Земјоделство - категорија

изжние повеќе

изжнијат
Вид збор: Глагол, свршен
3аврши жниење.
Англиски: reap

изјагни повеќе

(се) изјагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За овци - заврши со јагнење.

изнасее повеќе

Види и: насее (св.)
изнасеат
Вид збор: Глагол, свршен
Насее многу, во голема мера.
Англиски: sow

изора повеќе

изораат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со орање, со сѐ што било за орање.
Англиски: plow

изреже повеќе

Види и: реже (несв.)
изрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Искрои лозје, исече прачки, ластари и сл.
Англиски: prune Албански: pres, krasis

инкубатор повеќе

мн. инкубатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за вештачко ведење на пилиња со помош на топлина.
Англиски: incubator Албански: inkubator

инкубација повеќе

(едн.) инкубацијата
Вид збор: Именка, женски род
Вештачко ведење на пилиња во инкубатор.
Англиски: incubation Албански: inkubacion

инсектицид повеќе

мн. инсектициди
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско средство за уништување на штетните инсекти.
Англиски: insecticide

интензивен повеќе

интензивни
Вид збор: Придавка
Што се одликува со висока продуктивност, што од помала површина добива поголем приход.
Англиски: intensive

иригација повеќе

(едн.) иригацијата
Вид збор: Именка, женски род
Наводнување на обработливата земја заради поголема плодност со помош на систем од канали.
Англиски: irrigation Албански: irigacion, ujitje

иригационен повеќе

иригациониот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на иригација.

искалеми повеќе

Види и: калеми (несв.)
искалемат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со калемење.

искоси повеќе

искосат
Вид збор: Глагол, свршен
Исече трева, детелина со коса, заврши со косење.
Англиски: mow Албански: kosit

искрои повеќе

Види и: скрои (св.)
искројат
Вид збор: Глагол, свршен
Изреже, искастри растение.
Англиски: cut up Албански: pres

испаша повеќе

мн. испаши
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) пасење, напасување
Англиски: grazing Албански: kullotë
Место каде што пасе добитокот.
Англиски: meadow Албански: kullotë

испорец повеќе

мн. испорци
Вид збор: Именка, машки род
Јагне што умира веднаш по ојагнувањето.

испостен повеќе

испостениот
Вид збор: Придавка
За почва - што станала неплодна по долго обработување.
Англиски: infertile

испости повеќе

испостат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испости) За почва - стане неплодна од долго обработување без ѓубрење.
Албански: shterpet

испуст повеќе

мн. испусти
Вид збор: Именка, машки род
Оградена просторија во непосредна близина на штала каде што се пушта добитокот на чист воздух и сонце.
Албански: prizë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш