Земјоделство - категорија

сават повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стадо јарци и јалови кози кои се гојат преку летото за пастрма.
Англиски: goats Албански: kope dhishë

сад повеќе

мн. садови
Вид збор: Именка, машки род
Новозасадено лозје (до 3 години).
Англиски: vineyard Албански: vreshtë
овоштарник
Англиски: orchard Албански: pemishtë, kopsht i pemëve

садач повеќе

мн. садачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што сади нешто.
Англиски: planter

садење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сади
Англиски: planting

сади повеќе

садат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става семе, садница во земја.
Англиски: plant Албански: mbjell
Примери:
Садила само цвеќиња.

садило повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Колче за правење дупки при садење.

садница повеќе

мн. садници
Вид збор: Именка, женски род
Младо дрво предназначено за садење некаде.
Англиски: seedling

саманлак повеќе

мн. саманлаци
Вид збор: Именка, машки род
плевна
Англиски: barn Турски: samanlık

саќе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Клетки од восок што ги прават пчелите за складирање на медот.
Англиски: honeycomb

свињар повеќе

мн. свињари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пасе или одгледува свињи.
Англиски: swineherd

свињарник повеќе

мн. свињарници
Вид збор: Именка, машки род
Просторија за одгледување свиња.
Англиски: pigsty Албански: thark, stallë derrash

свињарница повеќе

Види и: свињарник (м.)
мн. свињарници
Вид збор: Именка, женски род
кочина
Англиски: pigsty

свињарство повеќе

Види и: свињогојство (ср.)
(едн.) свињарството
Вид збор: Именка, среден род
Стопанска гранка, дел од сточарството што се занимава со одгледување и размножување свињи; свињогојство.
Англиски: hog raising

свињарче повеќе

Види и: свињар (м.)
мн. свињарчиња
Вид збор: Именка, среден род
свињар
Англиски: swineherd

свињогојство повеќе

(едн.) свињогојството
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на свињи како дел од сточарството.
Англиски: hog raising

сеач повеќе

Види и: сејач (м.)
мн. сеачи
Вид збор: Именка, машки род
сејач

сеачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сејачка

седмак повеќе

мн. седмаци
Вид збор: Именка, машки род
Добиче на седум година.
Албански: bagëti shtatëvjeçe

сее повеќе

сејат
Вид збор: Глагол, несвршен
Фрла семе на подготвена почва за посев.
Англиски: sow Албански: mbjell

сеење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сеидба
Англиски: sowing
Примери:
есенско сеење.

сеидба повеќе

мн. сеидби
Вид збор: Именка, женски род
Сеење на посеви.
Англиски: sowing Албански: mbjellje
Примери:
Времето беше многу убаво за сеидба.
Времето кога се сее.
Албански: koha embjelljes
Примери:
Ни дојдоа на гости по сеидбата.

сеидбен повеќе

сеидбени
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сеидба.
Примери:
Сеидбен план.

сејалка повеќе

мн. сејалки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за сеење.
Англиски: seeder

сејанина повеќе

мн. сејанини
Вид збор: Именка, женски род
Посеви, посеано зрно.
Англиски: crop

сејач повеќе

мн. сејачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сее семе, што ја засева земјата.
Англиски: sower Албански: mbjellës
Примери:
Се појавија веќе и првите сејачи.

сејачка повеќе

мн. сејачки
Вид збор: Именка, женски род
За жена сејач.
Англиски: sower Албански: mbjellëse
Примери:
Сејачи и сејачки.
Машина за сеење.
Англиски: seeder Албански: mbjellëse

сејачки повеќе

мн. сејачки
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сејач; кој служи за сеење.
Примери:
Сејачка машина.

семенар повеќе

мн. семенари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што произведува или продава семе.

семенарница повеќе

мн. семенарници
Вид збор: Именка, женски род
Дуќан во кој се продаваат семиња.

семенарски повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на семенар.
Примери:
Семенарски дуќан.

семенарство повеќе

Види и: семенар (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
производство на семе
Англиски: seed production

семениште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се сеат семиња за расад.
Англиски: plant nursery

семенски повеќе

семенска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на семе.
Примери:
Семенски резерви.

