Земјоделство - категорија

чапа повеќе

мн. чапи
Вид збор: Именка, женски род
мотика, копачка
Англиски: hoe Турски: çapa Албански: shat

чекутина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Назив за класот на трева или жито кое не успеало, не пораснало, кое е ниско, полегнато.

черија повеќе

мн. черии
Вид збор: Именка, женски род
Стадо говеда.

чифлиг повеќе

мн. чифлизи
Вид збор: Именка, машки род
Во турско време феудален земјоделски имот.
Англиски: estate Турски: çiftlik Албански: pronë, çiflik
Приватно големо земјоделско стопанство воопшто, обработувано со наемни работници.
Англиски: estate Албански: pronë, çiflik
Примери:
манастирски чифлиг

чифлигар повеќе

мн. чифлигари
Вид збор: Именка, машки род
Селанец, земјоделски работник што работи на чифлиг.
Англиски: farmer Турски: çiftçi

чифлигарски повеќе

чифлигарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на чифлигар.
Турски: çiftlik

чифчија повеќе

мн. чифчии
Вид збор: Именка, машки род
земјоделец, орач
Англиски: farmer Албански: bujk

чифчилак повеќе

Види и: чифчиство (ср.)
чифчилакот
Вид збор: Именка, машки род
чифчиство
Англиски: farming Турски: çiftçilik Албански: bujqësi

чифчиски повеќе

чифчиска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на чифчија.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш