плати
платат; платам, платиме; платил, платиле; плати; (ќе) плател
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1306
1.
За купено, за извршена работа, за услуга даде пари или др.
Примери:
Ги плати ли книгите?
Уште не им платил на работниците.
Киријата ја немале платено.
(разг.) Кога ќе се вратам, ќе му платам.
Платил од џеб.
(на келнер) Плати!
2.
Со плаќање исполни некаква обврска.
Примери:
Платиле данок, долг, членарина, глоба, казна.
Слично со:
раздолжи (св.)
3.
Претрпи казна за некаква постапка, однос и сл.
Примери:
Тој ќе ти плати за сѐ.
Ќе ми платиш!
Господ да ми ти плати!
Ќе плати со глава(та).
4.
(само во 3. л.) исплати
Примери:
Киријата ќе го плати кредитот за куќата.
Слично со:
исплати (св.)
5.
(се плати) Намири долгови.
Англиски:
pay
Албански:
pagoi, mbuloi
Кога ќе најдеш пари за да се платиш?
На Велигден се платиле.
Слично со:
оддолжи (св.)
Изрази
(разг.) Кого фати, тука плати му.
(разг.) Му платил данок (на незнаењето, глупоста).