а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цени

ценат; ценел
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5905
1. Определува цена, вредност на нешто или некого; дава оценка, проценува нешто или некого.
Англиски: estimate
Употреба: Економија
Примери:
Еднакво ги ценеше сите производи.
Штетата ја ценеа на неколку милиони денари.
Цени од око.
Една комисија ги ценеше сите кандидати.
2. почитува, уважува
Англиски: value
Примери:
Добрите дела секој ги цени.
Го ценеа како професор.
Умее да ги цени моите жртви.
Високо го ценеа стариот борец.
3. Најмува некого (за работа на одредено време); се договара за цена (за работа на некого или за вредност на нешто).
Англиски: hire Албански: kontratë
Употреба: Економија
Примери:
Го ценил за овчар.
4. (се цени) Се најмува; се договара за цена.
Англиски: hire
Употреба: Економија
Примери:
Се ценил со попот да му ги пасе говедата.