
Англиски: small change Албански: para e imë, të holla

паричен повеќе

паричниот
Вид збор: Придавка
Од пари, со пари.
Англиски: monetary Албански: monetar, parash

паричка повеќе

Види и: пара (ж.)
мн. парички
Вид збор: Именка, женски род
пара
Англиски: money Албански: pare e vogël, të holla
Примери:
Му летнаа паричките.

партија повеќе

мн. партии
Вид збор: Именка, женски род
Определена количина стоки, обично во врска со нивното произведување, испраќање или добивање.
Англиски: shipment
Во книговодството: одредница.
Англиски: line

партнер повеќе

мн. партнери
Вид збор: Именка, машки род
Соучесник во деловен или друг потфат.
Англиски: companion Албански: bashkëpunëtor

пасива повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сите долгови и обврски на едно претпријатие.
Англиски: liabilities Албански: detyrime

пасивен повеќе

пасивни
Вид збор: Придавка
Во врска со пасива.
Албански: detyrimi
Што е без инфраструктира, што нема материјални услови неопходни за развој на стопанството и за обезбедување на квалитетно живеење.
Англиски: passive Албански: pasiv

патент повеќе

мн. патенти
Вид збор: Именка, машки род
Документ за правото врз пронајдокот.
Англиски: patent Албански: patent
резервација, заштита
Англиски: copyright Албански: patent, mbrojtje

паушал повеќе

мн. паушали
Вид збор: Именка, машки род
Сума определена приближно.
Англиски: lump sum Албански: paushall

паушален повеќе

паушална
Вид збор: Придавка
Приближно определен.
Англиски: lump sum Албански: paushall
Примери:
Паушална сума (пари).

паушално повеќе

Вид збор: Прилог
паушален
Англиски: lump sum Албански: paushale

пезета повеќе

Види и: песета (ж.)
мн. пезети
Вид збор: Именка, женски род
Бивша парична единица во Шпанија.
Англиски: peseta Албански: pezeta

пеј повеќе

пејови
Вид збор: Именка, машки род
капар
Англиски: deposit payment Албански: pej, kapar

пекар повеќе

мн. пекари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што продава леб и други печива.
Англиски: baker Албански: furrtar

пенал повеќе

мн. пенали
Вид збор: Именка, машки род
Во трговијата договорена отштета поради неисполување на договорените услови.
Англиски: punitive damage Албански: gjobë
Примери:
Пенали за доцнење.

персоналец повеќе

мн. персоналци
Вид збор: Именка, машки род
персонален данок
Англиски: income tax Албански: tatim mbi të ardhurat

песета повеќе

Види и: пезета (ж.)
мн. песети
Вид збор: Именка, женски род
пезета
Англиски: peseta

пескар повеќе

мн. пескари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што вади и продава песок.
Албански: zallëxhi

петденарка повеќе

мн. петденарки
Вид збор: Именка, женски род
Монета со вредност од пет денари.

петолетка повеќе

мн. петолетки
Вид збор: Именка, женски род
Петгодишен стопански план.
Албански: plan pesëvjeçar

печалба повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
заработка
Англиски: earning Албански: fitim
профит
Англиски: profit Албански: profit

пилјара повеќе

мн. пилјари
Вид збор: Именка, женски род
бакалница
Англиски: grocery

пилотира повеќе

пилотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Испитува постапка под реални околности со избрани корисници.
Англиски: pilot

пишманлак повеќе

мн. пишманлаци
Вид збор: Именка, машки род
Откажување од договор, од намера.
Англиски: cancellation Албански: pezullim
Надомест од оној што се откажал од договорот.
Англиски: restitution Албански: dëmshpërblim

планер повеќе

мн. планери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што планира производствен план.
Англиски: planner Албански: projektues, planifikues

пласман повеќе

(едн.) пласманот
Вид збор: Именка, машки род
Пласирање, продажба на стоки.
Англиски: sale Албански: shitje
Вложување пари во нешто.
Англиски: investment Албански: investim

пластичар повеќе

мн. пластичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што тргува со пластични производи.
Албански: tregëtar me prodhime plastike

плата повеќе

мн. плати
Вид збор: Именка, женски род
Определена награда за труд.
Англиски: salary Албански: rrogë, pagë
Примери:
Месечна плата.

платежен повеќе

платежни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на плаќање.
Англиски: payment Албански: pagesor

платен повеќе

платени
Вид збор: Придавка
Што се плаќа.
Англиски: paid Албански: i paguar
Што работи за плата.
Англиски: paid Албански: i paguar
Што се однесува на плата.
Англиски: salary Албански: page
Што плаќа.
Англиски: buying Албански: blerje

платец повеќе

Види и: плаќач (м.)
мн. платци
Вид збор: Именка, машки род
плаќач
Англиски: payer Албански: pagues

платица повеќе

мн. платици
Вид збор: Именка, женски род
плата
Англиски: salary Албански: pagë, rrogë

платичка повеќе

Види и: плата (ж.)
мн. платички
Вид збор: Именка, женски род
плата
Англиски: salary Албански: rrogë, pagë

платлив повеќе

платливи
Вид збор: Придавка
Тој што треба или што може да се плати.
Англиски: payable Албански: i pagueshëm

платнар повеќе

мн. платнари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ткае или продава платна.
Англиски: weaver

платнарница повеќе

мн. платнарници
Вид збор: Именка, женски род
Фабричко одделение во кое се изработуваат разни платна.
Англиски: weaving mill Албански: reparti i pëlhurave
Дуќан во кој се продавале платна.
Англиски: textile shop Албански: dyqan i pëlhurave

плаќа повеќе

Види и: плата (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
плата
Англиски: salary Албански: pagë. rrogë

плаќа повеќе

Види и: плати (св.)
плаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плаќање
Англиски: pay Албански: paguaj
(се плаќа) Расчистува долгови.
Англиски: settle Албански: paguaj, shlyej

плаќач повеќе

мн. плаќачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што плаќа; клиент.
Англиски: payer Српски: платиша Албански: pagues
Примери:
Добар (лош) плаќач.

плебеец повеќе

мн. плебејци
Вид збор: Именка, машки род
Во средниот век и подоцна - припадник на градската сиромаштија.
Англиски: plebeian Албански: plebe
Во речта на аристократските кругови - човек од „ниско” потекло.
Англиски: proletarian Албански: proletar, plebe

плетачница повеќе

мн. плетачници
Вид збор: Именка, женски род
Место, работилница каде што се плете, се изработуваат предмети со плетење.
Англиски: knitting mill

побарување повеќе

мн. побарувања
Вид збор: Именка, среден род
Долг што треба да се наплати.
Англиски: debt Албански: borxh, huazim
побарувачка
Англиски: demand, claim Албански: kërkesë

побарувач повеќе

мн. побарувачи
Вид збор: Именка, машки род
Некој што има право на побарување.
Англиски: claimant Албански: kërkues

побарувачка повеќе

мн. побарувачки
Вид збор: Именка, женски род
Пазарна врска од купувачите кон продавачите на добра или услуги.
Англиски: demand Албански: kërkesë
Примери:
Моделот на понудата и побарувачката ја одредува количината и цената продадена на пазарот.

повереник повеќе

мн. повереници
Вид збор: Именка, машки род
Претставник, агент на фирма и сл.
Англиски: representative Албански: përfaqësues

погон повеќе

мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од фабрика, од производствено претпријатие што се занимава со некој вид од процесот на производството.
Англиски: plant Албански: uzinë

погонче повеќе

Види и: погон (м.)
мн. погончиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало производно претпријатие.
Англиски: manufacture

подизведувач повеќе

мн. подизведувачи
Вид збор: Именка, машки род
Изведувач што изведува работи по налог на некој друг изведувач.
Англиски: subcontractor

подржави повеќе

подржават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде државно.
Англиски: nationalize Албански: shtetëzoj

подружница повеќе

мн. подружници
Вид збор: Именка, женски род
Филијала, друштво, основна клетка на поголема организација.
Англиски: branch Албански: degë, filial

позајми повеќе

позајмат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде на заем.
Англиски: lend Албански: huazoj
Земе на заем.
Англиски: borrow Албански: huazoj

позајмица повеќе

позајмицата
Вид збор: Именка, женски род
Сума пари што треба да се врати со камата.
Англиски: loan Албански: huazim

позајмување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(глаг. им.) Давање заем.
Англиски: lending Албански: huazim, kreditim
Примери:
Позајмување на кус период.
(глаг. им.) Земање заем.
Англиски: borrowing Албански: huazim, huamarrje

позајмувач повеќе

мн. позајмувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава заем.
Англиски: lender Албански: huadhënës
Тој што зема заем.
Англиски: borrower Албански: huamarrës

позаментерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Работилница за изработка и за продажба на такви предмети.
Албански: qëndistari

позитива повеќе

позитивата
Вид збор: Именка, женски род
позитивен износ
Англиски: credit

позитивен повеќе

позитивни
Вид збор: Придавка
Што работи со добивка, што не покажува загуба.
Англиски: positive Албански: pozitiv

позиција повеќе

мн. позиции
Вид збор: Именка, женски род
Во книговодството - ставка во сметка, во буџет.

покрие повеќе

покријат
Вид збор: Глагол, свршен
Подмири трошоци
Англиски: cover Албански: mbuloj

покритие повеќе

мн. покритија
Вид збор: Именка, среден род
Во банкарството - располагање со вредносни средства со кои се покрива долгот или некоја друга финансиска обврска.
Англиски: coverage Албански: mbulesë

покупка повеќе

мн. покупки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се купува, обично поситни потребни нешта.
Англиски: shopping Албански: blerje, shoping

полиса повеќе

мн. полиси
Вид збор: Именка, женски род
Документ за осигурување лица, предмети, имот и сл.
Англиски: policy Албански: polisë, dokument sigurimi

политика повеќе

мн. политики
Вид збор: Именка, женски род
Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определени задачи и цели.
Англиски: politics Албански: politikë

полупроизвод повеќе

мн. полупроизводи
Вид збор: Именка, машки род
Производ добиен од основна суровина, кој слуши како суровина за изработка на финален производ.
Англиски: semifinished product Албански: gjysmëprodhim

полуфабрикат повеќе

мн. полуфабрикати
Вид збор: Именка, машки род
полупроизвод
Англиски: semi-product Албански: gjysmëprodhim, gjysmëfabrikat

понуда повеќе

мн. понуди
Вид збор: Именка, женски род
Количина на стока што се нуди на пазарот.
Англиски: supply Албански: furnizim
Наддавање во цената, лицитација.
Англиски: bidding Албански: ankand

понудувач повеќе

мн. понудувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што понудува нешто за продажба или изведување.
Англиски: seller

попуст повеќе

мн. попусти
Вид збор: Именка, машки род
Намалување, снижување на цената, делот од цената за кој е намалена.
Англиски: discount Албански: zbritje

порамни повеќе

порамнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се порамни) Дојде до спогодба, се спогоди, се согласи.
Англиски: settle Албански: pajtoj, merrem vesh

порачка повеќе

мн. порачки
Вид збор: Именка, женски род
Барање, налог со кој нешто се порачува; тоа штое порачано.
Англиски: order Албански: porosi

порачувач повеќе

мн. порачувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што порачува.
Англиски: client Албански: porositës

порески повеќе

пореска
Вид збор: Придавка
даночен
Англиски: tax Албански: tatimor
Примери:
Пореска управа.

портфолио повеќе

мн. портфолија
Вид збор: Именка, среден род
Комбинација од различни вредносни хартии.
Англиски: portfolio Албански: portfolio

поседник повеќе

мн. поседници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што поседува недвижен имот.
Англиски: proprietor

поскапи повеќе

поскапат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми цена на нешто, направи да биде поскапо.
Англиски: increase price Албански: shtrejtoj
Стане поскап.
Англиски: increase price Албански: shtrejtohet

поскапување повеќе

Види и: поскапи (св.)
мн. поскапувања
Вид збор: Именка, среден род
Покачување на цените.
Англиски: rising prices Албански: shterjtim

посредник повеќе

мн. посредници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што посредува меѓу две страни и помага за постигнување спогодба или за успешно извршување на некаква работа.
Англиски: intermediary Албански: ndërmjetsues

посредништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Служба, работа на посредник.
Албански: ndërmjetsim

поткачи повеќе

поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми, повиши малку цена.
Англиски: rise Албански: hip, rrit

поткуп повеќе

(едн.) поткупот
Вид збор: Именка, машки род
Пари, привилегија или финансиски надомест што се дава на лице што е на функција за да заврши некоја нечесна работа.
Англиски: bribery Албански: mitosje

поткупи повеќе

поткупат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поткуп, подмити.
Англиски: bribe Албански: mitos, ryshfet

потреба повеќе

мн. потреби
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е потребно, неопходно.
Англиски: consumption Албански: nevojitet

потрошувач повеќе

мн. потрошувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што троши (пари, стока, енергија).
Англиски: consumer Албански: konsumator

потрошувачка повеќе

(едн.) потрошувачката
Вид збор: Именка, женски род
Процес на трошење на природните и на произведените добра, стоки заради задоволување на индивидуалните или колективните потреби.
Англиски: consumption Албански: konsum

потрошувачки повеќе

Види и: потрошувач (м.)
потрошувачки
Вид збор: Придавка
Што се однесува на потрошувач; што му служи на потрошувачот.
Англиски: consumer Албански: konsumatori, konsumues

почек повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Одложено плаќање во трговијата; продадената и земената стока се плаќа подоцна, со чекање извесно време.
Англиски: credit Албански: pritje, kredi

поштозашто повеќе

Вид збор: Прилог
Премногу евтино, речиси за ништо.
Албански: thue pa të holla

прагматика повеќе

(едн.) прагматиката
Вид збор: Именка, женски род
Постапки, ред, распоред во деловната дејност.
Англиски: pragmatic Албански: pragmatik

пребие повеќе

Види и: бие (несв.)
пребијат
Вид збор: Глагол, свршен
Израмни, покрие долгови со побарувања преку финансиска или друга операција.
Англиски: break even Албански: rentabilitet

преведе повеќе

преведат
Вид збор: Глагол, свршен
Префрли пари (од една сметка на друга) по пошта, во банка.
Англиски: transfer Албански: transferoj

превоз повеќе

(едн.) превозот
Вид збор: Именка, машки род
Пренесување, транспорт на патници или стока со помош на превозно средство.
Англиски: transportation Албански: mbartje, transport

превработеност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Што има премногу вработени.
Англиски: overemployment
Примери:
Државниот монопол во минатото, со превработеност и неколку пати пониски цени, сепак правеше добивки.

преддоговор повеќе

мн. преддоговори
Вид збор: Именка, машки род
Договор со којшто договорните страни се обврзуваат дека ќе склучат главен договор.
Англиски: precontract, letter of intent

предработник повеќе

мн. предработници
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на градба, мајстор.
Англиски: foreman

презадолжен повеќе

Види и: задолжен (прид.)
презадолжени
Вид збор: Придавка
Што е премногу задолжен, што има големи долгови.
Англиски: overindebted Албански: i stërngarkuar me borxhe

презадолжи повеќе

Види и: задолжи (св.)
(се) презадолжат
Вид збор: Глагол, свршен
Се задолжи премногу, направи големи долгови.
Албански: i stërngarkuar me borxhe

преквалификација повеќе

мн. преквалификации
Вид збор: Именка, женски род
Оспособување за нова струка или професија.
Албански: rikualifikim

прекупец повеќе

мн. прекупци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што купува стока за да ја препродаде.
Англиски: reseller Албански: parablerës, rishitës

прекупи повеќе

прекупат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно купи нешто што е продадено, купи нешто од тој што препродава, купи за препродавање.
Албански: rishes

премија повеќе

мн. премии
Вид збор: Именка, женски род
Парична награда на извозниците за стимулирање на извозот на некои стоки.
Англиски: stimulus Албански: stimul, shtysë

пренос повеќе

мн. преноси
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Пренесување на сопственост од еден носител врз друг.
Англиски: transfer Албански: transfer, mbartje

препродавач повеќе

мн. препродавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што препродава.
Англиски: reseller Албански: rishitës, stërshitës

препродаде повеќе

Види и: продаде (св.)
препродадат
Вид збор: Глагол, свршен
Продаде повторно нешто порано купено, купи па продаде.
Англиски: resell Албански: rishes, stërshes

препродажба повеќе

мн. препродажби
Вид збор: Именка, женски род
Продажба на тоа што било купено.
Англиски: resale Албански: rishitje, stërshitje

преработувач повеќе

мн. преработувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што преработува нешто.
Англиски: producer Албански: prodhues, përpunues

преработувачки повеќе

Види и: преработувач (м.)
преработувачка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на преработувач.
Англиски: processing Албански: prodhuese

пресметка повеќе

мн. пресметки
Вид збор: Именка, женски род
Завршна сметка по извршена работа или по некој определен рок.
Англиски: settlement Албански: parallogari, llogaritje

преструктурира повеќе

преструктурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно структурира, поинаку структурира нешто.
Англиски: restructure Албански: ristrukturim

претплата повеќе

мн. претплати
Вид збор: Именка, женски род
Определена сума пари што се плаќа однапред за производи или услуги.
Англиски: subscription Албански: parapagesë
Определена сума пари што се плаќа секој месец за добивање некаква услуга.
Англиски: subscription Албански: parapagesë

претплатен повеќе

претплатни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на претплата.
Албански: parapagese, parapagimi

претприемач повеќе

мн. претприемачи
Вид збор: Именка, машки род
сопственик на фирма
Англиски: entrepreneur Албански: ndërrmarrës

претприемништво повеќе

претприемништвото
Вид збор: Именка, среден род
дејност на претприемач
Англиски: entrepreneurship Албански: ndërmarrësi

претпријатие повеќе

мн. претпријатија
Вид збор: Именка, среден род
самостојна деловна организација
Англиски: enterprise Албански: kompani

претсметка повеќе

мн. претсметки
Вид збор: Именка, женски род
Претходна приближна пресметка со која се предвидени приходите и расходите, приближна цена на чинење.
Англиски: settlement Албански: parallogari

претсметковен повеќе

Види и: претсметка (ж.)
претсметковниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на претсметка.
Албански: parallogaritës

приватизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Преминување на државна или општествена сопственост во приватна.
Англиски: privatization Албански: privatizim

приватизира повеќе

приватизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави да стане приватен, врши приватизација на државна или општествена сопственост.
Англиски: privatize Албански: privatizoj

приватник повеќе

мн. приватници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што произведува со свои средства и на своја сметка.
Англиски: entrepreneur Албански: ndërmarrës

придобивка повеќе

мн. придобивки
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што е стекнато, здобиено.
Англиски: attainment Албански: përfitim

прикупи повеќе

Види и: купи (св.)
прикупат
Вид збор: Глагол, свршен
Купи повторно уште малку од нешто.
Албански: blej edhe ca

примање повеќе

Види и: прима (несв.)
мн. примања
Вид збор: Именка, среден род
заработка, приход
Англиски: income Албански: të ardhura

притече повеќе

Види и: претече (св.)
(се) притечат
Вид збор: Глагол, свршен
претече

приход повеќе

мн. приходи
Вид збор: Именка, машки род
Целокупни средства добиени во определен период кои подлежат на оданочување.
Англиски: income Албански: fitim, të ardhura

приходен повеќе

Види и: приход (м.)
приходна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на приход.
Албански: fitimprues

провизија повеќе

мн. провизии
Вид збор: Именка, женски род
надомест за некакво посредување (обично изразена во проценти од вкупната вредност)
Англиски: commission Албански: provizion

провизионирање повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Навремено снабдување, ставање на располагање, обезбедување на ресурси.
Англиски: provisioning
Пресметка на плата на основа на провизија.
Англиски: provisioning

продавач повеќе

мн. продавачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што продава, што е вработен во продавница, во трговска куќа за да продава или да работи врз продажбата.
Англиски: vendor Албански: shitës
Тој што има, што огласува нешто за продавање, што сака нешто свое да продаде (куќа, нива, кола и сл.)
Англиски: seller Албански: shitës

продавачки повеќе

продавачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на продавач или продавачка.
Англиски: sale Албански: shitëse

продавница повеќе

мн. продавници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што се продава стока.
Англиски: shop Албански: shitore

продаде повеќе

продаде
Вид збор: Глагол, свршен
Даде за пари, со плаќање стока, имот и сл.
Англиски: sell Албански: shes

продажба повеќе

мн. продажби
Вид збор: Именка, женски род
Давање, отстапување стока за определена цена.
Англиски: sale Албански: shitje
трговија, промет
Англиски: trade Албански: tregti

продажбен повеќе

Види и: продажен (прид.)
продажбениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на продажба.
Англиски: sales Албански: i shitjes

продажен повеќе

продажниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на продажба.
Англиски: sales Албански: i shitur
Што е определен за продажба.
Англиски: sales Албански: për shitje

продуктивен повеќе

продуктивни
Вид збор: Придавка
Што овојможува производство, што е поволен за производство, што се произведува.
Англиски: productive Албански: produktive

продукција повеќе

мн. продукции
Вид збор: Именка, женски род
Количество на производи како резултат на физички или интелектуален труд.
Англиски: production Албански: produksion

произведувач повеќе

мн. произведувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што произведува.
Англиски: producer Албански: prodhues

производ повеќе

мн. производи
Вид збор: Именка, машки род
Резултат на човечки труд.
Англиски: product Албански: prodhim

производен повеќе

производни
Вид збор: Придавка
Што произведува, што се однесува на произведување.
Англиски: production Албански: prodhues

производност повеќе

(едн.) производноста
Вид збор: Именка, женски род
Способност, капацитет за произведување.
Англиски: productivity Албански: produktivitet

производствен повеќе

производствени
Вид збор: Придавка
Што се однесува на производство.
Англиски: production Албански: prodhues
Што се занимава со производство.
Англиски: production Албански: prodhues

производство повеќе

(едн.) производството
Вид збор: Именка, среден род
Организиран процес при којшто се добиваат резултати од човечкиот труд.
Англиски: production Албански: prodhim
Одделна гранка во земјоделството, индустријата.
Англиски: production Албански: prodhim

прокнижи повеќе

прокнижат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе, заведе во трговски или касови книги.
Англиски: book Албански: shënoj, regjistroj

прокурист повеќе

мн. прокуристи
Вид збор: Именка, машки род
Физичко лице овластено од компанијата да склучува договори и да врши правни работи и дејствија во нејзино име и за нејзина сметка во рамките на предметот на нејзиното работење и да го застапува друштвото во постапките пред управните и други државни органи.
Англиски: general manager Албански: menaxher i përgjithshëm

пролетаризација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Процес на постепено осиромашување на ниските и средните слоеви од населението, при што тие стануваат наемни работници.
Англиски: proletarianization

пролетаризира повеќе

пролетаризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи од некого во пролетер.
Англиски: proletarianize
(се пролетаризира) Се претвори во, стане пролетер.
Англиски: proletarianize

пролетаријат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општествена класа на пролетери.
Англиски: proletariat Албански: proletariat

пролонгира повеќе

пролонгираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Продолжи, продолжува рок, важност на договор, меница и сл.
Англиски: prolong Албански: prolongoj, shtyej

промет повеќе

мн. промети
Вид збор: Именка, машки род
Процес на промена на вредности; размена на стока во пари и обратно; движење на стока и пари.
Англиски: turnover Албански: qarkullim
Обем на работи во остварувањето на добивка.
Англиски: sales Албански: shitje, qarkullim

прометен повеќе

проментни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на промет.
Албански: qarkullimi

промоција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Промовирање, претставување нешто во јавноста.
Англиски: promotion Албански: promovim

проспект повеќе

мн. проспекти
Вид збор: Именка, машки род
Печатена реклама во вид на леток или на брошура.
Англиски: leaflet Албански: prospekt

просперитет повеќе

(едн.) просперитетот
Вид збор: Именка, машки род
Општ успех, напредок, благосостојба во една заедница.
Англиски: prosperity Албански: prosperitet

прости повеќе

простат
Вид збор: Глагол, свршен
Се откаже од долг.
Англиски: write off Албански: falë borxh

протекционизам повеќе

(едн.) протекционизмот
Вид збор: Именка, машки род
Економска политика на заштита на домашното производство од надворешна конкуренција преку воведување на високи царини за увозните производи и субвенционирање на извозот на домашната стока.
Англиски: protectionism Албански: proteksionizëm

протекционист повеќе

мн. протекционисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на протекционизмот.
Англиски: protectionist Албански: proteksionist

протекционистички повеќе

Види и: протекционист (м.)
протекционистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со протекционист или протекционизам.
Англиски: protectionist Албански: proteksioniste

противвредност повеќе

(едн.) противвредноста
Вид збор: Именка, женски род
Количество што одговара според својата вредност на количината пари или на друга вредност.
Англиски: equivalent Албански: kundërvlerë

профактура повеќе

мн. профактури
Вид збор: Именка, женски род
Фактура испратена пред нарачката, како понуда; провизорна фактура.
Англиски: provisional invoice Албански: profaturë, pro forma

професионален повеќе

професионалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на професија и на професионалец.
Англиски: professional Албански: profesional

професионалец повеќе

мн. професионалци
Вид збор: Именка, машки род
Што се занимава со некоја работа како професија.
Англиски: professional Албански: profesionist

професионализира повеќе

професионализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претвори во професија, во постојано занимање.
Англиски: professionalize

профит повеќе

мн. профити
Вид збор: Именка, машки род
Финансиска добивка, заработка изразена во пари; остаток по одбивањето на сите трошоци за производство.
Англиски: profit Албански: fitim

профитабилен повеќе

Види и: профит (м.)
профитабилни
Вид збор: Придавка
Што носи профит.
Англиски: profitable Албански: profitabil

профитен повеќе

профитниот
Вид збор: Придавка
Што работи врз основа на профит.
Англиски: profit

профитира повеќе

профитираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извлекува некаква полза, се здобива со профит.
Англиски: profit Албански: profitoj, përfitoj

проформа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Формално, за да се задоволи формата.
Англиски: pro forma Албански: proformë

проценител повеќе

мн. проценители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши процена.
Англиски: appraiser Албански: vlerësues

процент повеќе

мн. проценти
Вид збор: Именка, машки род
Доход добиент на секои сто денари, или сто други парични единици.
Англиски: percentage
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш