Економија - категорија

даванија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Задолжителни давачки, данок.
Англиски: tax Албански: harxhime, tatim

давачка повеќе

мн. давачки
Вид збор: Именка, женски род
издаток, трошок
Англиски: expenditure Албански: harxhim
данок, намет
Англиски: tax Албански: taksë, tatim

дампинг повеќе

мн. дампинзи
Вид збор: Именка, машки род
Продажба на стока по многу ниски цени заради конкурентност и освојување нови пазари.
Англиски: dumping Албански: damping, zbritje

данок повеќе

мн. даноци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од доходот, од трудот што и се дава на државата или на општината.
Англиски: tax Албански: tatim, taks

даночен повеќе

даночни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на данок.
Англиски: tax Албански: tatimor

даночи повеќе

даночат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зема, собира данок.
Англиски: tax

даночник повеќе

мн. даночници
Вид збор: Именка, машки род
Овластено лице што собира данок; лице што работи во даночна служба, што пресметува данок.
Англиски: tax collector Албански: tatimmbledhës

движење повеќе

Види и: движи (несв.)
мн. движења
Вид збор: Именка, среден род
Растење или паѓање на цени.
Англиски: movement Албански: zbritje

ДДВ повеќе

Види и: данок (м.)
Вид збор: Скратеница
данок на додадена вредност
Англиски: VAT

девалвација повеќе

мн. девалвации
Вид збор: Именка, женски род
Законско намалување на вредноста на една валута со решение на владата или на централната банка на една земја.
Англиски: devaluation Албански: devalvim

девалвира повеќе

девалвираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши девалвација.
Англиски: devaluate

девиза повеќе

мн. девизи
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Платежни средства издадени во странска валута што се користат обично за плаќање во странство.
Англиски: foreign currencies Албански: devizë, monedhë e huaj

девизен повеќе

Види и: девиза (ж.)
девизни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на девизи.
Албански: devizor

декларација повеќе

мн. декларации
Вид збор: Именка, женски род
Писмена пријава, изјава со податоци за определена стока, пратка и сл.
Англиски: declaration Албански: deklaratë

деловен повеќе

деловниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со работата.
Англиски: professional Албански: pune, afariste

деловница повеќе

мн. деловници
Вид збор: Именка, женски род
Претставништво, филијала на претпријатие или институција.
Англиски: branch

деловоден повеќе

деловодниот
Вид збор: Придавка
Што е службено запишано.
Англиски: registered

денар повеќе

мн. денари
Вид збор: Именка, машки род
Основна парична единица во Република Македонија.
Англиски: Denar Албански: denar

денарче повеќе

Види и: денар (м.)
мн. денарчиња
Вид збор: Именка, среден род
денар
Албански: denark
паричка
Англиски: money Албански: denarka
Примери:
неколку денарчиња

денационализација повеќе

мн. денационализации
Вид збор: Именка, женски род
Враќање на национализираниот имот на поранешните сопственици.
Англиски: denationalization Албански: denacionalizim

денационализира повеќе

денационализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врати, враќа национализиран имот на поранешните сопственици.
Англиски: denationalize Албански: denacionalizoj

депо повеќе

мн. депоа
Вид збор: Именка, среден род
Стовариште, магацин за стока.
Англиски: depot Албански: depo, magazë
Магацин за машини, апарати, опрема, книги и др.
Англиски: storehouse Албански: depo, magazë
Трезор, место во банка каде што се чуваат вредности.
Англиски: safe Албански: kasafortë

депозит повеќе

мн. депозити
Вид збор: Именка, машки род
Пари, накит, документи и вредни предмети оставени на чување најчесто во банка.
Англиски: deposit Албански: depozitë

депозитар повеќе

мн. депозитари
Вид збор: Именка, машки род
Евиденција каде што се водат финансиски информации.
Англиски: registry

депонент повеќе

мн. депоненти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што депонира нешто во банка, вложувач (на пари).
Англиски: depositor Албански: depozitar

депонија повеќе

мн. депонии
Вид збор: Именка, женски род
склад, стовариште, магацин
Англиски: depot Албански: depo, magazinë

депонира повеќе

депонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Остави, остава на чување; вложи, вложува пари во банка.
Англиски: deposit Албански: deponoj
Остави, остава свој потпис во банка.
Англиски: deposit Албански: depozitoj, deponoj

депресија повеќе

мн. депресии
Вид збор: Именка, женски род
Економско опаѓање, индустриски застој, стопанска криза, смалување на животниот стандард.
Англиски: depression Албански: depresion

дерегулација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на ограничувачки мерки во економијата.
Англиски: deregulation

дериват повеќе

мн. деривати
Вид збор: Именка, машки род
Финансиски продукт како договор меѓу две страни по кој под определени услови (датум, вредности, итн.) стапува наплаќањето.
Англиски: derivative Албански: derivat, produkt

дерикожа повеќе

мн. дерикожи
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој бескрупулозно ги искористува или мами луѓето.
Англиски: skinner Албански: mashtrues

дефицит повеќе

мн. дефицити
Вид збор: Именка, машки род
Кусок во благајната или на сметката.
Англиски: deficit Албански: deficit
Загуба воопшто; недостиг од нешто.
Англиски: deficit Албански: deficit, humbje

дефицитарен повеќе

дефицитарни
Вид збор: Придавка
Што е во загуба, што покажува кусок, што има повеќе давачки одошто примања.
Англиски: in deficit Албански: defiçitarë

дефлаторен повеќе

дефлаторниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дефлација, што предизвикува дефлација.
Англиски: deflationary Албански: deflacioni, deflatore

дефлација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Намалување на количеството пари во оптек заради зголемување на нивната куповна вредност.
Англиски: deflation Албански: deflacion

диверзификација повеќе

мн. диверзификации
Вид збор: Именка, женски род
Проширување на портфолио од производи, ресурси или инвестиции со цел на намалување на ризик.
Англиски: diversification

дивиденда повеќе

мн. дивиденди
Вид збор: Именка, женски род
Сразмерен дел од добивката на акционерското друштво што им се дава на акционерите врз основа на билансот.
Англиски: dividend Албански: dividendë

дилер повеќе

мн. дилери
Вид збор: Именка, машки род
Берзански агент што се занимава со купување на вредносни хартии и други стоки од свое име и за своја сметка.
Англиски: dealer Албански: agjent burse

динар повеќе

мн. динари
Вид збор: Именка, машки род
Основна парична единица во некои земји, некогаш и сега.
Албански: dinarë

директор повеќе

мн. директори
Вид збор: Именка, машки род
Управник, раководител на претпријатие, установа, образовна институција; организатор на работата во една фирма или пак установа.
Англиски: director Албански: drejtor

дирекција повеќе

мн. дирекции
Вид збор: Именка, женски род
Главна управа на претпријатие или на организација, обично водена од директор.
Англиски: management Албански: drejtori

дисконт повеќе

мн. дисконти
Вид збор: Именка, машки род
Каматен процент што се одбива при купување меница, чек со уште непристигнат рок на плаќање.
Англиски: discount Албански: zbritje
Продавница во која стоката се продава по намалени цени, се плаќа на рати и се даваат други олеснувања.
Англиски: discount Албански: zbritje

дистрибутер повеќе

мн. дистрибутери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши распределба на нешто, што врши дистрибуција.
Англиски: distributor Албански: distributor

дневница повеќе

мн. дневници
Вид збор: Именка, женски род
Дневна заработка, надница, награда за еден ден работа.
Англиски: daily wage Албански: mëditje
Паричен надомест за дневни трошоци од службен пат, покрај редовната плата.
Англиски: daily allowance Албански: mëditje

дневничар повеќе

мн. дневничари
Вид збор: Именка, машки род
надничар
Англиски: day laborer Албански: mëditës

добавувач повеќе

мн. добавувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што набавува нешто.
Англиски: supplier

добивка повеќе

мн. добивки
Вид збор: Именка, женски род
Материјална корист, заработка, профит.
Англиски: profit Албански: profit, fitim

добросостојба повеќе

(едн.) добросостојбата
Вид збор: Именка, женски род
Добра економска состојба во која живее населението.
Англиски: welfare

доверител повеќе

мн. доверители
Вид збор: Именка, машки род
заемодавач, кредитор
Англиски: creditor Албански: kreditor

додаток повеќе

мн. додатоци
Вид збор: Именка, машки род
Паричен износ што се додава кон редовните примања или врз друга основа (како награда, помош).
Англиски: extra pay Албански: shtojcë

дознака повеќе

мн. дознаки
Вид збор: Именка, женски род
Парична испратница преку банка или пошта.
Англиски: remittance Албански: dërgim
Налог за исплата пари.
Англиски: remittance Албански: triskë, dërgesë

докуп повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Докупување на нешто одеднаш, обично во поголема мера.
Англиски: buy out Албански: blerje plotësuese

докупи повеќе

докупат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со купување.
Англиски: buy out Албански: përfundoj blerjen
Купи уште, повеќе.
Англиски: buy Албански: blej më tepër

долар повеќе

мн. долари
Вид збор: Именка, машки род
Парична единица во САД, Канада и Австралија.
Англиски: dollar Албански: dollar

долг повеќе

мн. долгови
Вид збор: Именка, машки род
Заем во пари или во некоја друга материјална вредност што треба да се врати некому.
Англиски: debt Албански: borxh

должен повеќе

должниот
Вид збор: Придавка
Што има долг за плаќање, за враќање.
Англиски: indebted Албански: kam borxh

должник повеќе

мн. должници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има долг, што должи некому нешто.
Англиски: debtor Албански: debitor, borxhli

домаќинство повеќе

мн. домаќинства
Вид збор: Именка, среден род
Лицата што живеат заедно како едно семејство и нивниот имот.
Англиски: household Албански: amvsëri

ДОО повеќе

Вид збор: Скратеница
Друштво со ограничена одговорност
Англиски: Ltd.

ДООЕЛ повеќе

Вид збор: Скратеница
Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице.
Англиски: Ltd.

доплата повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Разлика во цената или вредноста на нешто што треба да се доплати; додаток во пари за делумно платен предмет.
Англиски: extra payment

допродаде повеќе

Види и: продаде (св.)
допродадат
Вид збор: Глагол, свршен
Продаде сѐ, до крај.
Англиски: sell

доспее повеќе

доспеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне рок за наплата.
Англиски: mature

дотација повеќе

мн. дотации
Вид збор: Именка, женски род
Сума што им ја доделува државата на организации или претпријатија за покривање на редовните трошоци или за други цели.
Англиски: subsidy Албански: dotacion, subvencion

дотек повеќе

мн. дотеци
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Тоа што се добива, што пристига.
Англиски: influx Албански: hyrje, derdhje

дотира повеќе

дотираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава парична помош, даде, дава дотации.
Англиски: subsidize

дотирање повеќе

Види и: дотира (св. и несв.)
мн. дотирања
Вид збор: Именка, среден род
дотира
Англиски: subsidy

доход повеќе

мн. доходи
Вид збор: Именка, машки род
Пари или други материјални вредности што се добиваат за трудот или за дејствувањето во времето за кое се пресметуваат.
Англиски: income Албански: e ardhur, të ardhura

доходен повеќе

доходниот
Вид збор: Придавка
Што носи доход.
Англиски: profitable Албански: fitimprurës, profitabil

доходовен повеќе

доходовни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на доход.
Англиски: profitable

драгстор повеќе

мн. драгстори
Вид збор: Именка, машки род
Продавница за храна што работи до доцна во ноќта или непрекинато.
Англиски: drugstore Албански: dragstor

дрварина повеќе

мн. дрварини
Вид збор: Именка, женски род
Такса што се плаќала за сечење дрва во шумата.

дрводелство повеќе

(едн.) дрводелството
Вид збор: Именка, среден род
Дрводелска дејност, занает за изработка на предмети од дрво.
Англиски: carpentry Албански: zdrukthtari

дробноимотник повеќе

мн. дробноимотници
Вид збор: Именка, машки род
Поседник на дробен имот.
Англиски: small proprietor

дуќан повеќе

мн. дуќани
Вид збор: Именка, машки род
Мала, занаетчиска работилница што служи и како продавница за сопствените производи.
Англиски: shop Турски: dükkân Албански: dyqan
продавница
Англиски: shop Албански: shitore

дуќанлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трговија
Англиски: trade Албански: tergti

дуќанџија повеќе

мн. дуќанџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има дуќан или што продава во дуќан.
Англиски: shopkeeper Турски: dükkâncı Албански: dyqanxhi, tergëtar
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш