Земјоделство - категорија

шарка повеќе

мн. шарки
Вид збор: Именка, женски род
Шарена овца или коза.
Албански: ngjyra ngjyra

шаша повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Силажа од пченка подготвена од стеблото.

шесторед повеќе

Вид збор: Придавка
За пченица - со шест реда зрна во класот.

шесторедица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Епитет за пченица со шест реда во класот; бела пченица.

шпалир повеќе

шпалирот
Вид збор: Именка, машки род
Бетонски столбови забодени во земја поврзани помеѓу себе со жица на кои се одгледуваат овошки, винова лоза и др.
Англиски: trellis Германски: Spalier Албански: thurimë

штала повеќе

мн. штали
Вид збор: Именка, женски род
Просторија, куќарка за добиток.
Англиски: stable Германски: Stall Албански: stallë, ahur

шталски повеќе

шталско
Вид збор: Придавка
Што се однесува на штала.
Примери:
шталско ѓубре

шума повеќе

мн. шуми
Вид збор: Именка, женски род
Исечени гранки со лисја, што се сушат и служат како зимна храна за добиток.
Англиски: fodder
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш