Земјоделство - категорија

калемар повеќе

Види и: калемџија (м.)
мн. калемари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што калеми, што се занимава cо калемење.

калемарница повеќе

мн. калемарници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија во која се врши калемење.

калцификација повеќе

мн. калцификации
Вид збор: Именка, женски род
Ѓубрење на почвата со калциумови, варовни ѓубрива.
Албански: kalcifikim

камара повеќе

мн. камари
Вид збор: Именка, женски род
Вдлабнатина во ѕидот со седела за квачење јајца.
Албански: kamare

камен повеќе

камениот
Вид збор: Придавка
За земја - што е посна, необработлива.

каменица повеќе

мн. каменици
Вид збор: Именка, женски род
каменлива нива
Албански: gurore, fushë me gurë

канарка повеќе

мн. канарки
Вид збор: Именка, женски род
Бачилски овци одделени во групи.
Албански: dele bulmetore

капица повеќе

мн. капици
Вид збор: Именка, женски род
Купови снопје или сено.
Албански: stog

кастреник повеќе

мн. кастреници
Вид збор: Именка, машки род
Дрво со поткастрени гранки.
Албански: dru i krasitur

кастреница повеќе

мн. кастреници
Вид збор: Именка, женски род
Место со поткастрени дрвја.

кати повеќе

катат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одделува, рони зрна од пченка.
Англиски: separate Албански: kokërroj

кашла повеќе

мн. кашли
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што зимно време престојува и пасе стоката, обично овци и кози; зимско пасиште.
Албански: kullotë dimri

кисел повеќе

киселиот
Вид збор: Придавка
За почва, карпи - што содржи неврзани силициумови киселини.
Англиски: sour Албански: i tharbët, acide

кланица повеќе

мн. кланици
Вид збор: Именка, женски род
Добиток што се чува за колење.
Англиски: meat stock Албански: bagëti për therje

коза повеќе

мн. кози
Вид збор: Именка, женски род
Домашно животно со рогови, преживар со долго остро влакно и брада; се одгледува заради млекото, волната и месото.
Англиски: goat Албански: dhi

козар повеќе

мн. козари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги чува, што ги пасе козите.
Англиски: goatherd

козарник повеќе

мн. козарници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што cе држат кози.
Англиски: goat pen

козарница повеќе

Види и: козарник (м.)
мн. козарници
Вид збор: Именка, женски род
козарник

козарство повеќе

(едн.) козарството
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на кози како сточарска гранка.
Англиски: goat breeding

кокар повеќе

мн. кокари
Вид збор: Именка, машки род
арпаџик

кокошарник повеќе

мн. кокошарници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија, кафез за чување и одгледување кокошки.
Англиски: henhouse Албански: kotec, qymez

кокошкин повеќе

кокошкиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на кокошка, што е од кокошка.
Англиски: chicken

колило повеќе

мн. колила
Вид збор: Именка, среден род
Дрвено рало.
Англиски: plow

колче повеќе

мн. колчиња
Вид збор: Именка, среден род
Земјоделска алатка за садење расад (на тутун, пипер).
Албански: vegël buqësore, kunj

комасација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Групирање на распарчени земјоделски парцели заради поекономична обработка и добивање поголема добивка од нив.

комбајн повеќе

мн. комбајни
Вид збор: Именка, машки род
Комбинирана земјоделска машина што може истовремено да врши повеќе операции, да жнее и да врши и сл.
Англиски: harvester

комина повеќе

мн. комиње
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Остаток од овошјето, обично од грозје по гмечењето, кој се остава да ферментира по што се точи вино, се вари ракија и сл.
Англиски: pomace

коминарник повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вино што cе лежи во комињето и cе точи од него непосредно пред употребата.

компир повеќе

мн. компири
Вид збор: Именка, машки род
Едногодишно градинарско растение што образува плодови во земјата во форма на грутки, богати со скроб.
Латински: Ѕоlanum teborosum Англиски: potato Албански: patate

компириште повеќе

мн. компиришта
Вид збор: Именка, среден род
Место, нива каде што се одгледува компир.
Албански: arë patatesh

компировадачка повеќе

мн. компировадачки
Вид збор: Именка, женски род
Алат за вадење компири од земјата.

компост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ѓубре, гној што настанува со мешање на земја со изгниени отпадоци од растително или животинско потекло; вештачки направено органско ѓубре.
Англиски: compost

конопиште повеќе

мн. конопишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што бил или е посеан коноп.
Англиски: marihuana field Албански: vend i mbjellur me konop

коњопотковица повеќе

мн. коњопотковици
Вид збор: Именка, женски род
коњcка потковица
Англиски: horse shoe

копа повеќе

копаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обработува земја со мотика, копач и сл.
Англиски: dig Српски: копати Албански: rrërmoj Бугарски: копая

копачи повеќе

копачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Искоренува растенија, чисти почва од растенија.

копачина повеќе

мн. копачини
Вид збор: Именка, женски род
ископачено земјиште

копка повеќе

Види и: копа (несв.)
копкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копа по малку.
Англиски: dig Албански: gërmoj pak

коса повеќе

мн. коси
Вид збор: Именка, женски род
Земјоделско орудие за косење трева направено во облик на долго свиено сечиво и прицврстено на долга дрвена дршка.
Англиски: scythe Албански: kosë

косар повеќе

мн. косари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што кове коси.
Англиски: mower Албански: kositës, kostar

косач повеќе

мн. косачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што коси трева, жито и сл.
Англиски: mower Албански: kositës, kostar

косачка повеќе

мн. косачки
Вид збор: Именка, женски род
косач
Англиски: mower Албански: kositëse
Машина за косење трева и други растенија.
Англиски: mower Албански: kositëse

косеница повеќе

мн. косеници
Вид збор: Именка, женски род
Место со трева за косење.
Албански: vend për kositje
косена трева
Англиски: hay Албански: bar i kositur

коси повеќе

косат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сече трева, жито cо коса или со косилка.
Англиски: mow Албански: kosit

косидба повеќе

мн. косидби
Вид збор: Именка, женски род
Косење трева или жито.
Албански: kositje
Време на косење.
Албански: koha e kositjes

косир повеќе

мн. косири
Вид збор: Именка, машки род
Голем срповиден градинарски нож за сечење лоза, гранки итн.

косиште повеќе

мн. косишта
Вид збор: Именка, среден род
Окосено место, ливада, нива.
Англиски: meadow Албански: livadh i kositur

косне повеќе

коснат
Вид збор: Глагол, свршен
Малку окоси.
Англиски: mow Албански: kosit pak

косор повеќе

мн. косори
Вид збор: Именка, машки род
Градинарски нож за сечење лоза и гранки.

котар повеќе

мн. котари
Вид збор: Именка, машки род
Оградено место за стоката.
Англиски: shed Албански: vathë

кочина повеќе

мн. кочини
Вид збор: Именка, женски род
Ограден простор за чување свињи.
Англиски: pigsty Албански: kath, stall derrash

кошар повеќе

мн. кошари
Вид збор: Именка, машки род
Кошница за пчели.
Англиски: beehive Албански: zgjua

кошара повеќе

мн. кошари
Вид збор: Именка, женски род
Просторија чии ѕидови се од праќе облепени со кал за чување добиток.
Англиски: stable Албански: koshare
Просторија за чување добиточна храна.
Англиски: stable Албански: ahur

кошаре повеќе

Види и: кошар (м.)
мн. кошариња
Вид збор: Именка, среден род
улиште
Англиски: beehive Албански: zgjua

кошарка повеќе

мн. кошарки
Вид збор: Именка, женски род
кошара
Англиски: stable Албански: ahur

крава повеќе

мн. крави
Вид збор: Именка, женски род
Израснато женско говеда, женката на бикот.
Латински: Воѕ vacca Англиски: cow Албански: lopë

кравар повеќе

мн. кравари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што одгледува, што чува крави.
Англиски: cowboy

краварник повеќе

мн. краварници
Вид збор: Именка, машки род
Штала за крави.
Англиски: cowshed

краварство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување крави како стопанска гранка.

крамп повеќе

мн. крампови
Вид збор: Именка, машки род
Орудие за копање.
Англиски: hoe

крастав повеќе

краставиот
Вид збор: Придавка
Што е каменест, соголен.
Англиски: scorched

кратошија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Сорта црно винско грозје.
Албански: lloj rrushi i zi për verë

крлук повеќе

мн. крлуци
Вид збор: Именка, машки род
Овчарски стап свиткан на крајот со кој се фаќаат овците за ногата.
Турски: kırlık

крма повеќе

мн. крми
Вид збор: Именка, женски род
Сол што му се дава на добитокот.
Албански: krip tagji

крмен повеќе

крмниот
Вид збор: Придавка
Што служи за крма.

крми повеќе

крмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Храни стока, добиток.
Англиски: feed Албански: ushqen bagëtinë
Дава сол на добиток.
Албански: jep krip bagëtisë

крои повеќе

кројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реже лозје, овошка; потсекува прачки, гранки заради подобар род.
Англиски: prune Албански: krasis, pres

кромидарник повеќе

мн. кромидарници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се чува или каде што расте кромид.
Албански: vend për qepë

крстица повеќе

мн. крстици
Вид збор: Именка, женски род
Куп од неколку снопови жито наредени накрсно еден преку друг.

крт повеќе

мн. кртови
Вид збор: Именка, машки род
Неплодна посна земја.
Албански: tokë e jopjelshme

кужељ повеќе

мн. кужели
Вид збор: Именка, машки род
Оронет пченкарен клас.
Англиски: cob

култиватор повеќе

мн. култиватори
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделска машина за површинска обработка на земјата.
Англиски: cultivator

култура повеќе

мн. култури
Вид збор: Именка, женски род
Растение што се одгледува.
Англиски: cultivation Албански: kultivim
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш