Земјоделство - категорија

дебелиште повеќе

мн. дебелишта
Вид збор: Именка, среден род
Силна, плодна земја.
Албански: tokë e pjellshme

декар повеќе

мн. декари
Вид збор: Именка, машки род
Мера што означува површина од десет ари (1000 метри квадратни).

дикел повеќе

мн. дикли
Вид збор: Именка, машки род
Железна алатка со два крака за копање (лозје, градина).
Англиски: fork Турски: dikel

диплак повеќе

мн. диплаци
Вид збор: Именка, машки род
Лист од тутун подготвен за нижење.

добиток повеќе

мн. добици
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Домашни животни (крави, коњи, овци, кози).
Англиски: livestock Албански: bagëti
Едно такво животно.
Англиски: animal Албански: kafshë shtëpiake

добиточен повеќе

добиточниот
Вид збор: Придавка
Што е наменет за добиток, што се однесува на добиток.

добиче повеќе

Види и: добиток (м.)
мн. добичиња
Вид збор: Именка, среден род
Домашно животно (крава, коњ, овца, коза).
Англиски: animal

догнои повеќе

догнојат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнои, наѓубри тоа што било започнато со гноење до крај.
Англиски: fertilize Албански: qelbet deri në fund
Заврши со гноење, ѓубрење.
Англиски: fertilize Албански: mbaroj me qelbje

догрли повеќе

Види и: грли (несв.)
догрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со покривањето со земја, со грлењето компири, пченка и сл.

доѓубри повеќе

Види и: ѓубри (несв.)
доѓубрат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со ѓубрењето, наѓубри до крај.
Англиски: fertilize

дожнева повеќе

дожневаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дожнее
Англиски: reap

дожнее повеќе

дожнеат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со жнеењето.
Англиски: reap

доизора повеќе

Види и: изора (св.)
доизораат
Вид збор: Глагол, свршен
Изора до крај.
Англиски: plough

доиспасе повеќе

Види и: испасе (св.)
доиспасат
Вид збор: Глагол, свршен
Испасе сѐ, до крај.
Англиски: graze

докоси повеќе

Види и: коси (несв.)
докосат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со косењето.
Англиски: mow

доора повеќе

Види и: ора (несв.)
доораат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со орањето, изора до крај.
Англиски: plough

допасе повеќе

Види и: пасе (несв.)
допасат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да пасе, заврши со пасењето.
Англиски: graze

доплеви повеќе

Види и: плеви (несв.)
доплеват
Вид збор: Глагол, свршен
Исплеви до определено место, до крај.
Англиски: weed out

допраши повеќе

допрашат
Вид збор: Глагол, свршен
За лозје, градина - заврши со прашењето.

досее повеќе

Види и: сее (несв.)
досеат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со сеењето.

дурија повеќе

мн. дурии
Вид збор: Именка, женски род
Земјоделска алатка што служи за копање.
Англиски: spade
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш