Економија - категорија

царинарница повеќе

мн. царинарници
Вид збор: Именка, женски род
Државна установа што врши контрола над увезувани и извезувани стоки.
Англиски: customs Албански: zyra doganore

царински повеќе

царинска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува а царина.
Англиски: customs Албански: doganore
Примери:
Царински преглед.

цванцик повеќе

мн. цванцици
Вид збор: Именка, машки род
Стара австриска пара.
Германски: zwanzig Албански: monedhë e vjetër austriake, cvancig
Примери:
Имаше само неколку цванцика.

цвеќар повеќе

мн. цвеќари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што одгледува или продава цвеќиња; лице што сака цвеќиња.
Англиски: florist Албански: luleshitës, florist

цвеќарка повеќе

Види и: цвеќар (м.)
мн. цвеќарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена цвеќар.
Англиски: florist

цвеќарница повеќе

мн. цвеќарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан во кој се продаваат цвеќиња.
Англиски: flower shop Албански: shitore lulesh

цвеќарство повеќе

(едн.) цвеќарството
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување и трговија со цвеќиња.
Англиски: floriculture Албански: lultari

цена повеќе

мн. цени
Вид збор: Именка, женски род
Вредност на нешто: стоки, имот, услуги изразена во парични единици.
Англиски: price Албански: çmim
Примери:
Високи и ниски цени.

ценач повеќе

мн. ценачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што оценува нешто.
Англиски: appraiser Албански: vlerësues
Примери:
Ценачи на тутунот.

ценење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) цени
Англиски: appraising Албански: vlerësim

ценет повеќе

ценети
Вид збор: Придавка
Кој има висока цена, вредност.
Англиски: expensive Албански: i shtrenjtë

цени повеќе

ценат
Вид збор: Глагол, несвршен
Определува цена, вредност на нешто или некого; дава оценка, проценува нешто или некого.
Англиски: estimate
Најмува некого (за работа на одредено време); се договара за цена (за работа на некого или за вредност на нешто).
Англиски: hire Албански: kontratë
(се цени) Се најмува; се договара за цена.
Англиски: hire

ценка повеќе

ценкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се договара за цена.
Англиски: haggle
Примери:
Се ценка за ситни пари.

ценкање повеќе

мн. ценкања
Вид збор: Именка, среден род
Договарање околу најниската цена.
Англиски: bargain Албански: ujdi, bëj pazar
Примери:
Без ценкање нема ќар.

ценовен повеќе

ценовни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на цена.
Англиски: price-related

ценовник повеќе

мн. ценовници
Вид збор: Именка, машки род
Список на стоки, услуги и сл. со назначување на нивните цени.
Англиски: price list Албански: çmimore
Примери:
Ценовник на услугите.

цент повеќе

мн. центи
Вид збор: Именка, машки род
Стотен дел од американски долар, од евро и на паричните единици на некои други земји.
Англиски: cent Албански: cent
Примери:
(нар. поез.) Долар и пет центи.

централа повеќе

мн. централи
Вид збор: Именка, женски род
Средишна служба на установа, претпријатие.
Англиски: headquarters Албански: seli, zyrë qendrore

централизација повеќе

централизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Сосредоточување на раководството или управата во едно место, во едно лице.
Англиски: centralisation Албански: centralizim
Примери:
Централизација на раководењето, на управувањето.

цесија повеќе

мн. цесии
Вид збор: Именка, женски род
Отстапување на права и обврски од страна на кредитор на трето лице.
Англиски: factoring

цигларница повеќе

мн. цигларници
Вид збор: Именка, женски род
Фабрика за цигли, печка за печење цигли.
Англиски: brickworks

циклус повеќе

мн. циклуси
Вид збор: Именка, машки род
Целокупност на разни појави, работи, процеси што прават затворен круг на развитокот на нешто во определен период.
Англиски: cycle Албански: cikël

црноберзијанец повеќе

мн. црноберзијанци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со црна берза.
Англиски: black marketeer Албански: spekulant

црноберзијанка повеќе

Види и: црноберзијанец (м.)
мн. црноберзијанки
Вид збор: Именка, женски род
За жена црноберзијанец.
Англиски: black marketeer Албански: spekulante

црноберзијански повеќе

црноберзијанска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на црна берза.
Албански: në të zezë
Примери:
црноберзијанска цена
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш