сее
сејат; сеј, сејте; сеев, сееја; сеел; сеен; сеејќи; сеење; сеав, сеаја; сеал; сеан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5062
1.
Фрла семе на подготвена почва за посев.
Примери:
Сее пченица, 'рж, овес.
2.
За брашно, песок - пречистува, просејува.
Примери:
Сее брашно за зелник.
Сее песок.
3.
Шири, распрснува сред луѓе - идеи, гласови; смут, раздор; бацили и сл.
Примери:
Сее непроверени вести.
Сее страв.
Сее раздор, омраза.
Сее бацили.
Изрази
(разг.) Кај не го сееш, таму никнува - за оној кој се појавува негде неочекувано.
Како ќе сееш, така ќе жнееш.