Земјоделство - категорија

мандра повеќе

мн. мандри
Вид збор: Именка, женски род
Место, обично во планина, каде што се молзат овците и се преработува млеко.
Турски: mandıra Албански: vend malor për mjeljen e deleve

маслинарник повеќе

мн. маслинарници
Вид збор: Именка, машки род
Земја насадена со маслинови дрвја.
Англиски: olive grove

маторник повеќе

мн. маторници
Вид збор: Именка, машки род
Главна бразда во лозје каде се влева водата кога врне, место каде што се вади вода за вадење.
Албански: hulli, vijë
Место за поминување меѓу посадени површини.
Албански: hulli
Неоран дел од нива.
Англиски: fallow land Албански: pjesë e palëvruar e arës

мед повеќе

(едн.) медот
Вид збор: Именка, машки род
Слатка, густа течност што ја произведуваат пчелите од сокот на цветовите.
Англиски: honey Албански: mjaltë

мездра повеќе

мн. мездри
Вид збор: Именка, женски род
Пасиште, меѓа меѓу две ниви.
Албански: kullotë

мелиорација повеќе

мн. мелиорации
Вид збор: Именка, женски род
Подобрување на квалитетот на земјиштето со заштита од поплави, наводнување на суви терени, заштита од ерозии и др.
Англиски: irrigation

мелиорира повеќе

мелиорираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, изведува мелиорација.
Англиски: irrigate

мера повеќе

мн. мери
Вид збор: Именка, женски род
Cлободна земја оставена за пасиште.
Англиски: grassland Албански: kullotë

меринизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Облагородување на домашните видови овци со вкрстување со мерино овни.

меринизира повеќе

меринизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи меринизација.

молзе повеќе

молзат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извлекува, цеди со раце или со апарат млеко од вимето на животни.
Англиски: milk Албански: mjelë

молзен повеќе

молзни
Вид збор: Придавка
Што се молзе, што дава млеко.
Англиски: milking
Што се однесува на молзење.
Англиски: milking

молзница повеќе

мн. молзници
Вид збор: Именка, женски род
Животно што дава млеко, што cе молзе.

монокултура повеќе

мн. монокултури
Вид збор: Именка, женски род
Одгледување на една иста култура на поголема површина.
Англиски: monoculture

мотика повеќе

мн. мотики
Вид збор: Именка, женски род
Железно орудие со долга рачка за копање земја, прекопување посеви и др.
Англиски: hoe

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што содржи многу хранливи материи, плоден (за земја).
Англиски: fertile Албански: pjellor
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш