Економија - категорија

вадарина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Такса за наводнување, за вадење.
Албански: taksë uji

вакаф повеќе

мн. вакафи
Вид збор: Именка, машки род
Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква и таков вид на верско задолжување.
Англиски: foundation Турски: vakıf Албански: vakëf

валавичар повеќе

мн. валавичари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик или работник со валавица.
Албански: dërstilë

валоризација повеќе

мн. валоризации
Вид збор: Именка, женски род
Определување на вредноста, проценка; поправање или зголемување на цените на стоките, на валутата, хартиите од вредност, на инвестициите по вештачки пат.
Англиски: valorization Албански: valorizim

валута повеќе

мн. валути
Вид збор: Именка, женски род
Паричниот систем земен во целост и паричната единица на некоја земја.
Англиски: valuta Албански: valutë
Берзанска вредност на парите во оптек во однос на странските пари.
Албански: valutë
Пари на друга земја.
Англиски: foreign currency Албански: valutë

валутен повеќе

валутниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на валута.

варијабила повеќе

мн. варијабили
Вид збор: Именка, женски род
Променлив дел од плата.
Англиски: variable Албански: variabël, ndryshore

ваучер повеќе

мн. ваучери
Вид збор: Именка, машки род
Вид на чек со кој се плаќаат услуги.
Англиски: voucher

веледрогерија повеќе

Види и: дрогерија (ж.)
мн. веледрогерии
Вид збор: Именка, женски род
Дрогерија што продава на ангро.
Англиски: drug wholesaler

велепоседник повеќе

мн. велепоседници
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на голем земјоделски имот, на велепосед.
Англиски: big farmer

вересија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Кредит, купување или давање на доверба, на почек.
Англиски: credit Турски: veresiye Албански: veresi

ветварница повеќе

мн. ветварници
Вид збор: Именка, женски род
старинарница, антикварница
Англиски: antiquity shop Албански: shitore antikash

визит-карта повеќе

мн. визит-карти
Вид збор: Именка, женски род
Визитна карта, посетница, картичка со основните генералии на носителот, име и презиме, звање / работно место, адреса, телефон и сл.
Англиски: business card Албански: kartvizitë

винар повеќе

мн. винари
Вид збор: Именка, машки род
Производител или трговец на вино.
Англиски: vintner

винарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Данок или такса за вино што во времето на Турското Царство се плаќал за произведеното вино, а се плаќал со вино.
Англиски: wine tax Албански: taksë vere

винарка повеќе

Види и: винар (м.)
мн. винарки
Вид збор: Именка, женски род
жена винар
Англиски: vintner Албански: gruaja e verëshitësit

винарница повеќе

мн. винарници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за вино.
Англиски: winery Албански: shitore vere

винарство повеќе

(едн.) винарството
Вид збор: Именка, среден род
Производство и преработка на вино.
Англиски: enology Албански: enologji, verëtari

винкулација повеќе

мн. винкулации
Вид збор: Именка, женски род
Условување на сопственичкото право кај хартии од вредност од страна на емитентот; именско поврзување на сопственоста.
Англиски: restriction of transferability Германски: Vinkulation

вирман повеќе

мн. вирмани
Вид збор: Именка, машки род
Документ, образец за безготовинско плаќање меѓу субјектите во платниот промет.
Англиски: letter of credit Албански: virman

висина повеќе

мн. висини
Вид збор: Именка, женски род
Големина на броен или паричен износ.
Англиски: amount Албански: shumë, vlerë

високоплатен повеќе

високоплатениот
Вид збор: Придавка
Што добива висока плата.
Англиски: highly paid

високопрофитабилен повеќе

Види и: профитабилен (прид.)
високопрофитабилни
Вид збор: Придавка
Што е многу профитабилен.
Англиски: highly profitable Албански: shumë profitabil, fitimprues

витрина повеќе

мн. витрини
Вид збор: Именка, женски род
Место во продавница кон тротоарот за изложување, рекламирање на стоката.
Англиски: showcase Француски: vitrine Албански: vitrinë

вишок повеќе

мн. вишоци
Вид збор: Именка, машки род
Количество или износ што преостанува, што е повеќе од произведеното или од потребното.
Англиски: surplus Албански: tepricë

влага повеќе

влагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вложува
Англиски: invest Албански: investoj

владичнина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Такса што му се плаќала на владиката.

влез повеќе

мн. влезови
Вид збор: Именка, машки род
Термин со кој се означува приемот на стока, пари во некоја книга, место каде што тоа се бележи.
Англиски: arrival Албански: arritje

влог повеќе

мн. влогови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што некој го вложува, најчесто паричен износ, во банка; во некоја работа, во игра на среќа.
Англиски: deposit Албански: depozitë

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, внесе пари во банка.
Англиски: deposit Албански: depozitoj, fus

вложувач повеќе

мн. вложувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вложува, обично пари, средства и сл.
Англиски: investor

внесе повеќе

внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесе отстрана, од друга земја, од надворешна средина и сл.
Англиски: import Албански: fus, importoj
Увезе, по трговски пат, внесе стока.
Англиски: import Албански: importoj
Вложи пари, драгоцености (во банка).
Англиски: deposit Албански: fus, depozitoj

водостопанство повеќе

(едн.) водостопанството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка или установа што се бави со снабдување вода.
Англиски: water management

возарина повеќе

мн. возарини
Вид збор: Именка, женски род
Такса што се плаќа за превоз.
Англиски: transportation tax Албански: taksë udhëtimi

вонсезонски повеќе

вонсезонскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на период вон главната сезона.
Англиски: out of season Албански: jashtsezonal

вработен повеќе

вработениот
Вид збор: Придавка
Што работи; што е во работен однос.
Англиски: employed Албански: i punësuar

вработи повеќе

вработат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави, прими некого на работа, во работен однос.
Англиски: employ Албански: punësoj
(се вработи) Влезе, стапи на работа.
Англиски: work Албански: punësoj, pranoj në punë

вработлив повеќе

Види и: вработи (св.)
вработливиот
Вид збор: Придавка
Што сака да се вработи, што може да се вработи.
Англиски: employable

вработувач повеќе

Види и: вработи (св.)
мн. вработувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вработува луѓе.
Англиски: employer Албански: pundhënës

врви повеќе

врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Важи, вреди (обично за пари).
Англиски: sell Албански: vlej
За стока - има продажба, се продава.
Англиски: sell Албански: shes

вредност повеќе

вредноста
Вид збор: Именка, женски род
Утврдена цена на нешто.
Англиски: value Албански: vlerë

вреднува повеќе

вреднуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оценува, определува вредност.
Англиски: evaluate
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш