мн. политики
Вид збор: Именка, женски род
Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи.
Дејност на државните институции плански посочена кон унапредување на управувањето и на водењето на јавните работи во државата.
Албански:
politikë
Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определени задачи и цели.
Метод на работа (на организација или на поединец) заради постигање определена цел.
Албански:
politikë
Вештина на однесување со луѓето и снаоѓање во животот.