сено повеќе

(едн.) сеното
Вид збор: Именка, среден род
Косена и сушена трева.
Англиски: hay
Примери:
Пласт сено, стог сено.

сенокос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Косење трева за сено.
Албански: kositje bari
Времето кога се косат ливадите, косидба.
Албански: koha e kositjes

сенокосачка повеќе

мн. сенокосачки
Вид збор: Именка, женски род
Жена косач на сено.
Албански: grua kositëse
Машина за косење.
Англиски: mower Албански: kositëse

сенце повеќе

Види и: сено (ср.)
сенцето
Вид збор: Именка, среден род
сено
Англиски: hay

сивак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Грозје кое не зрее до крај, не узрева.
Албански: rrush i papjekur

сивчо повеќе

мн. сивчовци
Вид збор: Именка, машки род
За добиток - кој има сива боја на кожата.

силажа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Конзервирање крма во силоси.
Англиски: green fodder

силажира повеќе

силажираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Приготви, приготвува силажа.
Англиски: ensilage

силажирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
силажира
Англиски: silage

силира повеќе

Види и: силажира (св. и несв.)
силираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
силажира
Англиски: ensilage

силојама повеќе

мн. силојами
Вид збор: Именка, женски род
Јама во која се подготвува силажа.

силокомбајн повеќе

мн. силокомбајни
Вид збор: Именка, машки род
Комбајн за подготвување силажа.

силокула повеќе

мн. слокули
Вид збор: Именка, женски род
силос
Англиски: silo

силос повеќе

мн. силоси
Вид збор: Именка, машки род
Голем склад за чување жито и сточна храна.
Англиски: silo

сименталка повеќе

мн. сименталки
Вид збор: Именка, женски род
Kрава од сименталска раса.

сименталски повеќе

сименталскиот
Вид збор: Придавка
Според долината Симентал во Швајцарија.
Примери:
сименталска раса

сирењар повеќе

мн. сирењари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што произведува или продава сирење.
Англиски: cheese maker Албански: djathëbërës djathëshitës

сирењарка повеќе

мн. сирењарки
Вид збор: Именка, женски род
За жена сирењар.

сирењарница повеќе

мн. сирењарници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што се подготвува или продава сирење.
Англиски: cheese dairy

сирењарство повеќе

сирењарството
Вид збор: Именка, среден род
Производство на сирење.
Англиски: cheese production

сјагна повеќе

сјагни
Вид збор: Придавка
Обично само во женски род - за овца: која има плод во утробата.

скрка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Неплодна каменлива почва.

слама повеќе

(едн.) сламата
Вид збор: Именка, женски род
Сув остаток од житни растенија.
Англиски: straw

сламарница повеќе

Види и: плевна (ж.)
мн. сламарници
Вид збор: Именка, женски род
плевна
Англиски: barn

сливак повеќе

Види и: сливарник (м.)
мн. сливаци
Вид збор: Именка, машки род
сливарник

сливарник повеќе

мн. сливарници
Вид збор: Именка, машки род
Место засадено со сливи, сливова градина.
Англиски: plum orchard

сливарство повеќе

(едн.) сливарството
Вид збор: Именка, среден род
Одгледување на сливи, професија на сливар.

сливиште повеќе

Види и: сливарник (м.)
мн. сливишта
Вид збор: Именка, среден род
сливарник
Англиски: plum orchard

слог повеќе

мн. слогови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од нива меѓу две бразди.
Албански: pjesë e fushës

слониште повеќе

мн. слоништа
Вид збор: Именка, среден род
Место кај што има кошари од леси за ситен добиток.

смеска повеќе

мн. смески
Вид збор: Именка, женски род
Подготвена храна за домашни животни и птици добиена со смешување на разни супстанции.

сноп повеќе

мн. снопови
Вид збор: Именка, машки род
Голема врска од ожнеани класје.
Англиски: bundle Албански: demet, duj

солило повеќе

мн. солила
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што му се дава на добитокот да лиже сол.
Албански: vend me krip për bagëtitë

солиште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
солило

сончоглед повеќе

мн. сончогледи
Вид збор: Именка, машки род
Плодот на ова растение, семе од сончоглед.
Англиски: sunflower seeds Албански: fara luledielli

сор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Алат за кастрење лози и гранки.

сот повеќе

мн. сотови
Вид збор: Именка, машки род
Восочна ќелијка што ја прават пчели и во која се чува мед.
Англиски: honeycomb cell

спраши повеќе

спрашат
Вид збор: Глагол, свршен
Окопа земја така што да се претвори во прав.
Албански: punoj tokën, prashit
Примери:
Го спрашија лозјето.

средник повеќе

мн. средници
Вид збор: Именка, машки род
Селанец со мал имот што го обработува сам.
Англиски: small farmer

средњак повеќе

Види и: средник (м.)
мн. средњаци
Вид збор: Именка, машки род
средник
Англиски: small farmer

српче повеќе

Види и: срп (м.)
мн. српчиња
Вид збор: Именка, среден род
срп
Англиски: scythe

става повеќе

мн. стави
Вид збор: Именка, женски род
куп снопје
Албански: stog

ставенка повеќе

Види и: става (ж.)
мн. ставенки
Вид збор: Именка, женски род
куп снопје
Англиски: stog

ставина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
куп снопје

стакларник повеќе

мн. стакларници
Вид збор: Именка, машки род
стаклена градина
Англиски: greenhouse

стакленик повеќе

мн. стакленици
Вид збор: Именка, машки род
Застаклена и затоплувана просторија за одгледување растенија.
Англиски: greenhouse

стог повеќе

мн. стогови
Вид збор: Именка, машки род
купиште сено
Англиски: haystack Албански: mullar bari
Голем куп снопје.
Албански: mullar bari

стока повеќе

мн. стоки
Вид збор: Именка, женски род
добиток
Англиски: cattle Албански: bagëti, kafshë

сточар повеќе

мн. сточари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со сточарство.
Англиски: stockbreeder

сточарев повеќе

сточаревиот
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на сточар.

сточарење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сточарство
Англиски: stockbreeding

сточари повеќе

Види и: сточарство (ср.)
сточарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одгледува стока.

сточарски повеќе

сточарска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сточарство.
Примери:
Сточарска фарма.

сточарство повеќе

(едн.) сточарството
Вид збор: Именка, среден род
одгледување добиток
Англиски: stockbreeding Албански: blegtori

страга повеќе

мн. страги
Вид збор: Именка, женски род
Тесно место во кошара или на излезот од ограда низ кое се пропуштаат овците или козите пред молзење.

страк повеќе

мн. стракови
Вид збор: Именка, машки род
Млада билка за расадување.
Англиски: seedling

стратификација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Третман на семе со студ за да почне предвремено да ’рти.
Англиски: stratification
Примери:
стратификација на пченицата

страшило повеќе

мн. страшила
Вид збор: Именка, среден род
Она што предизвикува страв.
Англиски: scarecrow Албански: përbindësh

стрем повеќе

мн. стремови
Вид збор: Именка, машки род
Ископана, изриена ледина.
Англиски: field Албански: arë, fushë

стреми повеќе

(се) стремат
Вид збор: Глагол, несвршен
обработи, подготви
Англиски: prune Албански: përgatit, përpunoj

стриг повеќе

мн. стригови
Вид збор: Именка, машки род
Стрижење на овца.
Англиски: shearing

стригар повеќе

мн. стригари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги стриже овците.
Англиски: shearer

стригарница повеќе

мн. стригарници
Вид збор: Именка, женски род
Место кај што се стрижат овци.
Англиски: woolshed

стрниште повеќе

мн. стрништа
Вид збор: Именка, среден род
Ожнеано поле, каде што останале само сламките.
Англиски: stubble Српски: стрњиште

стрношина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид црно грозје (расте по присој).
Англиски: grape Албански: lloj rrushi i zi

суват повеќе

мн. сувати
Вид збор: Именка, машки род
летно планинско пасиште
Англиски: alpine pasture

сурка повеќе

мн. сурки
Вид збор: Именка, женски род
За крава, коза - која има пепелаво-сива боја на кожата.

суршка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пченица измешана со 'рж.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш