Гастрономија - категорија

газиран повеќе

Види и: газира (несв.)
газирани
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Што содржи гас.
Албански: i gazuar

газоза повеќе

мн. газози
Вид збор: Именка, женски род
Вид газиран безалкохолен пијалак.
Англиски: soda Турски: gazoz Албански: gazozë pije
Фабричко име на безалкохолен газиран пијалак од поново производство.
Турски: gazoz Албански: gazozë pije

газозаџија повеќе

мн. газозаџии
Вид збор: Именка, машки род
продавач на газоза
Турски: gazozcu

гарнир повеќе

мн. гарнири
Вид збор: Именка, машки род
Додаток од зелечук кон главното јадење од месо или од риба.
Англиски: side dish Албански: garnir, garniturë

гарнира повеќе

гарнираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дополнува, украсува порција со месо или риба со разни додатоци од зеленчук и сл.
Англиски: decorate Германски: garnieren Албански: dekoroj

гастроном повеќе

мн. гастрономи
Вид збор: Именка, машки род
Добар познавач на храната и на начините на нејзиното подготвување.
Англиски: chef Албански: gastronom

гастрономија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вештина за подготвување на разни видови јадења.
Англиски: gastronomy Албански: gastronomi

глад повеќе

(едн.) гладот
Вид збор: Именка, машки род
Чувство на потреба, неопходност од храна.
Англиски: hunger Албански: uri

глазура повеќе

мн. глазури
Вид збор: Именка, женски род
Слој од чоколада или шеќер со вода со кој се премачкуваат торти и колачи.
Англиски: icing Албански: krem

глутен повеќе

(едн.) глутенот
Вид збор: Именка, машки род
Бела леплива протеинска маса добиена од зрното на житариците што го подобрува печењето на тестото.
Англиски: gluten

говедски повеќе

говедскиот
Вид збор: Придавка
Што потекнува од говедо.
Англиски: beef Албански: lope, kau

горчлив повеќе

горчливи
Вид збор: Придавка
Што има непријатен вкус на пелин, на кинин.
Англиски: bitter Албански: i hidhur

гостилница повеќе

мн. гостилници
Вид збор: Именка, женски род
Мал ресторан во кој обично се служат традиционални јадења.
Англиски: inn Албански: gjellëtore

гостилничар повеќе

мн. гостилничари
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на гостилница.
Англиски: innkeeper Албански: mejhanexhi

готвар повеќе

Види и: готвач (м.)
мн. готвари
Вид збор: Именка, машки род
готвач
Англиски: cook Албански: gjellëbërës

готварница повеќе

Види и: готвачница (ж.)
мн. готварници
Вид збор: Именка, женски род
готвачница
Англиски: kitchen Албански: mejhane, gjellëtore

готварски повеќе

готварскиот
Вид збор: Придавка
Што служи за готвење, што е во врска со готвење.
Англиски: cooking Албански: gatimi

готварство повеќе

(едн.) готварството
Вид збор: Именка, среден род
Вештина за приготвување на јадења.
Англиски: culinary Албански: gatim, gastronomi

готвач повеќе

мн. готвачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице чиешто занимање е да подготвува јадења.
Англиски: cook Албански: gjellëbërës, kuzhinier
книга за готвење
Англиски: cookbook

готвачница повеќе

мн. готвачници
Вид збор: Именка, женски род
Просторија каде што се подготвува храна.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë

готвено повеќе

мн. готвени
Вид збор: Именка, среден род
Приготвено, зготвено јадење; спротивно од неприготвена, купечка или сува храна.
Англиски: prepared food Албански: i gatuar, i zier

готви повеќе

готват
Вид збор: Глагол, несвршен
Приготвува, прави јадење.
Англиски: cook Албански: përgatit

грав повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
самото јадење
Англиски: beans Албански: groshë, pasul

гравче повеќе

Види и: грав (м.)
мн. гравчиња
Вид збор: Именка, среден род
грав
Англиски: bean Албански: groshë, pasul, bathë

граор повеќе

мн. граори
Вид збор: Именка, машки род
Растение во вид на разгранет ползавец, со темнокафеави или црни плодови во мешунки, што се користи како добиточна храна.
Латински: Lathyrus Англиски: sweet pea Албански: grashinë, bizele

грејпфрут повеќе

мн. грејпфрути
Вид збор: Именка, машки род
Плод од тоа дрво
Англиски: grapefruit Албански: grejpfrut

гриз повеќе

мн. гризови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Ситно сомелено жито што се користи за исхрана, особено за мали деца.
Англиски: semolina Германски: Grieß Албански: bollgur

грицки повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ситна храна за грицкање.
Англиски: snack

грог повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Алкохолен пијалак со рум и врела вода.
Англиски: grog Албански: grog, pije alkoolike

гроздов повеќе

гроздовиот
Вид збор: Придавка
Што е направен од грозје.
Англиски: grape Албански: rrushi

гроздовица повеќе

мн. гроздовици
Вид збор: Именка, женски род
Ракија направена од грозје.
Англиски: grappa

грозје повеќе

мн. грозја
Вид збор: Именка, среден род
Плод на виновата лоза.
Англиски: grape Албански: rrush

гулаш повеќе

(едн.) гулашот
Вид збор: Именка, машки род
Унгарско јадење подготвено од парчиња месо и зеленчук.
Англиски: goulash Албански: gullash

гурабија повеќе

мн. гурабии
Вид збор: Именка, женски род
Ситно колаче направено од брашно, јајца, шеќер, масло, ореви и др.
Англиски: cookie Турски: kurabiye Албански: gurabi

густира повеќе

густираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде или пие полека, со уживање.
Англиски: degust Албански: shijoj

гуши повеќе

гушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чисти риба.
Албански: pastron peshkun
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - њ - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш