покритие
мн. покритија
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 23808
1.
Во банкарството - располагање со вредносни средства со кои се покрива долгот или некоја друга финансиска обврска.
Примери:
Чекови без покритие.
Сметка со покритие.
2.
Доказ, алиби, непобитен факт.
Англиски:
proof
Албански:
dëshmi, alibi
Тие имаа покритие дека за време на настанот цел ден биле дома.
Таа има рационално пкритие и алиби.
Слично со:
алиби (ср.)
3.
Оправдување, причина, изговор, логично објаснување на сопствените постапки.
Примери:
Тој нема покритие за својата грубост.
Таа секогаш наоѓа покритие за сопствените глупости.