Земјоделство - категорија

тавла повеќе

Вид збор: Именка, женски род
коњушница
Англиски: stable Турски: tavla

тимарење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Чеша, чешла коњ, вол или друг добиток.
Англиски: curry

трактор повеќе

мн. трактори
Вид збор: Именка, машки род
Земјоделско моторно возило за обработка на земјата, орање и со приклучување на плуг и други приклучни уреди (машини) - брана, сејалка.
Англиски: tractor

тракторист повеќе

мн. трактористи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што управува трактор.
Англиски: tractor driver

трактористка повеќе

Види и: тракторист (м.)
мн. трактористки
Вид збор: Именка, женски род
За жена тракторист.
Англиски: tractor driver

тракторски повеќе

тракторска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на трактор.
Примери:
Тракторски мотор.

трап повеќе

мн. трапови
Вид збор: Именка, машки род
јаз, бразда
Англиски: furrow Албански: hulli, vazhdë

трдулав повеќе

Вид збор: Придавка
За лубеница, диња, тиква и слично - не израснал како треба, згмечен.

триер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Земјоделска машина за чистење и сортирање на зрното.

трло повеќе

мн. трла
Вид збор: Именка, среден род
Вид кошара во која се затвораат овците летно време.
Англиски: pen

тутунар повеќе

мн. тутунари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што се занимава со одгледување тутун.
Англиски: tobacco grower Албански: duhanpunues

тутунарски повеќе

тутунарска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тутунар
Примери:
Тутунарски крај.

тутунешка повеќе

мн. тутнешки
Вид збор: Именка, женски род
Оголено, обрано тутуново стебло.
Албански: kërcyell duhani

тутуниште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Место (нива) која била под тутун.

тутуноберач повеќе

мн. тутуноберачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што бере тутун.
Англиски: tobacco picker

тутунџија повеќе

мн. тутунџии
Вид збор: Именка, машки род
тутунар
Англиски: tobacco grower Турски: tütüncü Албански: duhanxhi
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш